Лично сакам да ја видам Сдссм маргинализирана, уништена до темел. Нивната кадровска политика е сведена на бизнис врски и интереси.
Мила Царовска преку ноќ стана потпретседател! Имбецилот, со две мозочни клетки, кој забранува зборови во речници и книги, притоа ја имплементираше ХЕРА програмата во нашиот образовен систем! Прва мерка на идната власт мора да биде укинување на "реформата" на Мила.
Рада, која повеќе од 20 години е на политичкиот врв (класичен елитист), а притоа го доживеа најголемиот дебакл како претседател на таа партија, сеуште се матка во политичките води. Досега мораше да биде во длабока политичка пензија.
Шилегов, градската пијанија, која преку ноќ се проби на политичкиот врв.
Битиќи е ставен само затоа што е Албанец! Го "замени" Закири кој од новинар стана пратеник, а преку ноќ и потпретседател на Сдссм!
Венко Филипче, која мизерија и патетика од човек откако се фати за политичкото оро, стана потпретседател на таа партија! Херојот кој "одлично" се справи со Ковид пандемијата. Ок, има политичко педигре. И татко му беше и доктор и министер. Сигурно е многу горд на својот син!
Каква е оваа кадровска политика? Кои се овие луѓе? Само Оливер е дете на Сдссм.
Во самата партија имаше раскол. Променија многу имиња кои можеа да дадат подобар изборен резултат! Куманово ќе им биде трн во око, иако разликата е 20тина гласави, не гледам како ќе победат таму.
Заев беше реизбран на едни смешни избори, каде беше еден единствен кандидат за претседател. Макар да ставеле некоја јадна душа, колку да речат дека имало изборен легитимитет. Ништо. Класично комунистички.
После 30 години, во самата партија нема никакви значителни инвестиции. Машинеријата работи пред избори, ќе купат компири, брашко, зејтин и свршиле работа. Блискоста со народот се одржува само ако имаш отворени претставништва во секое поголемо населено место. Да, има отворени денови во општините и да има Барање за средба со градоначалникот, ама отвореноста за критики, па и директното инволвирање во секојдневните проблематики на луѓето нема да им наштети. Нека стават некое дете да работи, нека се пробива низ партиската пирамида, нема да заборави од каде доаѓа.
Социјал-демократијата, само по себе, е една од најлошите идеологии. Лажен мамец за средната и ниска класа, која кај нас не гласа за Сдссм. Не гласа. Гласовите им се од поурбаните средини, а не од руралните.
Самата идеологија подразбира огромна инволвираност на самата власт во уредувањето на општествените односи!
Ни малцинствата не треба да гласаат за Сдссм (имаат свои матични партии, и да, дел се привезоци на Сдссм)! Тоа е лажна слика, претставување концепт на штета на посветениот и трудољубив граѓанин кој не влегува во таа шема, па и не е член на нивната партија. Младите и понатаму ја напуштаат оваа држава!
Политизираноста остана, корупцијата се зголеми, ние сме сеуште полициска држава, судството не е слободно, па и на еколошки план не се покажаа во најдобро светло. Прва идеја на Шилегов, за справувањето со загадувањето беше да се пометат улиците! Маестрално!
Секогаш, во праксата, партијата која има одлични резултати прва одржува прес. Губитничката чека некои поповолни резултати колку да го задржи оптимизмот и еуфоријата во своето гласачко тело. Сакаат оптимизам, мислам дека ќе победат во Центар.
И мене ми се допаѓа тоа што Сдссм пропаѓа.