Темава сеуште 2017/18
Послабо пратам сезонава, неам појма што се дешава со Ефес, зошто се олку слаби, иако ростерот е воглавно тој. Шанли им замина во Барса, тој беше клучот за победа против Барса и одма трансфер кај нив.
Моментално најдобра е Барса, ова ќе се менува многупати ваљда во текот на сезоната, како лани во плејофот кога Миротиќ заборави да игра кошарка и од најдобар стана најслаб играч, ама сигурно ќе е во топ 4 фаворити за титула.
Милано гледам има ептен јак ростер, јак тренер и тие треба да се во топ 4.
Реал пак го гледам составот и се чудам како имаат вака добри резултати, најслаб тим имаат откако ги пратам. Ги собрале Ертел, Ханга, Порие, па чак и Вилијамс Гос што беше во Партизан и уште некој Француз за мене непознат, онака многу просечен состав ми изгледа, но не значи дека ако имаш еден куп ѕвезди ќе направиш успех, па којзнае, можда ќе се замешаат и тие за ф4.
Фенер топло-ладно, сеуште не се на ниво, ќе видиме Сале до кај ќе ги однесе.
ЦСКА стандард јаки ваљда, го собрале Швед конечно и фураат.
Тоа е онака површно за главниве екипи, инаку Звезда изгледаат многу солидно, вратија доста бивши играчи, особено се фокусираат сега на домашни играчи, Радоњич си склопи тим по мерка и ќе се излгеда баш цврст противник против сите, особено дома.