Ова нема никогаш да заврши. Се ла ви.
@Sussaro
А не си размислил на пример вака: Таквите девојки не се мнозинство, ги има доста. Но сепак не се мнозинство. Повеќето сакаат да се нормални и да побараат некој дечко што им се свиѓа, ама ете наидуваат на некој што е пандан на твоите приказни, само од машка страна. И уствари дека има некаков баланс, на (да речеме) лошите во оваа приказна.
Еве имам растено во доста декадентна околина и можам да ти кажам дека иако знам примери кајшто жените се негативци, знам повеќе примери кајшто приказните што ги кажуваш се мачји кашаљ во споредба со тоа што им е направено на некои девојки. Ако споредуваме еве со најголемата глупост што ја направила девојката, се ебела со Гркот... Јас зборам за уништување на живот, заебување до тој степен да не може никад да се опраи.
Иако со Корвус не се согласувам за категоризацијата на луѓе, се согласувам дека постојат генерациски разлики. На времето агресијата кај мажите беше на многу повисоко ниво. На пример кога бев средно немаше ден во тие школите на УЦ што завршуваат ЕМУЦ, ЕТУЦ, АСУЦ, масуц да нема инцидент. Петок, сабота немаше локал кај што немаше минимум една тепачка и тоа мислам на нормалниве локали дали Дипломат, Менс, Мејк Ап, Манда, Бони, Ани, Булевар... За биртиите и да не почнувам. Порано насилството, агресивноста кај мажите беше значително повисока и понагласена. Така што, да нема што да не ти верувам, жените беа под поголем пресинг и тортура и физичка и психолошка, тоа дури и беше честа појава, не само изолирани случаеви. Немаше кој да ти помогне, на кого да се обратиш, развод се уште беше табу тема, се трпеше се поради децата. Не би сакал да сум жена во екс ју и 90-ти. Сега сето тоа е драстично намалено, посебно во урбаните средини.
Што всушност сакаш да дознаеш за твојата девојка, како што би дознал како нејзин другар? Колку пати спиела со нејзиниот бивш дечко? Која и е омилена поза? Дали му бил мал? Дали ја задоволувал? Дали имала 1,2,3,,,,20 пред тебе? Дали го сакала повеќе од тебе? Како си поминувале на одмор? Дали го третирала како крал или како пролазна станица?
Велиш дека твојата идна девојка/жена ќе скрие многу мрсни детали од тебе поради страв, срам и.т.н.
Види Суси, ако веќе бараш, треба и да даваш, нели?
Ти на твојата идна девојка/жена ќе и се исповедаш за мрсните детали од твоето минато? Или мажите е оправдано да имаат мрсни детали кои не треба да се споделуваат? Или пак мажите немаат мрсни детали во својот живот? Или пак сметаш дека твојата девојка/жена ќе сака да слуша приказни за сите жени во твојот живот?
Пак за мене лично. Абе најмалце е тоа битно. Дарки јас сум хуманоиден робот правен по АИ и пуштен и во живо и виртуелно на форумов порад тестирање и trial дали ќе поминам успешно и незабележително. Ај читај ме како да сум таков.
Еве да земеме еден пример. Често како патерн се појавува следнава ситуација: девојка кога раскинува долгогодишна врска следниот дечко да и биде она што енглезите го викаат rebound boyfriend. Значи дечко кој во нормални услови не би го имала затоа што не ти одговара по икс основи, но сега ти е достапен за да го преболиш бившиот. И сега тој тип вложува во врската, емотивно се внесува, почнува да се топи како сладолед или да ја гледа како вода во очи како што викаш ти, за после неколку месеци да биде фрлен како партал.
