Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
А следбениците нивни, ете како тебе, гледаш, затворени им се чакри, изворите им се далеку, не знаат што да мислат за нештата
Па отворени му се малку чакрите, не се плаши од корона и цени добрина повеќе од интелект. :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Јас не измислив било што за членот. Тој сам си кажа што како било во неговиот внатрешен свет...

Ако ти си повикан да дополниш за членот што како е кај него, во ред :)
За разлика од тебе, кој што се почусвува повикан да кажеш како е кај другиот, Јас не реков за членот дека му се отворени или затворени чакри, патишта и се останато.
Тој сам си кажа што како било во неговиот внатрешен свет... самиот си кажа дека не му било отворено ова или она, не бил блиску до извори и слично.

:)
Колку што успеав да "ископам" пишувано е 1912 година...а тоа само значи дека историјата се повторува...
Мои размисли не можам да дадам моментално пошто затворени ми се "чакрите/каналите/патиштата" кои водат до изворот кај што се раѓа мислата затоа ти "понудив" одговор од проверен "поп" (по твој критериум) и светец по мој критериум...:)
Читајте ги темиве, не се пецкајте само од едно мислење... така падна Рим на времето и нивниот форум.

Не е убаво за другиот да зборуваш ти како мислиш дека стојат работите, бидејќи така ти се сонило, па наутро уште сонлив, муабети на лева нога... полека, диши, среда е, денот на Меркур - мудро малку низ овој ден.
Затоа јас велам зборувајте малку повеќе за да знае другиот што знаење, што мисли носите со себе за овие работи тука, на подфорумот религија - за да може да се знае што и како да се дискутира :)
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Искрено се надевам дека ќе попуштат и ги охрабрат да се женат, да им влезе тоа во нормална култура, слично како во православието инаку крај нема да има на сето ова, сепак имаат репродуктивни органи кои не е баш така лесно да се игнорираат. Друго решение нема освен да можеби и религијата се разбере како жива материја, еволуира нашето разбирање а и практично не функционира, но тоа е знам многу тешко.
Баш така, повеќемина кај нас не ја познаваат Црквата, уште помалку нејзината историја, преку која се гледа нејзината постојана динамика, еволуција, промени..., сообразно времето во кое престојува. Тоа живо го сведочи и самото Канонско устројство.

Така епископите на пример до 7 век биле женети луѓе, потоа се воведува да бидат од редот на монаштвото со Соборно промислување на тогашните епископи кои така процениле и направиле, промена...
Постот, како друг пример, постојано се менува низ историјата, брачните правила, устројството со афтокефалноста, причестувањето итн., безброј примери на динамика и промени во однос на целокупниот Црковен живот, така и прашањето за целибатот воопшто не е трајна детерминанта, напротив.

Она што исто така малкумина знаат е, дека самите Римкоатолици се така наречени по поделбата од 11век, дотогаш се Православни, а ние Православните сме Католици практично цела историја како што укажува Символот на Верата(„Верувам во Една, Света, Соборна=Католичка и Апостолска Црква...“), а во секојдневниот говор слушаме како Римокатоличката се ословува со Католичка, а тоа всушност е Православната. :)
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.402
Поени од реакции
4.775

...секој знае дека тоа е само разлика во дефиниции,а всушност се парите и моќта во позадина :)
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Јас не измислив било што за членот. Тој сам си кажа што како било во неговиот внатрешен свет...

Ако ти си повикан да дополниш за членот што како е кај него, во ред :)
За разлика од тебе, кој што се почусвува повикан да кажеш како е кај другиот, Јас не реков за членот дека му се отворени или затворени чакри, патишта и се останато.
Тој сам си кажа што како било во неговиот внатрешен свет... самиот си кажа дека не му било отворено ова или она, не бил блиску до извори и слично.

Читајте ги темиве, не се пецкајте само од едно мислење... така падна Рим на времето и нивниот форум.

Не е убаво за другиот да зборуваш ти како мислиш дека стојат работите, бидејќи така ти се сонило, па наутро уште сонлив, муабети на лева нога... полека, диши, среда е, денот на Меркур - мудро малку низ овој ден.
Затоа јас велам зборувајте малку повеќе за да знае другиот што знаење, што мисли носите со себе за овие работи тука, на подфорумот религија - за да може да се знае што и како да се дискутира :)
Не ми е намерата да зборувам во негово име, само споделувам свој впечаток, тоа што сам си кажува дека не му се е понизност од негова страна, пак би кажал дека треба да сме сите среќни што има луѓе кои ценат добрина и човечност без разлика на која философија или теологија припаѓаат, не треба да е натпревар ова чие учење е подобро.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Не ми е намерата да зборувам во негово име, само споделувам свој впечаток, тоа што сам си кажува дека не му се е понизност од негова страна, пак би кажал дека треба да сме сите среќни што има луѓе кои ценат добрина и човечност без разлика на која философија или теологија припаѓаат, не треба да е натпревар ова чие учење е подобро.
Не требало од многу одамна да е натпревар, кој што започна III век, сега додека се испеглаат нештата, додека се усогласиме околу старите религии вклучувајќи го и исламот кој што го следи христијанството во чекор - ќе мора да помине време и да биде натпревар сето ова... и ова натпревар не е лошо, ако се гледа како игра, како детско искуство... подобро натпревар отколку војна заради религија и верување!
Го сменивме тоа, не треба војна заради боговите!
Човештвото пред се!

