Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Член од
4 август 2018
Мислења
1.532
Поени од реакции
3.291
Не мора да се криеш кога имаш чувства кон виртуелни ликови, иако не изгледа нормално. Не знам зошто ми кажуваш што имаш или што не кон виртуелен лик...
Уживај и држи се до дискусиите и темите и објаснувај ги цитатите (или нека ти бидат дополнување) бидејќи ќе снема дискусија ако сите тоа прават, војна на цитати :D
Пишувај ги своите мисли да го видиме христијанскиот пат што го следиш... ако не можеш, сега за сега читај само, додека собереш храброст да зборуваш за нештата.

Многу христијани се собравте тука... како да ве призивам, на еден Телемит 23 христијани... дури сега забележувам, а сепак изгледа како да правам муабет со еден - сите исто :)
Порано се "џапав како куче на ланец" на секој што ќе ми кажаше нешто што не ми одговара и тогаш бев незрел и "неписмен"...
сега сум мирен како наркоман кога е хај...не ме погаѓа ништо изречено од страна упатено кон мене,и не реагирам со зовриена крв во контра смер...така да ако ти кажам дека не те мразам биди сигурен дека тоа е така... :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Ми се допаѓа христијанскиот нов Ленор* :)
Во буквална смисла го практикуваш виртуелно „сврти го и другиот образ“. Не е се само празни зборови...
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Потребата од модератор не е од недоверба (пастири немаат мирјаните заради недоверба), туку од искуство кога овците немаа модератор па ова беше тука хаос, се зборуваше за сешто, со секој, за непотребни работи и пријави мал милион бидејќи за луѓето ова беше издувен вентил тука, наместо во Хумор и забава
Од истите причини сметам дека на многу им треба религијата или философија која би има дала не само структура ( да се биде подобар човек ) туку и надеж, мир.

Имаш ти духовен отец? Си имаш гревови во однос на боговите? Или ова е само романтизам што расправаш?
Во моето племе цецниме мудри луѓе небитно од каде потекнуваат, сметаме дека насекаде се раѓале/раѓаат луѓе со почиста перцепција кои со својата искреност побудуваат таа перцепција да се ослободи кај поединецот.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Од истите причини сметам дека на многу им треба религијата или философија која би има дала не само структура ( да се биде подобар човек ) туку и надеж, мир.
И се е тоа ок до моментот кога таа структура ќе стане причина за мешање во животот на други луѓе, да ги прогласува за грешници, еретици, неморални, сатанисти.... Бидејќи според структурата, тие не се подобри луѓе, не се ни добри. И така настанува теократијата а со неа и тоталитаризмот. Класичен пример за поговорката - Патот до пеколот е поплочен со добри намери.
 
Член од
21 јуни 2021
Мислења
1.397
Поени од реакции
3.820
Вера, надеж, љубов!
Liberty, Life, Love, Light!
If you want to find the secrets of the universe, think in terms of energy, frequency and vibration.- Nikola Tesla

Ask and it will be given to you; seek and you will find; knock and the door will be opened to you. For everyone who asks receives; the one who seeks finds; and to the one who knocks, the door will be opened. - Matthew 7: 7-8

Emperor Charles sought the past, you seek the present, but I seek the future! -Lelouch vi Britannia, Code Geass

"It is better to have less thunder in the mouth and more lightning in the hand." -Apache Tribe

"If anyone kills a person, it would be as if he killed the whole people and if anyone saved a life, it would be as if he saved the life of the whole people" -Quran 5:32
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
И се е тоа ок до моментот кога таа структура ќе стане причина за мешање во животот на други луѓе, да ги прогласува за грешници, еретици, неморални, сатанисти.... Бидејќи според структурата, тие не се подобри луѓе, не се ни добри. И така настанува теократијата а со неа и тоталитаризмот. Класичен пример за поговорката - Патот до пеколот е поплочен со добри намери.
Корупција има секаде, по мене тие луѓе за кои збориш не се чисти практикувачи на суштината на тие учења, проблемот е кога реакцијата на нив, огорченоста те прави слеп за мудроста.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
"Some persons are possessed of great intellectual power, but of little spirituality; some have spiritual power, but a weak intellect ; those in which the spiritual energies are well supported by a strong intellect are the elect. To become practical, we must first learn to understand the thing we want to practise, by observation and receiving instruction. Understanding is a result of assimilation and growth, not a result of cramming.
It is an awakening to a state of consciousness of the nature of the thing that comes within the range of our cognition.

A person coming to a strange country in the evening will, when after a night's rest he wakes in the morning, hardly realize where he is. He has, perhaps, been dreaming of his home and those that are left there, and only after he opens his eyes and awakens to a full sense of consciousness of his new and strange surroundings, will the old impressions fade away, and he will begin to realize where he is. In the same manner old errors must disappear before new truths can be realized. Man only begins to exist as a spiritual being when his spirit comes to life.

To become perfect, physical health, intellectual growth, and spiritual perception and activity should go hand in hand. Intuition should be supported by an unselfish intellect, a pure mind by a healthy form. How to accomplish this can neither be taught by a science which deals only with illusory effects, nor by a religious belief based upon illusions ; but it is taught by the Wisdom Religion, the knowledge of self, whose foundation is truth, and whose practical application is the highest object of human existence."
- Magic - Black & White, Franz Hartmann
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Корупција има секаде, по мене тие луѓе за кои збориш не се чисти практикувачи на суштината на тие учења, проблемот е кога реакцијата на нив, огорченоста те прави слеп за мудроста.
Не зборам јас за никаква корупција, туку за суштината на абрахамските религии, за нивните етички вредности. Токму чистите практикувачи на верата сметаат дека само сличните на нив се достојни а сите други грешници, еретици, неморални и слично.
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Не зборам јас за никаква корупција, туку за суштината на абрахамските религии, за нивните етички вредности. Токму чистите практикувачи на верата сметаат дека само сличните на нив се достојни а сите други грешници, еретици, неморални и слично.
Ја порано сметав дека сите цркви џамии треба да се срамнат со земја, сите нивни книги да се запалат до последна, со закон да се забранат за човештвото да иде напред. Ти што мислиш, практично што треба да се направи?
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
4.769
...нашите ставови околу ова прашање никогаш нема да најдат одговор на ова прашање :)
...секој кон своето стадо,нели?
...ако мојот интегритет е „загрозен„ сигурно дека ќе ги земам сите опции во предвид
...само што зборот „загрозен„ е често најубавиот збор за манипулација на масите за лични интереси :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Ја порано сметав дека сите цркви џамии треба да се срамнат со земја, сите нивни книги да се запалат до последна, со закон да се забранат за човештвото да иде напред. Ти што мислиш, практично што треба да се направи?
Би било неполезно да се уништува историјата. Се учи од искуството, ако го потисне човек како нешто лошо, болно или како нешто што го однело во ќорсокак - пак ќе го повтори бидејќи заминало во заборав, присилен! :)
Треба секое учење, секоја патека да остане за да може да се споредува од идните аџии - бидејќи да, сите патеки водат кон Рим, но има подолго, пократки, подобри, полоши, има и такви на кои ќе биде убиен човек и нема да стигне во Рим.

Зарем да го одобруваме палењето на Александриската библиотека од страна на христијаните бидејќи тие сметаа дека се е зло освен нивното разбирање на нештата?

Затоа сметам дека секое размислување за уништување на нешто е лошо.
Доволно е во даден момент, по еден човек да дознава која патека е подобра за него во ова време, да не заглавува во догми и непроменливост! :)

Денес во ова време на дигитализација, технологија - луѓето многу тешко стапнуваат на овие патеки, мислат дека се брзи, дека има скриени порти кои ќе им скратат искушенијата, а и ако стапнат немаат сила да одржуваат баланс помеѓу внатрешниот и надворешниот свет - и се откажуваат уште на првиот чекор.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ја порано сметав дека сите цркви џамии треба да се срамнат со земја, сите нивни книги да се запалат до последна, со закон да се забранат за човештвото да иде напред. Ти што мислиш, практично што треба да се направи?
Да се каже вистината, да не се сокриваат и игнорираат фактите, да не се негира науката. Со палење книги не се постигнува ништо, напротив треба да се охрабруваат луѓето да читаат што повеќе книги, од што е можно повеќе автори. Да споредуваат, да преиспитуваат, да истражуваат. Тоа е вистинскиот начин. Христијанството и исламот посегнаа по цензурата но тоа како бумеранг им се враќа и допрва ќе им се враќа.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Повеќето денес во државава се христијани поради традиција и веруваат во Господ колку да се каже. Тие нит во рај, пекол, ни вечен живот, ни во суден ден не веруваат.
Го сметаат сето тоа за глупост. Не ги интересира ни буквално ни метафорично, ни бога молат.
Ние тука на форум, зборуваме со тие христијани за кои што ти зборуваш или за школувани индоктринирани луѓе во христијанската догма чија цел е одржување и зголемување на стадото? :)

Не знам тогаш што го дефинира некој дека е христијани ако сметата дека сето тоа во кое што веруваат е глупост... лоша ти е логиката во опишувањето на луѓе кои се „христијани“ по традиција... не верувам дека постојат такви луѓе кои нивната надеж дури и да е традиција, да веруваат во истата и во исто време да ја сметаат за глупост, тоа е само твое мислење дека нештата се такви какви што се во однос на мнозинството христијани во Македонија.

П.С. Тажно е ако е ваква состојбата :D
 
Последно уредено:
Член од
19 ноември 2021
Мислења
9
Поени од реакции
5
Хахаха. Па добро, зошто толку мислиш дека разговор како што е тука, само очи в очи на стрим ќе предизвика „војна“? Напротив, сметам дека е реално... Веројатно си гледал бар некоја епизода од На Иста Страна... Види ги коментарите ќе видиш дека кај народот постоење воодушевување од тоа да се разговара за религиски теми... Се разбира дека секогаш се зборува за различностите, изостануваат и сличностите кои би требало да ги релаксираат тие тенденции за кои ти зборуваш... На крај краева да видиме кој е тука теолог, кој е водоводџија, кој пекар, кој навистина со име и презиме може да зборува за религиите... Не сакам да верувам дека тука нема ниту еден теолог и дека ова е само препукување на пекари и водоводџии кои мислат дека позади псевдоними знаат многу за религиите...
Автоматски споено мислење:

п.с Еве на пример овие прашања кои тука ги поставил познат историчар за христијанството, може да се надоврзат со прашања и околу исламскиот Иса, и слично... Актуелно за „Божиќ“... Само пак велам, наместо вака со пишување, да се разговара на stream-broadcast и сл...


Гледам во Правилник за подфорум „Религија“ не треба само линкови поставување без цитирање, па еве...

Google translate:
Има многу интригантни прашања овде:

Зошто раѓањето на Исус - „девственото раѓање“, во „Витлеем“, „Јосиф и Марија“ итн. - се споменува само во две од дваесет и седумте книги на Новиот завет? Особено, зошто тоа не е спомнато во две наши евангелија, Марко и Јован, или во списите на Павле?
Од каде идејата за девствено раѓање? Дали тоа беше вообичаен мотив во старогрчката и римската митологија, на пример?
Како да ги објасниме разликите помеѓу двата извештаи што ги имаме, воведните поглавја од Матеј и Лука? Дали тие едноставно кажуваат различни приказни, некои Метју, а други Лука? Дали има навистина значајни разлики меѓу нив? Паушални противречности?
Матеј постојано вели дека настаните од раѓањето на Исус го исполниле Писмото, и тој го цитира Стариот завет за да го докаже тоа. Дали ги вади овие цитати од контекст или има некоја цврста логика зад неговите тврдења?
Извештајот на Лука раскажува настани во високо историска рамка, спомнувајќи личности инаку документирани во историјата (цезар Август, Квириниј, гувернерот на Сирија на пример) и историски настани (попис под Август за „целиот свет“). Можеме ли да го усогласиме она што Лука го кажува за овие работи со она што го знаеме од небиблиски извори?
Чудата, се разбира, пркосат на историското објаснување. Но, и покрај тоа, дали постојат карактеристики на двете извештаи што е тешко да се објаснат дури и под претпоставка дека се случуваат чуда? На пример, како „ѕвездата од Витлеем“ во Матеј престанува да се движи над Ерусалим, продолжува да се движи и потоа застанува над куќа?
Зошто некои од познатите аспекти на Божиќната приказна воопшто не се наоѓаат во Новиот завет? На пример, евангелските извештаи не кажуваат ништо за Марија како јава на магаре, или за Јосиф дека е старец (дали забележавте дека тој секогаш е прикажан така на сликите?), или за мудреците и овчарите кои го покажуваат истото ноќе. Од каде потекнува сето тоа?
Кои други интригантни легенди за раѓањето на Исус не доаѓаат од Библијата туку од подоцнежните легендарни извештаи? Некои од овие подоцнежни верзии имале големо влијание врз христијанското размислување низ вековите, и тие се фасцинантни за читање. Еден од нив тврди дека го напишал братот на Исус! Какви информации ни даваат, и дали некоја од нив може да се смета за веродостојна?
Дали постои начин да се знае нешто историски за раѓањето на Исус, неговите родители и неговиот ран живот? Што навистина се случи?

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom