- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 30.990
- Поени од реакции
- 74.090
Е ова е врв. Иако овде кандидатите беа мој до моега. Оној мисирон од Сдс, вмро потфрли со изборот, Левица имаше добар кандидат, ама мала партија никогаш не би победила.Официјално во Карпош Стевчо оди во втор круг и со поддршката на вмро дпмне може да победи. Карпош го зема приматот на најглупа општина.
Да го изгласаш Подржикоњ пак за градоначалник, со 74 стана од минатите мандати, треба да си лоботомиран или да си играш курташак. На местото на Карпошани, не би знаел кого да одберам во втор круг. Стевчо ми е еден од најодвратни ликови со последниот мандат, ама овој од Водовод е таква мисиротина, што изборот е стварно тежок.
Горе-доле ги очекував резултатите, иако мора да признаам дека бев изненаден од некои.
Не очекував толкава победа на Муцунски во Аеродром, дечкото е за повисока функција, а мислев дека Аеродромци би изгласале некој од таму, што има дури и во МЗТ вложувано. Сепак, типчето е тежок биљмез и заслужено изгуби ко вол. А и потценив колку Аеродром е станата „провинциска“ општина, сигурно да споредиме кој живеел во 2010 таму и сега, повеќе ќе има што се доселиле во Скопје, отколку што во тој момент живееле таму. Гнасотилук од населба ја направија, 6 милијарди згради нафукаа, блам тежок.
Апсолутно не очекував дека Шилеџе ќе губи во Скопје. И уште не сум сигурен дека ќе загуби, затоа што таа пијандура е куш о боси со браќата. Лично он е близок со клан Грчец и очекував дека има да биде излезност од 102,3% во општина Сарај. Изгледа се чуваат за вториот круг, нормално на сметка на пазарење за други општини или други привилегии.
Оваа Данела ми е подеднакво антипатична, така што не ни планирам да излезам на втор круг. Дури да го кандидираа Коце ќе го гласав со две раце, ама оваа ми е мееееех. И овде потценив колку е омразен Шилеџе меѓу Скопјани. Ќе биде јака борба во втор круг, од која нормално, како губитници ќе излезат македонците.
Не очекував дека СДС ќе губи во Битола во прв круг. При толку прлена фара и слично, да изгубиш од Коњановски, шта речи. Сепак и овде е можен пресврт, со многу пазарења.
Не знам како поминувале македонските партии во Кичево во минатото, но овојпат поминале солидно на советничките листи. Не знам како ќе биде распределбата на местата, ама сигурно ќе бидат тука некаде со албанските. ВМРО влегува во втор круг, но секако нема да дозволат албанците да ја загубат општината, особено што како трета сила се јавува најголемиот џган од УЧК. Ќе има пазарења со ДУИ.
ДУИ (во коалиција со алијансата) ДОБИ МНОЗИНСТВО ВО СОВЕТОТ НА ЧАШКА!!!
Нека светка. Сепак, возможно е распределбата на членовите во советот да остане иста. Минатиот пат сдс имаше 4 члена, вмро 2, а дуи и алијансата по 2, но овојпат распределбата би била поинаква. Би требало ДУИ/АА да имаат 4 советници, ВМРО и СДСМ по 3, а независната листа на Муамед Ахмедов да добие 1 место. Во втор круг се надевам нашите ќе отидат здружено и нема да остават ништо на случајноста. Во втор круг отиде кандидатот на СДС, така што не верувам вмровците да остават градоначалник од ДУИ.
Одиме на она што мене највеќе ме интересира.
Процентите во советите на Левица, според досега објавените резултати.
Во Центар 12% (со големи ривали од Зелен хуман град, кои освоија скоро 12%), во Ѓорче Петров 14%, во Кисела Вода 15%, во Карпош 15% и во Аеродром над 17%. Во Гази Баба имаат некои 10%, во Бутел 7%, а солидно поминаа и во Велес 13%, Прилеп 8%, Битола 7% (тука голема конкуренција им беше Габриела со Поинаку и скоро 10%), Штип 8%, Неготино 9%, Охрид 6%, Македонски Брод 10%, Кавадарци 5%, Илинден 7%, Гевгелија 7%, а имаат и бајаги гласови во етнички доминантните албански средини. Пример, споредбено со СДС се 3 према 1, што е опдлично за релативно нова партија.
Кај мене во населба, ВМРО 48%, СДС 27% и ЛЕВИЦА со 17%. Има избирачки места каде што СДС и Левица имаат ист број на гласови. Ако ВМРО немаше јак кандидат за советник од наше маало, тогаш бројката кај Левица ќе беше поголема.
За оние што константно пљампаа дека Левица била финансирана од Заев, треба да ви пуштам споредба од резултатите за градоначалник на Кисела Вода и за советници. Јасно се гледа дека голем дел од луѓето гласале за Левица во советот и за кандидатот на ВМРО за градоначалник. А тоа се гледа и во другите општини.
Левица е топ и на ниво на Скопје. Скоро 9%. Пак ќе кажам, да не се појавеа Зелен хуман град или да ги споеја кадрите, ќе одеа многу повисоко.
Во албанскиот блок има да биде колење за Тетово и Гостивар. Да не си му во кожа на Заев, кого ли ќе поддржи