Оптички интернет во цела Македонија

Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Ај малку сакам да видам и ваше мислење, за планот на АЕК за до крајот на оваа година секое домаќинство да има пристап на интернет до 30 Mbps.
Чиста утопија.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557

https://aek.mk/wp-content/uploads/2021/04/20210406-Finalna-analiza-na-brzina-za-pristap-do-internet.pdf
Според овој финален документ во кој е претставена анализата за брзина на пристап на фиксниот интернет, накратко можам да заклучам дека повеќе од 115 семејства имаат пристап на интернет 20 mbps <=download<30 mbps, а имаме 163 701 домаќинство вкупно што има од 4 мбпс до 16 мбпс брзина на пристап. 64034 имаат пристап на интернет од 4мбпс до 8 мбпс, 75 844 имаат пристап на интернет од 8 мбпс до 12 мбпс и 23 823 имаат пристап од 12 мбпс до 16 мбпс. Според ова можам на крај да заклучам дека ништо од минималната загарантирана брзина од 30 мбпс до крајот на оваа година. Телеком го штити држава, оти е под нејзина закрила и тој има секаде интернет преку бакарните жици. А1 и останатите се шлипаат на него и ја користат неговата инфраструктура со што му плаќаат одреден надоместоци. ВДСЛ-от на Телеком е достапен не само во градовите туку е и по селата, но во некои села сеуште нема поставено ВДСЛ базни станици и тие луѓе за жал не е по нивна војла имаат лоша брзина која е уште полоша заради временските услови. Во моето населено место има поставено вдсл базна станица, имаат Кабелнет пуштено *секаде од нивната ХФЦ мрежа која е земена за поефтино и тие се во ќар и знае некогаш по неколку пати во месецот овде каде што се наоѓам на раскрсницата да се качуваат и да прештеловаат и така си тераат тие, но сепак поставија. А1 имаат одлични услови да просперираат со бежичниот интернет бидејќи сегде каде човек да се наоѓа па дури и на планина имаат мрежа, само треба да ставаат 1ТВ лимит и брзина пример: 30/5, па да има 2ТВ брзина 50/15 и 3ТВ со брзина 100/50, и цените да се како што се сега 700, 800 и 1100 денари. Кај мене достигнува брзина некаде до 70/80 мбпс download и 5/25 upload. Јас мислам дека треба народов малце да се запни и да се избори за подобар интернет, а телеком за безжичен не барајте, читав и со безжичниот немаат никаков осет.
Имајте пријатен дел и очекувам и ваши мислења на оваа тема.
Со последниот закон што го донесоа за забрана на опрема од Хуавеи, ЗТЕ ќе се радувате и со 20че ако ви пуштат. Треба пола опрема да ја исфрлат од мрежа.
Инаку теоретски е ова задоволено, 4г боксовите се третираат под фиксни услуги во самите оператори, а на 4г имаш секаде 30мбпс
 
Член од
20 април 2019
Мислења
7
Поени од реакции
2
Wow znaci 2022 stignavme a vetuvanjata do kraj na 2020 da ima minimum 30 Mbps internet brzina na cela teritorija propadnaa vo nepovrat, da vi se pluknam vo investiciite nema nisto od ovaa drzava eden na drugi ke se potplatat i ajde sisaj ovci. Stramota cista, bravo na Telekom i A1 i site drugi na red a posebno ovie golemive operatori, samo vetuvanja i nisto drugo kako i politicarive, super.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Wow znaci 2022 stignavme a vetuvanjata do kraj na 2020 da ima minimum 30 Mbps internet brzina na cela teritorija propadnaa vo nepovrat, da vi se pluknam vo investiciite nema nisto od ovaa drzava eden na drugi ke se potplatat i ajde sisaj ovci. Stramota cista, bravo na Telekom i A1 i site drugi na red a posebno ovie golemive operatori, samo vetuvanja i nisto drugo kako i politicarive, super.
Приватно-јавно партнерство е солуција за вакво нешто.
Или ако се дава на приватни лица тогаш треба да се направат промени во закон за градење и катастар на недвижности, бидејќи со моменталната регулатива ќе се окозат да извадат решенија за поставување и уште помалку ќе упишат инфраструктура во катастар.
Од друга страна пазарот е многу слаб, пола домови во периферијата се празни, па затоа е добро да се гради една централна инфраструктура и истата да се рента на сите заинтересирани оператори.
Такво нешто може да се изгради само од државата, или пак од државата плус приватник инвеститор. На тој начин ќе имаш поголема контрола дека ќе се бараат резултати, а воедно и ќе бидат потребни помали кредити за да се изгради.
Со моменталната политика нема никогаш да се изгради.
 
Ова никад нема да помине кај нас... Инаку се решава многу лесно. Кога општината прави инфраструктура доволно е да известира во една поголема цевка покрај патот и да ја крси телекомуникациска магистрала :)
Ако немаш инвестиција да копаш и да се занимаваш со документација трошокот за црево и кабел секој ќе прифати без проблем. Општината може да дефинира месечен надомест за користење и ќе има дополнителен приход.
Проблемот во урбаните средини е што телеком оператори функционираат како политички партии. Исклучително прљава комуникација. Еве идиотски пример: кога се прави зграда зошто да нема заедничка инвестиција во вертикала и пристап до секој стан? Да има концентрација на едно место и активација културно да биде само со обично прештекување? Е, неее мој кабел си е мој кабел.. Ќе бушиме плочи посебно, ќе малтретираме цела зграда. Најмал проблем е дали некој друг ќе влезе. Можеби треба извесно време ама и друг оператор ќе направи свои инсталации.
На крајот на денот, нека земе корисник тој со најдобра понуда а инвестициите ќе се оптимизираат и ќе може да се инвестира на места каде нема инфраструктура.
 
Со оптиката ќе дојде ред и за една инсталација, веќе имаше дел од измените, а бидејќи 90% од законите ги копираат од Хрватска ќе дојде и тука, таму го донесоа тој закон пред 2-3 години. Физички ќе градат 2-3 оператори, а преку нивна мрежа ќе може да нуди пакети и друг оператор.
Кај коакс е потешко да рентаат, не користат сите иста модулација и ист бранов опсег за тв и нет, па само физички 1 поголема дупка/две една до друга со иста каналница.
Кај оптика само да прелепат/препачираат во ормар/спојница и вози Мишко.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450

Решението ти има само една клучна, критична, проклета општествена маана: прост народ.

Дури и ако твоето решение за инфраструктура покрај улицата биде реализирано - а одлично решение е` - на крајот треба да се донесе крајниот оптички телекомуникациски приклучок во станот на крајниот корисник. Куќа не е проблем, ако сака нека повели, ако не сака негов проблем, но во станбена зграда каде што се јадат едни со други за секакви ситници, таквото решение е практично неизводливо.

Па дури и да речеме законски да стане обврска да се донесе крајниот оптички телекомуникациски приклучок до секој стан, без разлика дали некогаш воопшто ќе го користи таквиот приклучок или не, при наредното реновирање или продажба на станот на нов сопственик, електричарите, ѕидарите, гипсарите и сите останати мајстори кои допрва ќе го кренат станот во воздух, и се разбира клучниот играч - сопственикот на станот - за да си го ослободат теренот за работа ќе го скинат оптичкиот кабел без да им е гајле за последиците.

Колку пати сум бил во тазе реновиран стан и ќе сум му кажел на корисникот дека сепак ќе мора да се буши, кога ќе им се стемнело мило ми било ако на крајот откажеле, бидејќи немам нерви да се замарам со пицајзли.

Па дури и да се воведат казни за кинење на доводен кабел внатре во стан, никогаш нема да им дојде памет, ако сакаат да го скинат, ќе го скинат, па после техничарите од телекомуникацискиот оператор или од приватниот подизведувач за телекомуникацискиот оператор нека му ја мислат.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Со оптиката ќе дојде ред и за една инсталација, веќе имаше дел од измените, а бидејќи 90% од законите ги копираат од Хрватска ќе дојде и тука, таму го донесоа тој закон пред 2-3 години. Физички ќе градат 2-3 оператори, а преку нивна мрежа ќе може да нуди пакети и друг оператор.
Кај коакс е потешко да рентаат, не користат сите иста модулација и ист бранов опсег за тв и нет, па само физички 1 поголема дупка/две една до друга со иста каналница.
Кај оптика само да прелепат/препачираат во ормар/спојница и вози Мишко.
Ме радува дека во Скопје и постојат веќе такви зградички ама сеуште во незначително мал број. Тука е најмногу во право @Dexter26 кога спомнува прост народ и тоа ни е најголемиот проблем. Само едно мало дополнување: не е само до народот и операторите се посебна приказна... Се дешава оператор да стави неколку празни црева кои реално никад нема да ги искористи само за да „пополни“ канали наменети за телекомуникации и да не може друг оператор да ги користи :)
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Ме радува дека во Скопје и постојат веќе такви зградички ама сеуште во незначително мал број. Тука е најмногу во право @Dexter26 кога спомнува прост народ и тоа ни е најголемиот проблем. Само едно мало дополнување: не е само до народот и операторите се посебна приказна... Се дешава оператор да стави неколку празни црева кои реално никад нема да ги искористи само за да „пополни“ канали наменети за телекомуникации и да не може друг оператор да ги користи :)
Со инвеститорите тоа е посебен проблем и ќе го има уште долго време, пред се не разбираат што треба да се направи, а второ никој не им бара мерења од отдр/пауер метар за да им потпише технички прием. И 50 оператори да одат по еден кабел е џабе ако некој не го изведе како што треба.
Приватните оператори може да имаат и по 50 црева, ако не сакаат да ги рентаат нема како да ги натераш.
Главниот проблем лежи во државата, дури и во ДУП-овите телекомуникациите се ставаат проформа и од она што ќе достави Телеком.
Кога го продаваа Телеком го продадоа со се инфраструктурата, па после пробаа да ја национализираат истата со законот за легализација.
Требаше физичката инфраструктура да не се продава, да се направи ново тело кое ќе ја менаџира исклучиво таа инфраструктура (ете шанса и за многу вработени), да има олеснувања специјално за тоа тело во законските регулативи за изградба/упис под назнака „општо добро“ и во тој случај државата ќе имаше математика да инвестира во изградба на инфраструктура дури и во најотепаните краеви, а самиот сервис ќе го нудеа приватници со рентање на канализација/кабли.

Сега никој не е луд да направи нешто кое ќе има поврат на пари од 20-30 години, тој приватникот е дојден за да направи пари, а не за да не спонзорира оти ние сме сиромаси.
 
Член од
2 април 2007
Мислења
23
Поени од реакции
45
и сеа кој нуди најдобро решение за оптички интернет у државава, ајде Скопје мање-више, главен град, „мора“ да биде све „беспрекорно“ (иако не е) ама општо у државава ме интересира ваше мислење.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.036
Поени од реакции
500
Дали знае некој кои се Optic Net? Гледав кола со ресенски таблици како стваат оптика па ме интересира кои се и од каде се и што нудат
 
Kajgana Shop

На врв Bottom