Не може за овој неуспех да биде крив Инзаги. Да влезе он ако не да шутира место нив. Видал, Лаутаро х2 и Барела промашија шанси кои не се пропуштаат на вакви мечеви. Лаутаро невидено лош натпревар.
И во вакви мечеви ни фали некој како Сенси од клупа, а не Видал. Ок е Видал ама он е повеќе за кога водиме, а не кога бркаме резултат. Неповрзана е средината кога се Хакан-Брозо-Видал.
Штета, 6 бодови (Аталанта, Јуве, Милан) пропуштени. Можеше скроз друго да биде бар 2 од овие три да победевме а на сите имавме меч поен.
E, зашто екипата задњи 10 минути, последна фаза од меч, не му постоеше, зашто неаме карактер на победници сезонава, е за тие работи крив, не може ти 10 минути и јаче против физички осакатен Милан да не постоиш на терен и да си умрен.
Сезонава Интер не успеа да победи на
ниту еден сериозен тест што го имаа, еден голем натпревар не победија во Серија А и ЛШ, сеа за сеа, Шериф не ги сметам за сериозен тест, а немаа победи со Реал и Шахтјор. Во Серија А не ги победија Јуве и Аталанта дома, изгубија од Лацио гости и денес со Милан нерешено исто. Не е ова случајно, до карактерот е. Ете му ги следни Наполи дома, уште и тоа ако не го тепаме веќе глупо е да размислуваме дека клубов е способен за нешто повеќе од битка за ЛШ, too much ќе е ако и тоа не се добие.
И која му е оваа стандард измена со Бастони и Ди Марко, нормален ли е?! Ди Марко миџетот ми го става на екипа со Ибра напред, клекнат да е ќе добие воздушен дуел со него, среќа Милан ова не го искористи на крај. Сенси мораше да влезе на место на Броз или Турчинот, за да се раздвижи некако играта и да се добие на динамика и контрола на топката. И Мистеров денес бајаги промашуваше, све на све склопено денес сами се саботиравме и тоа е тоа, али ова што го глеав задњи 10 минути е нешто ново од тимов ... а е кажано у негативен контекст, не очекував дека вака ќе потонат физички и тоа против исто физички неспремна екипа, ова е само дополнителен проблем кој не ни бев свесен дека постои.