Оптички интернет во цела Македонија

Член од
20 октомври 2020
Мислења
253
Поени од реакции
102
Прво пробај да се конектираш со кабел и види дали ќе имаш мака со сецкање и на тој начин (вифито е прв и најчест проблем).
Второ ако веќе мораш ти да стримаш или шеруваш скрин тогаш: опција 1 да си платиш пакет со повеќе од 1мбпс upload (имаш со 3 или 5 кабелски) и тој ќе ти биде доволен, а опција 2 да си ставиш оптички интернет.
Автоматски споено мислење:


Доксисот е ефтин за долгорочно одржување, но како и да се свртиш секогаш ќе биде инфериорен во однос на оптиката.
4.0 за да се пушти на терен не се менува само модемот, туку се менува и целата активна опрема, т.е засилувачи, картици на убр, нодови, филтри, сплитери, што практично е повеќе од пола инвестиција.
FTN ти е доксисот што го гледаш тука, т.е од станица до нод имаш оптички кабел, а потоа коаксијалец.
Пробав со ethernet кабел и иако е „ок“, не е нешто посебно, не е како што беше. Мислам дека е до Телекабел проблемот. А и рутер нов скоро земав(Tenda_49E940).
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.918
Пробав со ethernet кабел и иако е „ок“, не е нешто посебно, не е како што беше. Мислам дека е до Телекабел проблемот. А и рутер нов скоро земав(Tenda_49E940).
Измери на speedtest.net брзина, ама закачен со етернет кабел и ќе видиш каква е ситуацијата, ако не бива со него барај друго чаре.
 
Член од
20 октомври 2020
Мислења
253
Поени од реакции
102
Измери на speedtest.net брзина, ама закачен со етернет кабел и ќе видиш каква е ситуацијата, ако не бива со него барај друго чаре.
Затоа и ти кажав дека пробав со кабел. Измерив со и без на Ookla и ми дава едвај 15mbps, едвај... А јаката работа е што Телекабел за пакетот на кој сум, ветува до 30mbps. Немора да биде баш 30 али упола?
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.918
Затоа и ти кажав дека пробав со кабел. Измерив со и без на Ookla и ми дава едвај 15mbps, едвај... А јаката работа е што Телекабел за пакетот на кој сум, ветува до 30mbps. Немора да биде баш 30 али упола?
Ако правиш stream/share побитно ти е колку е upload, во твојот случај не верувам да е повеќе од 0.7мбпс (1 теоретски на пакет) + веројатно има и повисоки ping/latency, со 15мбпс ако немаш и други уреди на истиот рутер би требало дa ти влече и HD снимка (околу 8 се сосема доволни за ова).
 
Член од
20 октомври 2020
Мислења
253
Поени од реакции
102
Ако правиш stream/share побитно ти е колку е upload, во твојот случај не верувам да е повеќе од 0.7мбпс (1 теоретски на пакет) + веројатно има и повисоки ping/latency, со 15мбпс ако немаш и други уреди на истиот рутер би требало дa ти влече и HD снимка (околу 8 се сосема доволни за ова).
Тоа е проблемот еве денеска полагав колоквиум и морав да го поврзам лаптопот за 4G од друг телефон. Моето WIFI „теоретски“ би го издржало тоа да не се поврзани на него повеќе уреди. По дома сме со 4 телефони и 2 лаптопа, затоа амин XD.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.918
Тоа е проблемот еве денеска полагав колоквиум и морав да го поврзам лаптопот за 4G од друг телефон. Моето WIFI „теоретски“ би го издржало тоа да не се поврзани на него повеќе уреди. По дома сме со 4 телефони и 2 лаптопа, затоа амин XD.
Одврзи новчаникот за друг пакет или оптика (немој 20/20 пак ќе ти биде малку, барем 40/40).
 
Член од
20 октомври 2020
Мислења
253
Поени од реакции
102
Одврзи новчаникот за друг пакет или оптика (немој 20/20 пак ќе ти биде малку, барем 40/40).
Колку е од прилика разумна цена за тоа. Не за друго, прашувам затоа што не сакам да ме стрижат како овца. Ако знаеш за некој добар провајдер(понуда) за добра цена, каши.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.918
Колку е од прилика разумна цена за тоа. Не за друго, прашувам затоа што не сакам да ме стрижат како овца. Ако знаеш за некој добар провајдер(понуда) за добра цена, каши.
Не сум во тек со пакети, провери на страните на провајдерите што ги имаш во твоја населба.
 
