...една капка вода не е ништо,но реката не може без неа
...не сметаш дека и човештвото е еден таков пример?
...нити Исус ќе се врати,нити коренот на неговото првично доаѓање личеше на шпанска серија
Интересна споредба.
Дебатата ќе ја однесам во друг правец за да подобро се разбере што е поединец, а што човештво или во твој жаргон капка и река.
Ќе дадам мислење преку една многу силна човечка емоција, љубов!
Љубовта се појавува кога нештото не е комплетно/целосно...по било кој основ, духовен или телесен(маж-жена).Но, со појавување на љубовта неизбежна е и спротивноста гневот/омраза.
Тие две спротвности ја хранат човековата душа.Некој со љубов други со гнев, небитно, секој гледа да го исполни тој недостаток во душата.Но, залудно.
Додека духот /бог , нема никаков недостаток истиот нема потреба од љубов бидејќи тој е љубов.
Каква е таа љубов?
Може со споредба да опише, на многу едноставен начин.
Кој смртник негува или изразува толку силна љубов како што може да сака друга личност кон водата?
Нема облик, мирис ниту вкус.Таа е на небото, на земјата и под земјата.Може да биде тврда и мека(телесна споредба), ја гаси жетта, ја чисти нечистотијата, дава живот.Дури и во неа се обликува човекот и тој е едно со неа.
И се наоѓа во секој човек!
Сепак, за да се здобие со таква љубов човек треба да биде идентичен со водата, безличен, тогаш се пополнува тој недостаток исполнувајќи ја празнината во душата.
Таа љубов е поразлична од љубовта која сега смртниците ја искажуваат.
Сега твоето прашање...
...една капка вода не е ништо,но реката не може без неа
...не сметаш дека и човештвото е еден таков пример?
Ниту капката, ниту реката не се оделени, ниту некој е помалку или повеќе битен.
Како што е во длабочината во морето истото е и во капката вода, нема разлика.
А се додека човек размислува поинаку и се води по љубовта од сопствениот недостаток, ќе има спротивност на еден човек -Исус ,а од друга човештвото.
Затоа мора да дојде.
