Смешно е вака од страна кога се гледа, каков левел на некомпетентност покажа оваа гарнитура на Сдсм. Добија власт на тацна, по нула нивна заслуга, со дизајнирана коалиција, политички насоки и претепана опозиција. За 5 години успеаа да се распаднат од внатре, ко по обичај, и да извадат катастрофални резултати, додека пола нивно претенциозно членство ги бојкотира.

Иначе, не го делам скептицизмов, мислам дека дефинитивно ЗЗ оди во историјата. Не гледам опција во која останува премиер.
Ова не е само ради политички пресметки, туку бегање од политичка одговорност за она што следи. Доста проблематични денови ја чекаат државава следните месеци, веројатно и цела година. Никој не сака сега почитичкиот багаж од тој период да го носи на грб.
Тоа што е битно, полека ќе почне промена и на екипиве на форумов. Ќе се сменат групите што играат напад и одбрана, таман да биде поинтересно.