Staufer
Драган Богдановски
- Член од
- 17 јануари 2008
- Мислења
- 16.547
- Поени од реакции
- 22.239
Мислам дека покрај дебаклот на СДС се подценува успехот на Левица. Тежат и те како. Сепак ова се локални избори а Левица во собрание претежно доби на популарност при тематизирање државни теми кои немаат големи допирни точки со локалното владеење. Гласовите им одеа на анонимуси како оној од Прилеп (авал да му е) и други. Затоа ДПМНЕ не треба многу да се радува. Ај тоа што после втор круг се прави есапот туку на парламентарни ќе биде сосема друга приказна и за ДПМНЕ. Да не бидат сигурни дека со лесно ќе тепаат. Апасиев ми делува доста стратегичен за што му се 3-4 градоначалници дури може да изгуби ако не се покажат а проблемите се големи без поддршка од централна власт ограничени би биле. Туку вака опозиција и во советите тоа што прават на државно ниво и локално да продолжат. Ако е паметен ќе постави услов една изборна единица уште толку да добие на сметка на Преспански. Што ја ни би сакал секако, ама па искрено не знам колку им е битно на крајнава левица.