Се додека се проповеда како старите религии се ексклузивни и единствено правилни патеки кон највисокото/највнатрешното кај човекот - како може поинаку освен натпревар, еден голем панаѓур денес? зошто се нема проблеми со учењата на далечниот исток, туку само со аврамските религии? Некој се запрашал тоа?
Истиот говор понекогаш го користам и јас, и тогаш многу смета таквото зборување, бидејќи доаѓа од другата страна :)

Се додека проповедите се насочени негативно кон другите (а не може поинаку да прават сега за сега), иако кроце кроце го менуваат зборувањето (но не и сржта на нивната догма), само уште делата да се менуваат и ... ќе биде се само игра.

Замисли свештениците на старите религии да не зборуваат за другите учења дека се зло и „игра на лукавиот“? Замисли!
И пушти си ја од Ленон Imagine :)
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.302
Па отворени му се малку чакрите, не се плаши од корона и цени добрина повеќе од интелект. :)
Ако некоја етикета ми доаѓа во моментов со која би те дефинирал вака форумски од прва би кажал-Тоа е човек со отворен ум!(y)
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Ако некоја етикета ми доаѓа во моментов со која би те дефинирал вака форумски од прва би кажал-Тоа е човек со отворен ум!(y)
Ти благодарам, се трудам да си го отворам. Порано бев ревносен антитеист, сите религии ми беа глупост што треба да се надмине, контрапродуктивни системи за контрола на умот, подоцна увидов дека тој мој став бил реакција на лоши луѓе кои се декларирале како верници, за среќа имав прилика да запознам добри вистински верници од различни теологии, некои се реформирале бидејќи откриле вера која им функционира, денес сметам дека е битен дел од човековата природа.
 
Член од
21 јуни 2021
Мислења
1.397
Поени од реакции
3.821
за среќа имав прилика да запознам добри вистински верници од различни теологии, некои се реформирале бидејќи откриле вера која им функционира, денес сметам дека е битен дел од човековата природа.
Убаво е да имаш некој духовен пат. Ако не друго некогаш во бран на гнев знае да те смири.
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.302
Ти благодарам, се трудам да си го отворам. Порано бев ревносен антитеист, сите религии ми беа глупост што треба да се надмине, контрапродуктивни системи за контрола на умот, подоцна увидов дека тој мој став бил реакција на лоши луѓе кои се декларирале како верници, за среќа имав прилика да запознам добри вистински верници од различни теологии, некои се реформирале бидејќи откриле вера која им функционира, денес сметам дека е битен дел од човековата природа.
Уште колку пати во животот има да менуваш став кој знае,ништо не зимај здраво за готово и никогаш не викај тоа е тоа- дефинитивно...чудни се патиштата божји...оставени сме сами на себе со купишта информации самите да си ја направиме сликата/проекцијата во главата...Има луѓе што се молат по цел ден и презентираат слика на верник до коска пред другите а кои не би ти дале ни чаша вода да им побараш,од друга страна има луѓе кои не одаваат слика на човек верник а кои копнеат во срцата за љубовта,вистината,правдата etc...На севишниот му се "интересни" овие другите,неговиот поглед е насочен кон нив...
 
Колку повеќе дознавам толку помалку знам, до сега увидов дека е подобро да се живее по слух, чувство, да се зборува секогаш вистина дури и кога не е во наш интерес.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Сепак догмата не е добра ствар. Ова полека оди во добра насока.

Промената не значи дека е лоша работа, и прифаќање нова вистина дури и кога не оди во наша корист - е подобро од догма и немање избор за промена! Искуство! Без тоа, се е празни зборови и фрази. Симболи кои не покажуваат кон ништо посебно...

I do like this :)
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
...секој знае дека тоа е само разлика во дефиниции,а всушност се парите и моќта во позадина :)
Да, точно, делува схоластички во извесна димензија на меѓурелигискиот дискурс на различноста, она што треба да се внимава да се избегне е релативизирање на Вистината, за постоењето на битието и неговото осмислување. (y) :)

Вистината е клучна работа за човекот да напредува во слободата, така учењето за Црквата, Откровението, Бог..., е суштински важно за човекот да ја спознае својата цел и смисла на постоењето.
Парите, моќта, педофилијата, содомијата..., сите антицрковни и антицивилизациски девијации мислам веќе дека ги апсолвиравме во преходните кажувања, за одговорноста на човекот што ја има преку власта што му е дадена од Самиот Бог да управува со својот живот и сето создание.

Сепак догмата не е добра ствар.
Догмата е Божји Збор, Откровение..., како може да е лошо?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom