Shameless (US)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.993
Поени од реакции
37.282
11 ебани години! Ги пораснавме и Лип, и Иан, и Деби, и Карл, и двајца Лиам-и, па и Френи и Фред, дури!

Конечно го догледав чудово, ми остана последнава сезона на средина. Убаво ја заокружија приказната, на крај останува впечатокот дека колку и да имаше падови, генерално ќе ја памтиме како одлична серија. Ќе ми фалат, сите, па и Френк!
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Одлична серија. Генерално е добра цело време, едино мене што ме нервираше во серијава а и општо во последно време низ другите серии и филмови од поново време е терање пропаганда.
Неам ја проблем со хомосексуалноста, со феминизмот, со црнците и остали мањини или као и да се нарекуваат модерно, се додека тоа е во границите на нормалата односно не се потенцира и не се наметнува мислење кај публиката.
Што сакам да кажам. Конретно ми сметаа деловите кога Иан забега со тој трансџендерот и влезе у некој филм на геј Исус и слични курци. Ок сеа некој ќе рече дека е биполарен и нели таквите забегуваат од крајност у крајност, меѓутоа, да не се праиме као од марс паднати, од авион се глеаше таа геј пропаганда. Серијата си имаше убав полу трагикомичен тон и таа биполарност (која подоцна скроз ја занемарија) можеше да биде искористена на поинаков начин, рецимо да забегаше у криминал со Мики Милкович или нешто слично.

Супер почна, прва епизода откриваат дека е геј и така лесно пројде тоа, прифатливо, немаше можност некој да завзема страни и да хејта, зборам за публиката. Тоа е тоа. Башка смешно беше, и општо никој не се замараше со тоа пошто така течеше серијата, све и свашта можеше да се очекува во продолжение.

Друга работа што ме замараше е делот кога Деби одлучи нагло да порасне и влезе у некој филм стронг индепендент воман, па на 15 години роди и преку тоа туку така прескокнаа ко да е најлесната работа на светот, поготово у семејство како Галагер. Па ајде заврши курс за јебени заварувач.
И со ова неам проблем, во ред, поштувам жени што се спремни да работат било што што носи пари. Во ред е, не кур мора у секоја сцена да ми го потенцираш истото. Деби башка имаше најглуп лик општо, ама за тоа подоле.

И со црнците почнаа малце али среќа Лиам беше сеуште мал за да продужат да тераат со црнечката пропаганда, а Ви е таква каква што е лабава и си тераше курташак.

Падна серијата последните 1-2 сезони според мене повеќе од технички аспект, некако веќе ги изградија ликовите и ја донесоа приказната да нема каде освен да тераат глупи муабети и приказни. Празни сцените некако, поделени. Пример, оди Лиам по улица сам, ја сретнува Ви оваа му вика кај идеш и овој и вика еве ја сум мало црнче неам никој се плашам од Милковичи и на тоа оваа му одговара епа тоа е јеби га, такво време дојде. Иде Деби и сама си збори, кажува дефиниции некои.
Рандом такви некои сцени, ваљда ме сфаќате што сакам да кажам.
А и у задње време некако као скроз да намалија со прикажување на алкохол, цигари, трева и слично. Френк беше пијаница и пафкаше џоинти цело време, на крај некако скроз го занемарија истото. Лип па се откажа од цигарите, демек ради бебето, живи глупости. И со тоа рехабилитациите преку курот ебате нежните американци. Овие у саут сајт раснат и живеат у тоа гетото, испил 1 пиво, еј ми треба состанок. Ок у реду е. Кој курац па и со тоа си-џи-ај на јебен дим од цигара ебате. Френк живи џоинти дуваше на крај вештачки дим му искача од уста. Али ај, ова у последниве неколку години е сериозно наметнат тренд, ниеден лик у серии и филмови не пуши цигари веќе.

За ликовите:

Френк факинг Галагер најголемиот антихерој и антиродител на планетата Земја, да беше ова сериозна драма ќе сакавме да биде убиен уште у 3та епизода. Скроз лабав тип, како што и се одјави у последната сцена од серијата. Цело време беше смешен и интересен, немаше дно кое го немаше допрено и од кое не искочи како некој вид победник. Прејака фаца, знаев дека нема утка кај господинот Вилијам ЕЈЧ Мејси. Таква мртва фаца е измислена за вакви лузери како Френк. Не верувам дека постои друг актер што би го донел ликот на вакво ниво да ти е смешен у сите покварени постапки.
Едина замерка е што не го уплеткаа повеќе со Томи и Кермит кои беа најјаките споредни улоги.
Не мораше цело време да е со нив ама коа ќе снемаа идеја и наместо да вметнуваат рандом ликови да се дружат со Френк, можеа овие двајца да влезат у некоја приказна и да допреа своевиден блам.