Член од
20 април 2019
Мислења
7
Поени од реакции
2
Да се постави оптика е огромна инвестиција... АЕК има нелогични барања и правилници. Зошто Телеком би поставил оптика до некое село кај што може да има потенцијални 2 корисници а ќе инвестира над 100000еур?
Многу е лесно вака на хартија да се напише правилник како да живееме во Сингапур...
Самиот сум свесен колку е потребно да се инвестира за оптика, и јас живеам во село но градот Дебар е блиску и за таму оптиката е само на неколку места. Се надевам на оптика уште од 2012 година некаде не се сеќавам баш која ја поставија мапата на покриеност. Долго подоцна сеуште немам осетено Fiber internet speeds. Но би се задоволил и со ВДСЛ, направив барање и за тоа бидејќи сум на новата Магента М 30Mbps со 5Mbps, и дури ни тоа не е достапно во мојата општина а неколку км подалеку во планинско село имале поставено централа додека во општинава Не. По која логика го направиле тоа незнам, а за побарувачка да не се лажеме секој сака побрз интернет, но ретко кој од нормалните корисници знае каква брзина имаат, зборувам за фамилии што го користат за WhatsApp i MaxTV. Додека ние помладиве што го користиме за Gaming, 4K Streaming i 4K Movie Downloads заедно со download на една модерна игра, ех нас ни треба нешто побрзо. Заради тоа се интересираме. 4G Lte им е за пофалба, во моето место доаѓа и до 90Mbps.
Автоматски споено мислење:

Па дури и да емитува звучни и/или видео записи преку Интернет, со Docsis 4 кабелски Интернет ќе ги добие истите симетрични Интернет брзини кои би ги добил и преку оптички Интернет, а нема да мора да му се пуштаат нови кабли, туку само да му се даде нов рутер на користење.

Тоа е убавината на кабелскиот Интернет, каблите слободно може да бидат стари и 20 години - кај мене дома конкретно се стари 18 години - а само нова опрема треба да му се даде на корисникот за да добие побрз кабелски Интернет.

Само треба да им текне на А1 Телеком да се нафатат на таква инвестиција и да воведат Docsis 4 кабелски Интернет, не само што ќе му станат конкурентни на Македонски Телеком со таква инвестиција, туку и во најоддалечените села во кои нудат кабелска телевизија ќе можат да нудат Docsis 4 кабелски Интернет со симетрични Интернет брзини исто како и кај оптичкиот Интернет.

Ако ме прашуваше некој мене пред октомври 2017, ќе речев дека оптичкиот Интернет нема конкуренција. Но откако беа воведени техничките спецификации и стандарди за Docsis 4 во октомври 2017, слободно можам да кажам дека за кабелските оператори Docsis 4 е поисплатлива инвестиција отколку оптичкиот Интернет. Секако дека ќе мораат да продолжат да инвестираат во оптичка телекомуникациска мрежа, но во случајот со Docsis кабелскиот Интернет, оптичкиот кабел не завршува кај крајниот корисник, туку завршува во најблиската локална телекомуникациска централа, од каде што Интернет сигналот продолжува и завршува кај крајниот корисник преку коаксијален кабел.

Особено во Македонија, каде што корисниците се претежно несериозни - безброј пати сум се враќал кај корисници кои се жалеле на лош оптички Интернет, за да испадне дека го превиткале оптичкиот кабел, а оптичкиот кабел многу лесно се оштетува и се кине при превиткување - коаксијалниот кабел е поиздржливо решение, ем не може да се исече со обичен нож или со ножици како оптичкиот кабел, ем не се кине така лесно при превиткување или ако му ставиш мебел или било што тешко врз самиот кабел. Кај мене дома имам превиткан коаксијален кабел, па си работи одлично повеќе од 18 години.

Секако дека оптичкиот Интернет е најисплатлива инвестиција на долг рок, но од економска гледна точка, многу поисплатливо за кабелските оператори е да копаат и да пуштаат подземни црева и доводни оптички кабли до локалните телекомуникациски централи, па од таму да продолжуваат и да завршуваат кај крајните корисници со коаксијални кабли, особено со Docsis 4 кабелскиот Интернет кој ги нуди кристално истите симетрични Интернет брзини како и оптичкиот Интернет.

Коаксијалниот кабел е полесен за одржување во случај на кинење, додека оптичкиот кабел бара ептен внимателност и грижа, тоа е една од главните причини зошто постарите техничари вработени во Македонски Телеком - не во приватните фирми подизведувачи, туку во Македонски Телеком, баш тие со решение за работен ангажман на неограничен временски период - не сакаат да работат на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком. Прифаќаат налози за менување на неисправна опрема или за местење на дополнителна опрема, како на пример втор/трет/четврт/петти рисивер, но бушење по станови и спроведување на оптички кабел, или отстранување на пречки од типот на лош сигнал или скинат оптички кабел, за нив е исто како и темјан за ѓавол, бегаат веднаш во 5-та брзина од такви налози.

Ако им текне на А1 Телеком да инвестираат во Docsis 4, еве добар пример како ќе го престигнат Македонски Телеком: во 2016 година во Радишани, тогашен Вип поставуваше подземни црева и доводни оптички кабли до нивните тамошни локални телекомуникациски централи.

Македонски Телеком најверојатно ќе почне да ја проширува својата оптичка телекомуникациска мрежа кон Радишани во 2021 година, веќе го имаат покриено Бутел 2 и повеќе од половина Бутел. Но доколку А1 Телеком воведат Docsis 4 во 2021 година, веднаш ќе можат да почнат да нудат Docsis 4 кабелски Интернет во Радишани со симетрични Интернет брзини исто како кај оптичкиот Интернет, а нема да мораат да пуштаат нови кабли. Доколку А1 Телеком имаат пуштено доводни оптички кабли и до своите локални телекомуникациски централи во Скопска Црна Гора, со Docsis 4 кабелски Интернет ќе го престигнат Македонски Телеком и таму и сигурно ќе бидат ненадминлива конкуренција барем во наредните 2 години, ако не и подолго - во зависност од тоа кога Македонски Телеком ќе ја прошири својата оптичка телекомуникациска мрежа кон Скопска Црна Гора.

Но останува прашањето дали воопшто ќе им текне на А1 Телеком да воведат Docsis 4 кабелски Интернет или ќе се фокусираат исклучиво на проширувањето на нивната оптичка телекомуникациска мрежа - што секако дека е најисплатлива инвестиција на долг рок, но во меѓувреме, на краток рок, најисплатлива инвестиција би им било воведување на Docsis 4 кабелски Интернет.



Доколку имаш техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, А1 Телеком или Неотел на твојата адреса на живеење, оптичкиот Интернет ти е најдобрата опција. Доколку оптичката телекомуникациска мрежа на Телекабел е достапна на твојата адреса на живеење, слободно отпиши ги, за нив само поплаки се имам изнаслушано.
Ме интересира за ова кабловски интернет на А1, достапно е насекаде и дали лесно се поставува доколку побараме неколку корисници?
 
Последно уредено:
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Самиот сум свесен колку е потребно да се инвестира за оптика, и јас живеам во село но градот Дебар е блиску и за таму оптиката е само на неколку места. Се надевам на оптика уште од 2012 година некаде не се сеќавам баш која ја поставија мапата на покриеност. Долго подоцна сеуште немам осетено Fiber internet speeds. Но би се задоволил и со ВДСЛ, направив барање и за тоа бидејќи сум на новата Магента М 30Mbps со 5Mbps, и дури ни тоа не е достапно во мојата општина а неколку км подалеку во планинско село имале поставено централа додека во општинава Не. По која логика го направиле тоа незнам, а за побарувачка да не се лажеме секој сака побрз интернет, но ретко кој од нормалните корисници знае каква брзина имаат, зборувам за фамилии што го користат за WhatsApp i MaxTV. Додека ние помладиве што го користиме за Gaming, 4K Streaming i 4K Movie Downloads заедно со download на една модерна игра, ех нас ни треба нешто побрзо. Заради тоа се интересираме. 4G Lte им е за пофалба, во моето место доаѓа и до 90Mbps.
Автоматски споено мислење:


Ме интересира за ова кабловски интернет на А1, достапно е насекаде и дали лесно се поставува доколку побараме неколку корисници?
Телеком има сериозни планови со овој дел. Наскоро.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.210
Поени од реакции
4.951
Здраво,
Ми треба нешто материјали, насоки и се друго е добредојдено во врска со Radio over fiber (RoF). Секоја препорака е ок.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.684
Поени од реакции
2.520
Некој од Демир-Хисарски регион да предложи провајдер со понуда поголема од М. Телеком т.е 12/мбс? Прашав во Телеком за оптика, викаат не е можно засега.

Неколку души прашав што се на оптика од Телекабел се жалеа дека е нестабилен, постојано му се губел сигнал, иначе имаат 30/10.
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
703
Поени од реакции
722
А1 Македонија нудат VDSL интернет пакет со брзина 50/10 Mbps, неограничен сообраќај ( овој интернет пакет е обезбеден преку широкопојасна опрема обезбедена од друг оператор ,,Македонски Телеком" и по негово барање се става лимит.) Сепак треба да се праша дали може да се користи во регионите каде што А1 нема кабелска достапност. Исто така нуди и три оптички пакети: 30/30 за 699 денари, 50/50 за 799 денари и 100/100 за 1099 денари, Вклучен сообраќај 1ТВ.
Сепак треба да појдете во салон и таму да се информирате.
Исто така треба да се напомене дека до 2030 година мсм, треба да биде покриена целата територија на Македонија со супер брз оптички интернет.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.501
Поени од реакции
11.568
А1 Македонија нудат VDSL интернет пакет со брзина 50/10 Mbps, неограничен сообраќај ( овој интернет пакет е обезбеден преку широкопојасна опрема обезбедена од друг оператор ,,Македонски Телеком" и по негово барање се става лимит.) Сепак треба да се праша дали може да се користи во регионите каде што А1 нема кабелска достапност. Исто така нуди и три оптички пакети: 30/30 за 699 денари, 50/50 за 799 денари и 100/100 за 1099 денари, Вклучен сообраќај 1ТВ.
Исто така А1 Телеком ги нуди истите тие оптички пакети и преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, што значи дека ако има техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком на одредена адреса, тогаш на истата конкретна адреса ќе може да се користи било кој од тие оптички пакети од А1 Телеком преку оптички телекомуникациски приклучок од Македонски Телеком со рутер даден на користење од страна на Македонски Телеком.

