CRP е високо, но не е толку високо за да оди во прилог на бактериска инфекција, плус нема леукоцитоза, нема гранулоцитоза. Мене повеќе ми оди во прилог на вирусна инфекција.
Трансаминазите се пута 10 над горна граница (така да тука огромна улога игра анамнезата кај пациентот, покрај клиничката слика, што практично е невозможно да се реализира преку форумов), така што и те како мора да се јави на лекар и да се открие. Би требало уште некои параметри да се испитаат и да се направи ехо на абдомен.
Исто така и шеќерот е малку покачен. Може да се направи ОГТТ и ХгбА1ц да се испита.