P
pozdrav eden topol
Гостин
Нормално дека ќе идам во парк кога времето е убаво, но кога врне и е ладно, претендирсм прошетка во моловите, малку низ дуќани, па може нешто и окце да ми фати, но и децата да ги изнесеш од дома..што фали во Капитол, има разни игри за деца, куглана..и некогаш нејќам да седнам у кафич и да пијам било што, едноставно сакам да седнам на клупа..што проблем виде ако ставиле уште по некои штосни седишта во ист гејт..свашта од тебе.Клупите не носат пари, а зафаќаат простор, ако најдат начин да ги рентаат ќе ги има на секои 5 метри.
Баш тие се златни места за со децата, не можеш да отидеш во Градски Парк на отворено, мора да ги дишеш пувежите на уште 5000 души во мол со вентилација која го врти истиот воздух со саати. Пијачка може да пиеш на уште стотици места во градот.
За Кино одиш, се качуваш до киното, гледаш филм, ауфвидерзен, не значи ако си тргнал во кино дека треба да окапиш во молот.
Од сите трговски центри во градов, единствен во кој влегувам на неделно ниво е Веро, мал е, за пазарење во маркетот имам 2 часови паркинг без пари, аптека, дрогерија, плус за играчки и се наоѓа низ Њу Јоркер гардероба. Сите останати се непрактични грдосии во кои ќе го потрошил пола ден, и ќе претплатиш што и да купуваш.
Во молови имам влегувано во други земји, и генерално таму е поисплатливо со тоа што имаат подобри попусти, плус ќе вратиш данок.
Декатлон ми е место за облека која ја носам низ дома/тренинг, ем поефтини се производи со солиден квалитет, ем си враќаш данок.
Но и таму, 1-2 пати во годината ми се денови за такви пазарање, одам, купувам се што ми треба за нареден период, и не помислувам да се ашкам по облека во следните мин 6-12 месеци.