Исто така треба да се напомене дека до 2030 година мсм, треба да биде покриена целата територија на Македонија со супер брз оптички интернет.
Широкопојасен, а не оптички, а Интернет брзините мораат да бидат симетрични и не помали од 100 мегабита (12.5 мегабајти) во секунда за домаќинствата, и не помали од 1 гигабит (125 мегабајти) во секунда за сите јавни институции.

Широкопојасен Интернет може да се постигне преку повеќе различни методи - мобилна телекомуникациска мрежа, оптичка телекомуникациска мрежа, коаксијална телекомуникациска мрежа, сателитска телекомуникациска мрежа, па дури и застарената бакарна DSL мрежа исто така спаѓа во групата на широкопојасни Интернет мрежи.

Колкав е капацитетот на било која конкретна широкопојасна Интернет мрежа е веќе друго прашање.

Од гледна точка на исплатливост, DOCSIS 4 нуди симетрични Интернет брзини исто како и кај оптичката телекомуникациска мрежа без потреба од поставување на нови кабли кај корисниците, но сепак со задолжителна потреба од поставување на нова опрема како кај корисниците и во централите, така и на преспојните точки каде што завршуваат доводните оптички кабли од централата, а каде што сигналот продолжува кај крајниот корисник преку коаксијален кабел.

Ова е исплатливо на долг рок за помалите локални и регионални кабелски оператори, додека за поголемите телекомуникациски оператори од типот на Македонски Телеком и А1 Телеком, секако дека оптичката телекомуникациска мрежа е најисплатливата опција.
 
Последно уредено:
Член од
9 јануари 2021
Мислења
703
Поени од реакции
722
Ај малку сакам да видам и ваше мислење, за планот на АЕК за до крајот на оваа година секое домаќинство да има пристап на интернет до 30 Mbps.
https://aek.mk/wp-content/uploads/2021/04/20210406-Finalna-analiza-na-brzina-za-pristap-do-internet.pdf
Според овој финален документ во кој е претставена анализата за брзина на пристап на фиксниот интернет, накратко можам да заклучам дека повеќе од 115 семејства имаат пристап на интернет 20 mbps <=download<30 mbps, а имаме 163 701 домаќинство вкупно што има од 4 мбпс до 16 мбпс брзина на пристап. 64034 имаат пристап на интернет од 4мбпс до 8 мбпс, 75 844 имаат пристап на интернет од 8 мбпс до 12 мбпс и 23 823 имаат пристап од 12 мбпс до 16 мбпс. Според ова можам на крај да заклучам дека ништо од минималната загарантирана брзина од 30 мбпс до крајот на оваа година. Телеком го штити држава, оти е под нејзина закрила и тој има секаде интернет преку бакарните жици. А1 и останатите се шлипаат на него и ја користат неговата инфраструктура со што му плаќаат одреден надоместоци. ВДСЛ-от на Телеком е достапен не само во градовите туку е и по селата, но во некои села сеуште нема поставено ВДСЛ базни станици и тие луѓе за жал не е по нивна војла имаат лоша брзина која е уште полоша заради временските услови. Во моето населено место има поставено вдсл базна станица, имаат Кабелнет пуштено *секаде од нивната ХФЦ мрежа која е земена за поефтино и тие се во ќар и знае некогаш по неколку пати во месецот овде каде што се наоѓам на раскрсницата да се качуваат и да прештеловаат и така си тераат тие, но сепак поставија. А1 имаат одлични услови да просперираат со бежичниот интернет бидејќи сегде каде човек да се наоѓа па дури и на планина имаат мрежа, само треба да ставаат 1ТВ лимит и брзина пример: 30/5, па да има 2ТВ брзина 50/15 и 3ТВ со брзина 100/50, и цените да се како што се сега 700, 800 и 1100 денари. Кај мене достигнува брзина некаде до 70/80 мбпс download и 5/25 upload. Јас мислам дека треба народов малце да се запни и да се избори за подобар интернет, а телеком за безжичен не барајте, читав и со безжичниот немаат никаков осет.
Имајте пријатен дел и очекувам и ваши мислења на оваа тема.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom