Lactate Dehydrogenase Isoenzymes LDI, (или со друго име LDH)
Лактат дехидрогеназа (LDI, LDH,LD) е ензим вклучен во производството на енергија во речиси сите клетки на телото, а највисоките нивоа се наоѓаат во клетките на срцето, црниот дроб, мускулите, бубрезите, белите дробови и во крвните клетки, дури и бактериите произведуваат лактат дехидрогеназа (LDI, LDH,LD), одредувањето кој изоензим е покачен во крвта може да даде индиции за тоа каде се јавува оштетување на ткивото во телото или кои органи може да бидат засегнати.
Лактат дехидрогеназата е позната како цитоплазматски ензим што се наоѓа во сите клетки, но кога клетките се изложени на токсични ефекти, нивниот интегритет на плазматската мембрана е прекинат и LDH ензимот „протекува“ од клетките во крвотокот, па проценката на штетата се врши со мерење на LDH ензимската активност.
... со овој лабораториски тест во крвта се врши мерење на пет изоензими (кои предизвикуваат хемиски реакции на местата каде се лоцирани во различни концентрации LDH-1 се наоѓа најмногу во црвените крвни зрнца и срцевиот мускул,LDH-3 е концентриран во белите дробови, иако се наоѓа и во други ткива, но кога имаме присуство во крвта на LDH (LDI) на заболено или оштетено ткиво (на јетра, срце), дали има нарушување на крвта (анемија).
покрај овој тест LDH (LDI) мора да се направат и другите ензимски тестови:
на јатрата
- Алкална фосфатаза
- Аланин аминотрансфераза (ALT)
- Аспартат аминотрансфераза, (AST)
- Гама-глутамил транспептидаза (GGT)
на срце и скелетните мускули
- Креатин фосфокиназа или CPK
- Тропонин
- Миоглобин
... инаку резултатите од тестот LDH (LDI) може да варира во зависност од возраста, пол, коморбидитет, но покачени вредности можеби не значат дека имаме проблем, додека не се најдат покачени резултати од други ензими.
Нормалните резултати за изоензимите за возрасни:
LDH-1: 17% до 27% (срце,еритроцити)
LDH-2: 27% до 37% (леукоцити)
LDH-3: 18% до 25% (бели дробови)
LDH-4: 3% до 8% (панкреас, бубрези, плацента)
LDH-5: 0% до 5% (јетра, скелетни мускули)
Нормалните стапки се:
LDH-1 помалку од LDH-2 (обратно имаме срцево заболување, денес се применува лабораториско испитување на тропонин при инфаркт на миокард, но и вредноста на LDH-1 во 24-72ч на срцев удар се покачува максимално, да после две недели се врати во нормални вредности)
LDH-5 помалку од LDH-4
...кога LDH-1 е поголем од LDH-2, тоа не насочува на постоење на анемија, бидејќи нормално LDH-2 да е повисок од LDH-1.
...кога LDH-5 е поголем од LDH-4, тоа може да значи дека постои оштетување на јетрата или заболување на јетрата (ова вклучува цироза и хепатитис), но ако имате две болести кои предизвикале зголемување на повеќе од еден LDH изоензим, едната болест може да ја скрие другата.
-важно како лаборантот ја зема кврта од вена, која не смее да биде контаминирана со „скршени црвени крвни зрнца“, состојба наречена хемолиза, затоа што LDH ќе биде покачен токму поради тоа,
- важно да му се каже на пациентот дента пред да даде крв за анализа да не вежба или да има тешка физичка работа, затоа тоа ќе биде една од причините за покачени LDH-1, LDH-2 и LDH-5.
- важно да се каже на пациентот да не конзумира алкохол, мрсна храна, да не пие аспирин, други лекови, што може да биде причина за покачен LDH, додека примена на суплементи кои содржат Витамин Ц можат да го намалат нивото на LDH.
- дијабетичарите имаат покачен LDH исто и кај пациентите заболени од COVID-19 овој параметар е повишен, па се применува за следење на нивна клиничка слика, (лимфопенија, намален број на тромбоцити, покачени Д-Димери и протромбинско време како резултат на активирана коагулација,ниски концентрации на хемоглобин, покачен LDH, неутрофилија (зголемен број на неутрофили), ниска концентрација на серумскиот албумин, па често има потреба од давање на готов лек „хуман албумин“
* секојдневна примена на Витамин Ц делува на намалување на LDH.