Мислиш она ќе му каже кои и се намерите? Дека уште болува, го мисли и го сака бившиот? Дека овој сега и служи само како алатка, како средство, како лек? Нормално дека нема затоа што нејзе и е убаво сега во моментот, кризите се ублажени, менталниот склоп и е подобар, емотивно не е најсјајна но е далеку подбра отколку да беше скроз сама пост раскинувањето. А кога апчето ќе биде испиено, кога алтката ќе биде употребена за својата намена се знае што следи. И што треба сега, јас (не јас де некој Петко) да се ослонам
ЕДИНСТВЕНО И САМО на тоа што она ми го кажува а не го мисли, или она што го мисли а не го кажува? Која девојка ќе каже-Слушај, ти си тука како провајдер на некоја ментална, сексуална, емотивна потреба додека не се средам од ударов. Така се погоди да си во близина периодов, во нормални услови не си баш профил на дечко за мене. Кога ќе застанам на нозе толку ќе биде од тебе.
Затоа ако некој мој близок ми каже дека влегол во врска со девојка што скоро раскинала 7 години врска ќе му кажам да пази, да прати ситуација, да отвори очи и ќе му го објаснам ова погоре. Секако ќе му напоменам дека тоа не значи дека 100% и неговиот случај е таков, но дека овој патерн се појавува доволно често за да биде занемарен па да не го земе во обзир. А во меѓувреме може ќе му се појави некоја одлична шанса со друга девојка која овој ќе ја одбие затоа што се посветил на другава. На крајот ни врапче во рака, ни гулаб во дланка, и змија ќе го апне и магаре ќе му го бапне. Сфаќаш од прилика како функционира сега ова?
Тоа што веќе се случило, веќе нема назад. Минатото треба да остане таму каде што припаѓа. Ако било убаво, немало да биде минато и минатото е нешто што не може да се промени.
Нели мислиш дека е фер ако некои работи, кои и да се тие, го интересираат и ги праша да му ја каже вистината, па со такви чисти сметки тој самиот да си одлучи дали и што ќе прави? Јас мислам дека е фер. И што мислиш, ќе му ги каже? Знам, знам не ми кажувај, знам што ќе кажеш:
Се е индивидуално и зависи од случај до случај.
А сега не толку површински. Колкави се шансите да биде отворена, а колкави да скрие?
Емоциите се заебана работа друже. Нити жените се имуни, нити пак мажите. Сепак сме луѓе, без разлика дали сакаме или не сакаме, едноставно емоциите се тука и се случуваат. Планирано или не, повторно се тука. И без разлика колку 1 човек се труди да ги исконтролира своите емоции, понекогаш ќе излезат од контрола, и тука човек паѓа на колена. И тоа е факт.
Многу полесно е кога гледаш од страна, како набљудувач. Арно амааааааааа кога ќе ти се случи лично и на твоја кожа, е тогаш пиле едноставно не можеш да размислуваш со својата глава, нити пак да бараш логични одговори или логични постапки, кои во поинакви услови би ги направил сосема поинаку.
Знаеш која е можеби најбитната работа што ја научив во животот? Еднаш и ја споделив тука на форум, дури и ја болдирав:
А тоа е можеби и најбитното нешто што го научив во животот- Не се носат важни животни одлуки под емотивен набој.
Енглезите имаат узречица-Assumption is the mother of all fuckups.
Не е точно-Emotion is the mother of all fuckups.
Емоции вараат Дарки. Тоа е главниот проблем општо кај луѓето, со вас жените поготово и затоа не можам секогаш да ве сфаќам озбилно. Се ослонувате премногу на емоција како основа за аргумент, како основа за проценка, за анализа, за расудување, за одговарања на сериозни прашања и животни одлуки, за критичко размислување. Не приметуваш како држави каде што емоциите се ставаат во преден план се позатуцани и понеразвиени од оние каде што прво се размислува? Спореди Скандинавија со арапски земји, Северна со Јужна Америка. Спореди северна и јужна Италија, над и под Рим.
Сканк Анаси имаат совршена песна за тоа:
Just because you feel good, doesn't make you right. Ама и обратното. Знаеш јас низ каков емотивен пекол проаѓав кога ги оставав цигарите? Да се ослонував на емоциите, сега уште ќе пушев.
П.С. Е сега замисли, одиш по улица и пред тебе, се појавува Ареж. Ти се сечат колената, мозокот престанува да ти работи, губиш глава и автоматски ги забораваш сите ТВОИ напишани есеи, реферати, трудови и целиот бурек изеден на Кајгана за жените

Во таков случај те молам да најдеш сили и да ни напишеш на Кајгана „Луѓе, животот не е нечија статистика, туку лично ваш. Еден и единствен. Неповторлив“
Пак за мене лично. Ајде, ок. Карактеристика на најблиските пријатели околу мене е директноста во комуникацијата. Ако јас не можам да ти кажам што мислам колку и да е тоа тешко за варење, ако ти се налутиш за тоа, ако треба да комуницирам со тебе како да газам на јајца нема да ми бидеш во најблиско опкружување. Тоа е работа која јас лично исклучително многу ја вреднувам. Ако се случи ваква работа имам прекрасни другари кои ќе ме "шамараат" без да ме штедат. Ако треба и буквално, без наводниците.
Побратиме, имаше една приказна за ова, не е ова процес во фабрика па ајде ќе најдеме best approach, секоја е различна, никогаш нема да успееш да ги научиш табиетите на сите.
Луѓето се менлива работа, денес може да ја запознаеш како добра и културна, ама со тек на време да промени одредени размислувања/сфаќања/табиети.
Друга работа, и да се приближиш, ти ќе се приближиш на некоја рандом, а не на таа со која ќе одбереш да градиш врска, или нешто посериозно. Тие што ќе ти дадат да им станеш другарче на кое ќе кажуваат што правеле и со кого, ти се веќе во френдзон и никогаш нема да излезеш. Значи, пак ќе треба да анализираш и анализираш со години дали некоја вреди, или не.
Јас и ти како мажи би реагирале тотално различно во различен тип на ситуација, зошто, затоа што имаме како прво различен карактер, изграден под различни околности, и различни верувања, епа слично е и кај жените.
Абе човек, пак ќе кажам, патерни се во прашање. Нити вашите животни се до толку уникатни и неповторливи, ниту ситуациите со кои секојдневно се соочувате. Ниту пак се моите. Иначе секој ден ќе бевме под пун курац импресии од се што се случува околу нас како бебе кога осознава работи па се му е интересно. Како другарче се информираш за патерните. Како дечко/сопруг ги препознаваш тие патерни. Не се апсолутно идентични, како што не се апсолутно идентични симулациите на авионските несреќи што пилотот ги проаѓа. Но тоа не значи дека ги нема и дека не можеш да ги идентификуваш ако си посветил доволно внимание.
Еве замисли многу сакаш да го посетиш Неапол или Наполи, кој како милува, град познат по џепароши и скемери. Ама сва среќа имаш другар кој живеел таму за да ти даде совети, типсови, препораки и цаки, што да одбегнуваш и слично. Ќе го прашаш или ќе си кажеш-Абе секој случај е различен, секоја ситуација е различна, колку џепароши толку табиети, џабе што го прашувам на крај пак може да бидам ограбен, не можам да знам со сигурност.
Еве ти и документарец на таа тема, многу е добар, да го изгледаш.
Некаде на 7-ма минута од документарецот, типов кој е експерт за џепароши со долгогодишно искуство кажува за патерни на препознавање на џепароши, како се однесуваат, што прават, кој им е боди ленгвич. И сега ти ќе му идеш на типов и ќе му кажеш дека не е ова процес на фабрика, дека секој е различен, дека нема да ги научи сите, дека се е индивидуално и зависи од случај до случај? Еве ѕирни макар од седма минута неколку минути.
Не знам како не разбирате и како на друг начин да ви објаснам, дека човекот и неговото однесување варира по некои основи но не е дека се е уникатно и непредвидливо. Луѓе прават докторати за разни однесувања на припадници на различни култури низ светот. И што сега, да одиме и да им кажеме да го фрлат докторатот во канта затоа што на крај се е индивидуално и зависи од случај до случај? Дека ти знаеш некој член од таа култура што не се придржува до работите што таму се опишани? Дека треба да се ослониме и да фрлиме се на карта среќа и случајност?
Гледај останатите работи да ви се поклопуваат, немој многу да правиш анализи, не сме на берза
Животот е берза. Колку порано го сфатиш тоа, толку подобро.