Појаснија и Мицковски и Алтернатива истото за што станува збор. Не верувам дека Левица би партиципирале во некоја Влада формирана во овој момент, ама многу е веројатно дека би поддржале некоја преодна влада со цел да се оди на избори на пролет.
Тоа сценарио би им одговарало на сите овие опозициони партии, зашто ќе имаат прилика да ги „олабават“ институциите од Сдс и Дуи и да одат на избори од позиција на власт. Мислам дека од таков развој на настаните, Дуи би била најголем губитник, под услов да не се посерат овие од АА/А и Беса.
Главната порака од ова денес им е дека овие партии сега ги диктираат условите и текот на натамошните настани.
Обезвластена и на централно и на локално ниво, без лидер, без раководство, со фракции и крила, СДСМ ќе доживе дебакл на наредните избори полош од оној 2008-ма, со голема шасна да имаат под 200.000 гласа.
Во таква ситуација ВМРО би имало 56-60 пратеници, со можност да бира кој ќе им биде партнер во новата влада.
Ако левица настапи во кампања како вистинска трета опција има и шанса тоа да биде. Затоа паметни потези сега им требаат, не да се полакомат по функции или цела кампњата да им биде напад на леш партијата од власта во заминување.