Фиона имаше најубаво напишан лик и во вистинско време заврши нејзината приказна во серијата. Не знам дали е лично нејзина одлука или чисто сценарио ама мислам дека направија полн погодок со тоа што се тргна тогаш кога се тргна. Го одигра нејзиното, ги истера децата на некој пат, одлучи сама да тера низ животот, се издигна малце па го допре дното и веќе стана вишок и за очекување беше да си замине од дома. Фиона имаше доста погрешни одлуки низ животот ко и другите деца ама едноставно такво им беше опкружувањето, немаше кој да ги поучи и сите искуства требаше да ги осетат на своја кожа. Цело време бираше погрешни партнери и на крај завршуваше разочарана и повредена. Од сите тие најдобар испадна Гас али одлучи да го заебе. Најглуп лик ми беше Шон. Ме нервира таа фаца општо каде и да ја сретнам. Стив/Џими ми беше најкул фраер што се плеткаше со Фи. Лабаво типче, преварант, смешен.

Лип, најпаметен куртон од сите. Ок сеа, јес да беше преинтелигентен за свои години ама сепак беше Галагер и со такво опкружување а и ко што спомнав погоре, едноставно немаше кој да го поучи да стане нешто повеќе во животот. Го поучуваа до душа али инатот и ароганцијата не му дозволуваше до крај да сфати што му зборат. Ама така беше самоисчеличен и остана цврст и јак карактер и бедес копиле до крај. Не знам како се чудите што ебеше такви пичиња, па реално имаше некоја харизма, плус таков дрзок и арогантен, смешен и интелигентен. А и преклише ќе беше да станеше да речеме професор или претседател на Америка. И он имаше доста погрешни одлуки што се однесува на партнерките. Имаше една асална, Менди Милкович ама он одлучи да се затреска у умрената психопатка Карен. Менди Милкович стварно беше добра душа, го сакаше, го слушаше, се грижеше за него али брат многу грда фаца реално. Првата Менди беше многу убава и да останеше таа, ќе навивав за нив цело време. Од другите, Аманда беше нешто слично на Менди, плус татко и работеше со роботи нешто што го интересираше коњов али курац, одлучи да се заљуби у професорката која го користеше само за секс. Иначе таа е србинка Сузана Дробњаковиќ и е мажена за синот на госпоѓата Софија Лорен.
Tами Тамиети некако не ми се свиѓаше и уопште не се уклопуваше у Галагер светот.

Иан беше супер дечко, до душа он цело време е супер, таков кул лик, позитивен. Он некако најјако функционираше кога беше во пар со некој. На почетокот со Лип и после во продолжение со Мики Милкович. Спомнав погоре за него што ми сметаше. Другото генерално беше во ред. Не знам како не осетија сценаристите дека Мики и Иан се парекселанс пар и требаше да ги остаат цело време заедно. Смешни се, они и ги носеа на грб последните 2 сезони откога искочија од затвор. Галавич.
Михајло Александар Мики Милкович најсмешна појава, таков курназ, багабонт, тепач, геј, глуп, смотан, без мозок у главата, плачко, пичка, буквално све. Нема сцена да не се искурчи и да се кара со некој. Многу смешна фаца. Се уби од нервирање кога ја спремаа свадбата.

Карл класично безмозочно дете, дебилно такво ментално глупо створење. Најинтересен ми беше од сите Галагерс, ми беше смешен цело време и кога беше дете и после кога порасна ама остана исто глуп и смотаница. На крај си го најде патот, забега едно време кога искочи од поправен дом ама набрзо виде дека таквиот стил на живот не е за него. Подоцна секако имаше и глупи одлуки али барем си тераше во намерата. Топ лик е Карл, на крај што вика Френк, ја предаде фамилијата и стана џандар.

Деби беше добро и остроумно детенце али кога одлучи да порасне стана неподнослива свиња. Умрена, не знаеше кај тера во животот, дел од таквите одлуки и лутањето у животот како и кај другите секако се должи на опкружувањето ама кога Деби дојде ред да порасне, Фиона веќе беше изградена личност и се што требаше џинџерот е да ја слуша сестра и. Ама нееее, она одлучи да паметува и да се курчи со сите.
Реков погоре, поштувам јаки карактери, жени борци, ама не кур ме замарај со сила. Деби беше борец и инат исто како Фиона само потврдоглава.
Што знам, некако најглуп лик ми беше, луташе низ серијата, се бараше самата, ваљда и сценаристите бараа како да ја сместат во приказната. На страна пропагандниот материјал што го тераа со нејзе, едноставно тапа и беше ликот, можеби требаше порано да ја исклучат. Со ќерка и да фатеше негде надвор од Чикаго и да заврши постоењето нејзино.

Лиам беше мал и не знам што да кажам за него. Ок.

Со ниеден од ликовите се немав поврзано за да навивам или да се бедирам после неправда, али све што сакав е Кевин и Вероника во никој случај да не се разделат. Такви ликови, таков пар, нема појако нешто. Кевин е најсмешната појава и најлабав лик у цела серија. Овожавам вакви смотаници и глуперди кои се тука само за да дадат еден смешен и позитивен тек на серија/филм. Со ништо не делуваше на целата приказна за да во некој момент смета таа глупоќа и да речеш ај бе глуп е овој ја заеба цела работа. Таман лик. И Вероника исто, освен што беше најјака пичка убедливо у цела серија, беше и смешна и паметна. Се плашев малце дека може да го поебе Кевин и да стане лезбејка со Светлана али тоа е Шејмлес и станаа тројка. И русинкава беше добар спореден лик, малце ме изнервира коа им го зема Алибито ама ја поебаа на крај и искочија ко победници.
Супер се надополнуваа со Кермит и Томи, редовните гости и онакви ликови што ги има у повеќето комедии, рандомци што се цело време на едно исто место и се тука да кажат по некоја смешка и глупост. Не требаше тој дел кога се испоебаа у вецето, али ајде, ќе го препишеме тоа на колачињата, мада не постои таква трева и опијат што ќе ме хипнотизираат за да го ебам мртвиот Кермит уз Фил Колинс у позадина. Ајбин вејтинг фордис моумент форол мај лајфффф. тудутумтуруутумтум.

Мора да се спомне и Шила Џексон, Шилс, смешна и премногу греота лик, едино за нејзе ми беше највеќе жал. Греота беше стварно, многу добра душа, предобар лик, пренаивен, преглуп, предиректен, пре све. Добро е што не стана вишок и во вистинско време заврши нејзиното. Очекував во продолжение можеби да се појави уште неколку пати ама па немаше ќе немаше некоја поента и цел со таквото нешто. Едноставно тоа беше тоа од нејзе и семејството Џексон.

Тоа е тоа, другите ликови некако не се вредни за спомнување, преспоредни и премалце впечатливи.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.150
Поени од реакции
16.087
Фиона, т.е Еми сама решила да го напушти шоуто, ваљда дека немаше веќе поента за нејзиниот лик, а и тоа што не доби никакво признание за одличната изведба во сите 9 сезони. Далеку полоши актерки и улоги земале Еми/Глобуси, таа никад не ни беше номинирана.
Гас и беше најдобар и најличен тип според мене, али не можеш да очекуваш од особа растена онака од прва да знае што е добро за нејзе. Реално, предобар беше за нејзе.
Тој пак Џими ич не го можев, очи ми се превртуваа кога ќе читав коментари како сакале да го вратат, која ебана пропалица и ќорсокак од човек, плус и грдичок.

Мене уште не ми е јасно за Лип и женските, на изглед не паѓаа секако, мада сите беа несериозни и лесни женски за кои не треба многу замарање. Тами мислам дека ја вметнаа за постојан лик бидејќи им требаше замена за Фиона и да не им фали женско во серија. Го искористија тој момент за Лип конечно да мрдне од мртва точка и колку толку да стане човек.

Карл најкрај ми беше најјак од сите деца, од мачење животинчиња до чување сениори смрдливи кучиња во подрум.
А Деби мислам дека е единствен женски лик што вака ми било мачно на желудник да го гледам во серии, толку одвратна, толку некаков баце грд вајб, толку глупа а исфорсирана, никаков шарм, харизма, сексапил ко женско, монотона фаца ... не знам, просто одбивно створење. Читав дека актерката што ја глуми јадела гомна за Еми како била токсична на сет и како откоа заминала све било магично и преубаво. И јас би се нервирала да неам ни десетинка од талентот на другава.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Џими беше јак на почетокот у целиот тој Галагер хаос, беше и изгубен а и се пронаоѓаше на моменти. Да останеше подолго во серијата ваљда ќе потонеше пошто како карактер немаше некој капацитет за нешто поише од натака-навака лик, преварант али океј беше на почетокот.

Ја читав јас темата паралелно со сезоните како што поминуваа, го вратија назад во тие 1-2 епизоди не толку за да се опростат од него пошто прекина да постои откако се качи на бродот, туку за да ни ги потврдат лошите одлуки на Фиона. Пошто тука го заеба Гас.

Шон некако нагло го ставија а и ми беше таков мртов лик, јес да и поради тоа што нели цело време си останал зависник, и тоа беше глупо малце, заедно спиеја и све и пак да не примети оваа дека се фикса. Иако хероинашите си ебале мајката и се боцкаат у вени за кои ни лекари не знаат да ги најдат ама ај. Френк издоминира тука на свадбата. Ме нервира тој глумец уште од Френдс го иам замразено хаха.

Тами ништо посебно од лик, статист, ко што викаш колку да видиме дека Лип стана човек и нема да забега со погрешни одлуки пошто оваа е стабилен карактер и знае што сака.
Фаца е бе Лип, не знам како не приметувате, харизматичен лик, плус јаки очи има, а и ко што кажав дрзок е, арогантен, смешен и интелигентен. Мада и лесни женски лупаше, тоа е точно.

Деби апла стварно, не ми се ни анализира ликот и да барам некои ситници да и го оправдам понашањето. А и на страна тоа, нормално дека во сите филмови и серии има некој таков што ќе не нервира ама оваа немаше ни харизма ниту пак знаеше да глуми. Многу тапа лик генерално, од актер, до лик, до сценарио, до све.
 
Многу лигава фаца ми има мене тој Џими, многу. Онака, лигуш. Башка идеше од ок фамилија, али му станало досадно во животот и не знаеше што да прави со привилигираноста.
Шон од друга страна ми беше ок, мене актерот отсекогаш ми бил симпатичен и кул фаца, што во Френдс што во други филмови, али престар и презависник. :D Френк еднаш изреагира на свадбата ко татко, ја спаси од два пропаднати брака пред 25.

Лип е, зависи што сакаш. Претпоставувам ниедна поозбилна женска нема да го гледа поинаку од професорката што го гледаше, за секс само. Дрзок е и арогантен, ептен дарк и напатена душа. Нема некоја радост во него, тажен е да го гледаш, разочаран од се, тотална меланхолија. Иан од друга страна, иако ментално болен, е поарно друштво од Лип.
 
Шон да, престар за Фиона и некако одеднаш се појави, без некоја позадина без ништо. Ај ќе речеш се запознале на работа ама некако Фиона одма му влезе, чек малце од каде толку затрескана а ликов беше истово ко што си го опишала Лип подоле.

Иан да, цело време беше кул и позитивен лик, ведар, насмеан, смешен. Едино тоа со гејовите ме нервираше пошто беше силување и форсирање. Прејако дуо се со Мики Милкович.
Тој па најсмешен. Нај. На крај сеа у претпоследна епизода коа се пресеија на западната страна, се мачи да заспие у тишина и зима на слушалки пушта хаос, пукање, галама, полициски сирени за да заспие... и месечината му сметала. Ти ебам ликот. :pos: :pos: :pos:

А и Милковичи, само овој Михајло Александар се викаше, другите сите американски имиња. Од Полска пребегани, а Тери беше пун со тетоважи од свастика и Хитлер идеологии. Ти ебам изместените.
 
Па добро сега, Фиона си беше промискуитетна особа, едно време не знаеше чие е бебето што го абортираше, Шон, Џими, Гас, сите беа во игра.

Иан беше онака ко лик, али заедно со Мики накрај беа врвот. Мики искрено не го сакав отпочеток, али после кога го вратија и малце го направија почовечен, а не само white trash бараба, беше ок. Солзи ми течеа кога се изнервира за свадбата и го скрши столчето, прејака сцена, предобро одглумено.
Јак беше и Тери, кога отиде Иан да го прашува како е в затвор, а овој му кажа дека тој ебел, пошто не дозволувал него да го ебат и да биде он педерот. Прајслес.

Иначе вака кога сме кај Лип и женските, сега баш се замислив која што како, Тами му беше дефинитивно најдобриот избор. Сите имаа daddy issues.
Менди кутрата, иако беше најгрижлива за него и го прати на факс пошто она му пополни документите, отиде да абортира дете од татко и, пошто овој кога се опивал, ја мешал со мајка и.
Карен, кога се шекна од татко и што не ја фермаше, го силуваше Френк. Башка и таа не знаеше чие е детето кога се роди црно. :/
Таа Азијатката, беше посвоена од геј пар, намерно им ги трошеше парите и му купуваше ствари на овој, пошто сакаше да ги нервира.
Таа келнерката пак, самохрана мајка со дете од тој ропакот, што склепа уште едно дете со друга дур се смируваа, не знаеш дали Лип или тој другиот е поарен избор.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.993
Поени од реакции
37.282
Дефинитивно ги имаш погодено 2 од трите најглупави моменти во цела серија, мислам дека сите ги нервираа тие работи додека ја гледавме:
1. геј-Исус делот со Иан
2. Деби, заварувањето, цел нејзин развој и секоја ебена постапка

Само третиот момент не го спомна:
3. Фиона и недвижностите

Според мене ова се трите најлоши работи што и се случија на серијата. Ништо друго.

Свадбата на Иан и Мики мене ќе ми остане број 1 во сеќавање, зашто стомак ме болеше од смеа и од тортата и од скоро се поврзано со свадбата. И секако - одјавувањето на Френк.

За Џими/Стив, се согласувам дека беше лигав и антипатичен, moreover што јас пред да почнам да ја гледам оваа Shameless, гледав пола сезона од британската, а таму Џими/Стив го глумеше Џејмс МекАвој кој е светлосни години покул од овој Сон Џоку.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Иначе вака кога сме кај Лип и женските, сега баш се замислив која што како, Тами му беше дефинитивно најдобриот избор. Сите имаа daddy issues.
И Тами имаше. Епизодата коа отидоа на бренч со тој професорот што го дејтала порано. После тоа сама сфати што и се дешавало кога почнала да искача со него.
Точно да, Тами му беше најдобра од сите пошто е од друго опкружување, овие беа ептен хц саут сајд девојки. А Аманда фрик, за инат створена.
Само третиот момент не го спомна:
3. Фиона и недвижностите
У која смисла?
Може да се сложам дека беше некако тапа и неинтересно али тука веќе Фиона фати правец во животот и си тераше самата. Ама не беше нешто интересно, точно, досадни моменти и сцени беа тоа.
Ај у Патси ипак имаше поише гужва, народ, Лип и Сиера, Карл миеше садови па океј беше да се следи бизнис правецот на Фиона.
Со недвижностите едина убава работа беше таа лезбејката. Прејака.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.993
Поени од реакции
37.282
У која смисла?
Може да се сложам дека беше некако тапа и неинтересно али тука веќе Фиона фати правец во животот и си тераше самата. Ама не беше нешто интересно, точно, досадни моменти и сцени беа тоа.
Беше uber-boring, на тоа мислев.
Автоматски споено мислење:

А, исто, јак момент ми беше и со таа психопат девојката на Карл што исчезна. Самото нејзино исчезнување испадна прејако. :pos: Којзнае што ја снашло, кутрата.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.150
Поени од реакции
16.087
А, исто, јак момент ми беше и со таа психопат девојката на Карл што исчезна. Самото нејзино исчезнување испадна прејако. :pos: Којзнае што ја снашло, кутрата.
Таа што го натера да се венчаат?
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.567
Поени од реакции
11.581
И делот кога глумеше Карл гангста беше тапа
вака така сите имаат по некој таков дел

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.993
Поени од реакции
37.282
али не се сеќавам кога исчезна. :D
Па не го прикажаа тоа, тоа беше јакото. Нели Карл замина во такво воено училиште, и таа го следеше и му досаѓаше, и рече дека ќе умрела без него. И пошто остана без него, а веќе не ја прикажаа, веројатно стварно умрела. :pos: Еве ја, Кесиди беше: https://shameless.fandom.com/wiki/Kassidi_Gallagher
 
Kajgana Shop

На врв Bottom