Мешаш баби и жаби, Вапцаров е покасно, меѓувоен комунистички деец. Тие пред него да, во едно 95+% изјавувале бугарска националност. Не ги вадам од ракав, има архиви, сведоштва, документи, биографии, автобиографии.
Бугарски организации нема од пред првата половина на 19ти век никаде, па ниту во најдлабоките планини во Бугарија. Инаку да, во Македонија има 163 бугарски школи уште пред Егзархијата да постои во 1870та.
Првата бугарска црковна општина на оваа планета е формирана 1834 во Велес и Скопје.
Второто писмо на локалните христијански првенци после тоа во Враца кои што бараат бугарски владика е потпишано од Скопјани 1829 година.
Првиот бугарски преродбеник е Паисиј од Банско во 1762 година.
Пејчиновиќ уште 1816 пишува книги на некнижевен бугарски јазик од Долна Мизија на локални дијалекти скопски и тетовски.
Ами немало опортунизам жими мајката. Во услови кога во Македонија после 44та нема ниту еден јавно изјавен Бугарин со пулс и на слобода едно немање на опортунизам и слобода што да ти кажувам....
Инаку фино што ги спомна и Кочо Рацин и Вапцаров кои се двата најдобри примера за еволуцијата од бугарштината на родителите до македонизмот на децата.
Вапцаров е син на Јонко Вапцаров, фамилија која што е најблиску нешто до бугарско благородништво. Јонко бил газ и гаќи со Фердинанд и Борис, до толку што кај него дома преспивале Федринанд и Вилхелм. Самиот Никола како дете со авион одел на екскурии низ Бугарија со цар Борис. Во пиринско има изрека - Царија и Вапцарија, демек имаат цар и вапцар. Јонко според сите негови акции и пишувања е несомнено Бугарин и тоа бугарски ројалист и националист - Никола комунист и македонист.
Кочо пак од другата страна да видиме:
Бугарска крштеница
Прегледај го приврзокот 312302
Песни на бугарски
Имам некаде и слика од разгледница од Сплит што ја праќа до своите родители, но не можам никако да ја најдам на бугарски пишувана.
Решавањето на македонскиот вопрос
Прегледај го приврзокот 312303
Македонизмот како национална идеологија има само неколку мали интелектуални обии пред 20тите година на 20 век. Македонскиот регионализам и чувство на заедничка припадност секогаш постоеле, но никогаш немаат силна интелектуална позадина и критична маса се до меѓувоениот период. Македонската пак интелегенција и голем дел од населението имаат пред се бугарски идентитет или македоно-бугарски. Затоа и таа се формира толку касно, а денес можеби има толку луѓе Бугари во Бугарија со македонско потекло колку што има национално и етнички Македонци во Македонија.
Македонизмот и формирањето на македонската нација се во голема мера и природен процес кој за жал југословенските комунистички власти го обликуваат преку извртување и фалсификување.
Солунските атентатори се дел од заедничката историја и тука може да се сложам со мултиперспективноста која што ја бара македонскта страна. Македонците сакаат да го толкуваат и гледаат изворниот македонски елемент на Гемиџиите, додека Бугарите ќе ги ставаат во преден план бугарските елементи. На крајот од краиштата најпознат атентатор е Павел Шатев. Самиот Шатев има безброј пишувања за македонските Бугари, за бугарската историја на Македонија, но учествува во процесот на формирње на македонска нација и активно го поддржува нејзиното создавање. За жал тој процес на фалсификување и антибугарска пропаганда со кои не може да се согласи и се побунува против истите го чинат и неговиот живот.