Приказните на Сусаро се едно прилично убаво склопено машко видување на оваа тематика. И понекогаш е интересно за читање да, но ако подлабоко размислите што читате не би било толку интересно колку првиот пат. Независно жена или маж, тргнете еве од жените кои ги имате дома. Можеби во некои други околности, би читале и женски излагања по истото прашање, но самиот факт што жените се малцинство на форумов, поттикнува на некој начин некоја хм.. па инфериорност и резерва да.
Значи, да бидеме реални, ривалството или препукувањето на вакви теми отсекогаш постоело помеѓу мажите и жените, а ставовите кои ги застапуваат се малку така попристрасни кога е во прашање својот пол. Објективноста е некаде на средина. Во реалноста ова е конфликт во кој двата пола се борат со историската инерција во културата и судирот на таа инерција со драстично различниот живот во кој живееме.
Друго, сакам да кажам дека ужасно ме нервира кога и на ваквите теми се потценува женската интелектуалност и фокусот се става на желбата за доминација од страна на мажот. Стереотипни размислувања, од типот жената сака романтика, нежности и симнување ѕвезди од небото, а мажот е склон кон агресивност и грубост. Емоции? Какви емоции кај мажите? Не, никако. Дали сте реални? Па зарем вие не сте човечки суштества? Зошто таква емоционална недопирливост? Зошто таков стоицизам?
Зарем не ви е навредливо на вас како мажи тоа општественото дефинирање на машкоста? Силни мускули, либидо, жестоки автомобили, завидна финансиска состојба. Вака звучи примамливо и сигурна сум дека попатно се гледаат и тие аспекти во животот, ама не ви е малку површно да зборите така за вас? Токму заради тоа што ги поддржувате ваквите стереотипи, постојат и такви жени ете.
Инаку вие сте многу повредни од тоа! Вашата машкост е многу повеќе од тоа што мислите и тоа е она што е привлечно во очите на женската популација.