Навивачки групи во Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hooligan
  • Време на започнување Време на започнување
Не можеше во подобар момент да дојде утакмицава. Штета што е работен ден ама има втеме до 24ти да се земат слободни :vozbud:
Џабе една трибина има ќе ве врнат од пред Битола
 
Ги вратиле само тие што не сакале да стигнат :icon_lol:
Гледам стигнавте во Струга на дерби со чкембари 3 години по ред изгледа автобусот ви е расипан
 
На ракомет не идеме во скопските населби, не пак Струга. Терајте деца филмот да не ви ги бутнеме заставите пак.
 
Гледам стигнавте во Струга на дерби со чкембари 3 години по ред изгледа автобусот ви е расипан
Во Струга на ДЕРБИ? :D Какво е тоа дерби?
Да, настанот е добар од навивачки план, ама проблемот тука не се Чкембари, туку политиката на Комити да не се навива на ракомет, освен на поважни натпревари (дискутирано милион пати на темава). Како група никогаш не сме оделе на тој турнир, имаше исклучок неколку години кога повеќе одеа одредени подгрупи кои во моментот биле на одмор во околината. Ако не се лажам, никогаш немало организиран превоз за турнирот. Лично, никогаш не сум присуствувал на турнирот, ниту планирам во иднина.

Делумно се согласувам и со @VardarVoSrceto. Тоа што го кажа можеби е изводливо за викенди, ама тешко во работна недела. Во работна недела, во 13 часот, нема група што ќе извади бројка која би ги заобиколила плановите и би влегла на стадион. Тоа би се остварило само во соработка со Чкембари, слично на оној пат кога дојдоа во Ѓорче или како сега што ги пуштивме Рибари (без оглед на ќотекот што го изедоа благодарение на чаламењето на нет :D).
 
Шала на страна, мислам дека е многу тешко изводливо во среда во 13 саат да се организира и да се присуствува на гостовање во битола. Повеќето постови во темава ми се провокација и заебанција. Реалност е дека чкембари не се наивна група и мислам дека успешно би спречиле такво нешто. Да е викендашки, кога целото членство може да присуствува, друг е муабетот. Вака многу тешко. Како и да е ќе видиме, има време до 24ти.
 
Би сакал да е обратно ама не гледам ни најмали шанси да ви се дозволи гостување во Битола. Има само една функционална трибина на која нема обезбедено место за гостински навивачи. Да пробате да се самоорганизирате и да дојдите ненајавени, натпреварот се игра во Среда- работен ден, многу луѓе нема да можат да дојдат а и реално никој не би одел со глата во ѕид кога не е изводливо да се појавиш на иста трибина кај најголем ривал каде сигурно ке бидиш нападнат а богами ни полицијата нема да биди љубезна ни со пендрак ни со предновогодишни честитки.
Нас ни дозволија дури се градеше градски (тогаш бев убеден дека ке не клат на јужна) ама таму трибината е многу поголема и претходно полицијата веќе имаше се испланирано и обезбедено. Мислам дека тогаш само шо влеговме имаше некаков "напад"и се фрли со бакла, а на полувреме имаше обострано лаење во подтрибинскиот простор
 
Кога треба да се пушти во употреба новата трибина, и дали постои опција да се направи исклучок да гостуваат Комити на таа трибина?
 
Не дека има кој знае колку работа..., треба столчина и други "ситници" за кои има муабети дека не се вметнати во овој дел од изградбата и за кој новата локална управа треба да изгласа дополнителни сретства. Реалноста да ви дозволат присуство според мене = 0. Обејктот сеуште не е обезбеден, има машинерија плус нашите политичари да си дозволат пуштање во употреба на вака поголем зафат без сечење лента, сликање и курчење...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom