- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 3.988
- Поени од реакции
- 6.472
Пред и доколку воопшто продолжиме со дискусија би апелирал да се прибереш и да престанеш со навредите. Подол, беден, глуп, магаре, лицемер и што све не се изначитавме на моја сметка од твоја страна, нема пост а да не протнеш некоја навреда!Епа ова е тоа што го зборам кога нагласувам дека вашите религии ги потиснуваат природните човечки нагони, ги прогласуваат за неморални и декадентни и како нуспроизвод на тоа, тие нагони секако излегуваат на површина деформирани. Причината за тоа е присутна кај сите христијански деноминации а тоа е премисата дека ист модел, ист морал, ист начин на живот треба да важи за сите луѓе. Таа кобна грешка е одговорна за безброј страдања.
Христијанството ја прикажува жената инфериорна во однос на мажот, и забранува да има авторитет и власт над него, и порачува дека МОРА да биде скромна и да молчи:
1 Тимотеј 2:
12.Јас не дозволувам жените да ги учат мажите, или да им заповедаат. Треба да бидат тивки,
13.зашто Бог прво го создаде Адам, а потоа Ева,
14.а и не беше Адам тој што беше измамен, туку жената, која потоа направи грев.
Како последица на ова, кај мажите воспитани во христијански дух, се јавува револт кога ќе налетаат на жена што не одговара на нивните очекувања, па поради тоа тие жени се често малтретирани, нечесто силувани и слично. Но тоа нема да го најдеш како ексклузивна и бомбастична вест, иако е секојдневие за милиони жени.
Која глупост! Како што реков, концептот за надприродно битие кое е синоним за злото е христијански, современиот сатанизам во суштина е атеизам и антитеизам. Се друго е само подла, свесна и намерна манипулација, чија цел се лекоумни, лековери и наивни луѓе.
Автоматски споено мислење:
Упорно верглање на веќе побиен ,,аргумент" Слободната волја нити е, нити била причина за зло, таа е само можност да се бира од опциите што се на располагање, што ќе биде изборот, зависи од особините. Ти имаш слободна волја да ја облечеш левата патика на десното стапало, но обликот на стапалото е пресуден за тоа да ја облечеш десната.
Ако човекот е креација, тогаш неговите особини се дел од дизајнот. Тврдењето дека се што постои е од бог и се е добро, а сепак истиот тој бог ќе суди е апсурдно, смешно и глупо, бидејќи што и да пресуди како погрешно, зло истото ќе биде создадено или допуштено од него.
И не, неможе да се вадиш со тоа дека тоа е само став и дека христијанството има поинаков, бидејќи не се работи за став, туку за факт. На пример став е изјавата јас сакам зелена боја, но факт е констатацијата дека ѕидот е зелен. Ти може да имаш став дека зелената е убава боја, дури и ако за мене не е, но неможе да тврдиш дека ѕидот е зелен, ако истиот е бел.
Автоматски споено мислење:
Многу подло и многу бедно е ова од твоја страна, овој обид да ме прикажеш како човек кој одобрува такви грозотии... Јас многу јасно кажав дека тоа се дела на психопати и садисти што имаат само една цел, да предизвикаат ужас и страв кај луѓето, и ако симбол за тоа беа штрумфовите, тие ќе се нарекуваа и штрумфови, само да го постигнат саканиот ефект!
Вие сте типична bully појава при што целта не ви е да дискутирате туку да ја прикажете омразата кон Христијанството и Христијаните, тоа што јас имам Крст на аватар и сум верник уште повеќе те дразни вероватно.
Вртењето на другиот образ нема да трае вечно, а верувај не би сакал да се најдеш во мој домет што се однесува до омаловажување и навреди. Не сакам да дојде до тоа, затоа ќе повторам, пред да продолжиме направете напор да се исконтролирате со навредите! Никој не е должен да трпи навреди макар било на виртуелен форум.
Ајде што оф-топичариш цело време ама ова ниво на вреѓање не личи на ништо.
За улогата на жената во Христијанството може да се диксутира на друга тема, сериозно имаш потешкотии да сфатиш што е оф и онтопик а гледам дека си од поодамна на форум, цели 11,5 години!
Само да напоменам дека жената во минатото била многу поизложена на негативни последици од стапување во сексуални односи со самиот факт што е физички послаба од машкото и тоа што може да остане бремена. При немање никаква контрацепција, немање абортус, хигиена на ниво на Црната дупка во Калкута, СПБ кои коселе наоколу, раѓање кое било краен ризик, настрана тајно пораѓање поради рандом сексуален однос, инфекции поради крајна нехигиена на бабици па чак и доктори, неможноста да се расне дете без татко кој ќе заработува, сето тоа биле ризици за една жена.
Да, рестриктивниот морал кон жените бил за нивно добро.
А зошто жената била во втор план? Жално е што било така, но мора да се знае дека 95% од работните места во минатото биле поврзани со физичка сила и издржливост па така жените по самата природа што имаат 50% помалку upper body strength од мажите не биле погодни за стапување во работен однос.
Експериментот со жените по рудници во викторијанска Англија завршил катастрофално откако започнале да умираат три пати побрзо него машките рудари!
Каде бре во денешни христијански земји милиони жени биле потлачени и силовани секојдневно? Каде е тоа, давај линк да видиме, да се увериме.
Што правиме со Аболиционизмот, христијанско движење кое за прв пат во човековата историја успеало да го укине ропството како феномен, после илјадници години. Христијани заклучиле дека сите луѓе се од Бога дадени па некој кој е роден црн не смее да биде роб. И со тоа постигнале значаен, спектакуларен цивилизациски скок!
Автоматски споено мислење:
Уште еден случај од САД.
Некаков си Џон Дејвис, крајно незадоволен од обичноста на името и презимето се прекрстил во Пазузу Алгарад. Пазузу е демонот од филмот Егзорцист, Алгарад не знам што му значи.
Овој лик, или креатура, ги острел забите со турпија, заби кои никогаш не ги миел, се туширал еднаш годишно и тоа намерно за да ги иритира христијански настроените жители на малото гратче во Илиноис со својата драматична смрдеа.
Целта му била основање на секта налик на онаа на Чарлс Менсон но немал нит харизма нит можност за такво нешто во втората декада на 21.век.
Но сепак околу себе собрал 30-тина лица од дното, џанаци на хорс, три женски особи кои му биле "свршенички", секакви изгубени случаи, бездомници и што све не.
Во неговата куќа која ја делел со мајка си на свои 30+ години и која била инвалидизирана поради мозочни удари, Пазузу ја заклучувал со мала одаја да не смета на присутното друштво.
А друштвото, што да се каже. Ги мрзело да одат до тоалет да се исерат па така се сереле во некое ќоше од дневна соба. Гомната подоцна ги јаделе кучињата прегладнети до гола кожа
Муви, бубашваби и пацови биле редовни гости во таа куќа која наликувала на хордерски рај, манијакална нехигиена, сите имале отворени рани по кожата, шуга, вошки, парадентоза...
Сатанистот со демонско име Пазузу подоцна ќе стане и сериски убиец!
Благодарение на некадарноста на полицијата овој сатанист ординирал повеќе од 10 години.
Дневната соба на сатанистот.
Сатанистот со една од неговите "невести"!
Два од најмалку три леша закопал позади куќата во дворот, пошто го мрзело да ги влече лешевите во шумата
И не само тоа туку уште се фалел каде ќе стигне дека имал убиено луѓе...
Последно уредено: