Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.991
Поени од реакции
74.099
Официјално во Карпош Стевчо оди во втор круг и со поддршката на вмро дпмне може да победи. Карпош го зема приматот на најглупа општина.
Е ова е врв. Иако овде кандидатите беа мој до моега. Оној мисирон од Сдс, вмро потфрли со изборот, Левица имаше добар кандидат, ама мала партија никогаш не би победила.
Да го изгласаш Подржикоњ пак за градоначалник, со 74 стана од минатите мандати, треба да си лоботомиран или да си играш курташак. На местото на Карпошани, не би знаел кого да одберам во втор круг. Стевчо ми е еден од најодвратни ликови со последниот мандат, ама овој од Водовод е таква мисиротина, што изборот е стварно тежок.

Горе-доле ги очекував резултатите, иако мора да признаам дека бев изненаден од некои.
Не очекував толкава победа на Муцунски во Аеродром, дечкото е за повисока функција, а мислев дека Аеродромци би изгласале некој од таму, што има дури и во МЗТ вложувано. Сепак, типчето е тежок биљмез и заслужено изгуби ко вол. А и потценив колку Аеродром е станата „провинциска“ општина, сигурно да споредиме кој живеел во 2010 таму и сега, повеќе ќе има што се доселиле во Скопје, отколку што во тој момент живееле таму. Гнасотилук од населба ја направија, 6 милијарди згради нафукаа, блам тежок.

Апсолутно не очекував дека Шилеџе ќе губи во Скопје. И уште не сум сигурен дека ќе загуби, затоа што таа пијандура е куш о боси со браќата. Лично он е близок со клан Грчец и очекував дека има да биде излезност од 102,3% во општина Сарај. Изгледа се чуваат за вториот круг, нормално на сметка на пазарење за други општини или други привилегии.
Оваа Данела ми е подеднакво антипатична, така што не ни планирам да излезам на втор круг. Дури да го кандидираа Коце ќе го гласав со две раце, ама оваа ми е мееееех. И овде потценив колку е омразен Шилеџе меѓу Скопјани. Ќе биде јака борба во втор круг, од која нормално, како губитници ќе излезат македонците.

Не очекував дека СДС ќе губи во Битола во прв круг. При толку прлена фара и слично, да изгубиш од Коњановски, шта речи. Сепак и овде е можен пресврт, со многу пазарења.

Не знам како поминувале македонските партии во Кичево во минатото, но овојпат поминале солидно на советничките листи. Не знам како ќе биде распределбата на местата, ама сигурно ќе бидат тука некаде со албанските. ВМРО влегува во втор круг, но секако нема да дозволат албанците да ја загубат општината, особено што како трета сила се јавува најголемиот џган од УЧК. Ќе има пазарења со ДУИ.

ДУИ (во коалиција со алијансата) ДОБИ МНОЗИНСТВО ВО СОВЕТОТ НА ЧАШКА!!!
Нека светка. Сепак, возможно е распределбата на членовите во советот да остане иста. Минатиот пат сдс имаше 4 члена, вмро 2, а дуи и алијансата по 2, но овојпат распределбата би била поинаква. Би требало ДУИ/АА да имаат 4 советници, ВМРО и СДСМ по 3, а независната листа на Муамед Ахмедов да добие 1 место. Во втор круг се надевам нашите ќе отидат здружено и нема да остават ништо на случајноста. Во втор круг отиде кандидатот на СДС, така што не верувам вмровците да остават градоначалник од ДУИ.

Одиме на она што мене највеќе ме интересира.
Процентите во советите на Левица, според досега објавените резултати.
Во Центар 12% (со големи ривали од Зелен хуман град, кои освоија скоро 12%), во Ѓорче Петров 14%, во Кисела Вода 15%, во Карпош 15% и во Аеродром над 17%. Во Гази Баба имаат некои 10%, во Бутел 7%, а солидно поминаа и во Велес 13%, Прилеп 8%, Битола 7% (тука голема конкуренција им беше Габриела со Поинаку и скоро 10%), Штип 8%, Неготино 9%, Охрид 6%, Македонски Брод 10%, Кавадарци 5%, Илинден 7%, Гевгелија 7%, а имаат и бајаги гласови во етнички доминантните албански средини. Пример, споредбено со СДС се 3 према 1, што е опдлично за релативно нова партија.

Кај мене во населба, ВМРО 48%, СДС 27% и ЛЕВИЦА со 17%. Има избирачки места каде што СДС и Левица имаат ист број на гласови. Ако ВМРО немаше јак кандидат за советник од наше маало, тогаш бројката кај Левица ќе беше поголема.

За оние што константно пљампаа дека Левица била финансирана од Заев, треба да ви пуштам споредба од резултатите за градоначалник на Кисела Вода и за советници. Јасно се гледа дека голем дел од луѓето гласале за Левица во советот и за кандидатот на ВМРО за градоначалник. А тоа се гледа и во другите општини.

Левица е топ и на ниво на Скопје. Скоро 9%. Пак ќе кажам, да не се појавеа Зелен хуман град или да ги споеја кадрите, ќе одеа многу повисоко.

Во албанскиот блок има да биде колење за Тетово и Гостивар. Да не си му во кожа на Заев, кого ли ќе поддржи :P
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.671
А Неџат жжкај е, некоја трага?
Каша му е. Незнае кај тера по дома се лупа по ѕидови бутка слики тенџериња. Го чека Политико да му влее грам надеж.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
@Saber Rider

Не би рекол дека изгубија Македонците..напротив со влегвањето јако на Левица во советите ќе има повеќе забава и јавно ќе се обелодени коалицијата Сдсм и Дпмне :D
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.607
Поени од реакции
37.550
За оние што константно пљампаа дека Левица била финансирана од Заев,
Димитар Апасив како советник на СЈО во 2016 година за 6 месеци земал хонорари во висина од 330.000 денари, според алатката „Отворени Финансии“.

apasiev-sjo.jpg

...сите видовме што и како со СЈО, така да пљампањето има основа за пљампање! :cautious:

joci-status.png

:toe:
 
Последно уредено:
Член од
1 април 2017
Мислења
283
Поени од реакции
44
Врз која основа во една општина се оди во втор круг, дали ако има излезеност под 50% тогаш се оди во втор круг или има некоја друга финта?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.306
Поени од реакции
26.204
Врз која основа во една општина се оди во втор круг, дали ако има излезеност под 50% тогаш се оди во втор круг или има некоја друга финта?
Ако нема кандидат кој има освоено 50% + 1 глас од излезените гласачи, при што за градоначалник да се избере во прв круг мора да излезат бар 30% од запишаните.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.991
Поени од реакции
74.099
Врз која основа во една општина се оди во втор круг, дали ако има излезеност под 50% тогаш се оди во втор круг или има некоја друга финта?
За да се фати цензус во кругот, потребно е да има излезност од повеќе од една третина од гасачите.
Ако има таква излезност и еден кандидат освои над 50% од гласовите (50% + 1 глас), тогаш истиот победува во прв круг. Притоа, во процентот на освоени гласови влегуваат и неважечките ливчиња.
Втор круг има онаму каде што ниту еден кандидат не освоил 50% + 1 глас.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
Димитар Апасив како советник на СЈО во 2016 година за 6 месеци земал хонорари во висина од 330.000 денари, според алатката „Отворени Финансии“.

Прегледај го приврзокот 310322

...сите видовме што и како со СЈО, така да пљампањето има основа за пљампање! :cautious:
ili po prosek nesto pod 900 evra od mesec za rabota vo 6 meseci.
nisto spektakularno vo odnos na pari.
negovata uloga tamu ne e poznata dodusa, dali samo si odrabotil nekoj bonus pa isprale pari preku toa, mozebi imal nekakva involviranost vo slucaite.
ke ostani misterija zasega :D
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.791
Поени од реакции
8.213
Јас како жител на Тетово искрено мислам дека ништо нема да се смени кој и да победи дури и од сега веќе од двата кандидати што влегоја во втор круг.

Сепак во втор круг само посакувам да изгуби Теута.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.613
Поени од реакции
7.743
Левица во Скопје зеде доста гласови од незадоволни од двете најголеми партии, но во остатокот на државава ги зеде гласовите на Единствена Македонија на Бачев.
За која пасокизација зборува Апасиев кога нивното гласачко тело е десничарско.
Но сега следува замката, ако во советите коалицираат со дпмне тогаш ќе станат нивна приврзок партија и изгледни шанси да ги изгубат тврдокорните кои се против дпмне.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.607
Поени од реакции
37.550
ili po prosek nesto pod 900 evra od mesec za rabota vo 6 meseci.
nisto spektakularno vo odnos na pari.
negovata uloga tamu ne e poznata dodusa, dali samo si odrabotil nekoj bonus pa isprale pari preku toa, mozebi imal nekakva involviranost vo slucaite.
ke ostani misterija zasega :D
... не е тоа „работа“, туку дополнителна работа т.е. хонорарна работа!
затоа барем лично внимателна сум и не се залетувам во ентузијазмот на Апасиев, восхитена сум од негови настапи и дебати, но сепак со резерва впрочем спомнав дека можеби е само Тројански коњ, затоа треба дополнително во иднина да се докаже за тоа што се пљампа наоколу!
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Димитар Апасив како советник на СЈО во 2016 година за 6 месеци земал хонорари во висина од 330.000 денари, според алатката „Отворени Финансии“.

Прегледај го приврзокот 310322

...сите видовме што и како со СЈО, така да пљампањето има основа за пљампање! :cautious:

Прегледај го приврзокот 310323

:toe:
И јас сум бил тука и кога би го вратил времето назад, пак би излегол. Она што никогаш не би го направил е да гласам за партија која легализира косовари, мења ставови на 3 месеца во однос на тоа дали пописот е етноинжињеринг или не, моли за гласови кај коалиционите партнери кај кои едно изборните ветувања е дека ќе бркаат Македонци од работа
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.868
Поени од реакции
36.915
Каков дебакл ги задеси во Скопје, уште не се свесни.


Најмногу гласови СДСМ загуби во Аеродром, каде што Златко Марин пред четири години победи во првиот круг со 22.559 гласови, а сега Александар Филиповски има освоено 6.205 гласови по преброени 71% од гласовите.


Во Карпош, Стефан Богоев победи во првиот круг со 21.278 гласови, а Душко Весковски собра 9.038 гласови, по преброени 94% од гласовите.


Во Кисела Вода, Филип Темелковски на минатите избори во првиот круг освои со 17.154 гласови, додека истиот кандидат сега има 7.299 гласови по преброени 95% од гласовите.


Во Центар, Саша Богдановиќ победи со 17.916 гласови во прв круг, а сега Горан Герасимовски има 7.837 гласови по преброени 87% од гласовите.

Во Бутел, Велимир Смилевски во првиот круг освои 10.063 гласови, а сега истиот кандидат има 6.831 глас по преброени 100% од гласовите.

Во Гази Баба, Борис Георгиевски во првиот круг освои 17.591 глас, а сега истиот кандидат освои 8.766 гласови по преброени 100% од гласовите.

Во Ѓорче Петров, Александар Наумовски пред четири години победи во првиот круг со 13.155 гласови, а сега истиот кандидат собра 5.272 гласови по преброени 80% од гласовите.


:sramezliv::sramezliv::sramezliv:
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.724
Поени од реакции
12.733
Вкупно гласови на советнички листи на досега пребројани според веб-сајтот на ДИК:

ВМРО-ДПМНЕ 281.033
СДСМ 232.930
ДУИ 103.790
АА/А 55.599
Левица 47.149
БЕСА 25.347
ЛДП/ДОМ 24.007

* Уште малку гласови остануваат да се бројат во Аеродром, Велес, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Куманово, Прилеп, Радовиш, Ресен, Центар и Чаир. Другите се 100%

/од Твитер
Па според овие бројки, изглеа како ВМРО да изгубиле 40,000 гласови.
„Традиционално“ последниве 15тина години, ВМРО вадеше 320-400к гласови, додека СДСМ се држеше на тие 240к ( не ги броиме последните пар години кај што напумпаа 80к од Албанците )

Мицко и ВМРО мора да сфатат дека „победава“ им е чисто ради 5 години катастрофа на СДС, не дека ВМРО нешто особено понуди.
Поточно, бројкава баш тоа го покажува. Сталните гласачи пак си гласаа, што верувам има многу „неопределени“ што пак го гласаа ВМРО од што немаа некоја друга опција/не верувајќи во капацитетот на Левица да направи разлика.
Во зависност на тоа како ќе се покажат во наредните 18месеци ( и доколку ја намалат експонираноста на Че Гевара умислените фаци ), оваа бројка на Левица комотно може x3 да отиде, и тоа повеќе на сметка на ВМРО него ли на СДС.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
За која пасокизација зборува Апасиев кога нивното гласачко тело е десничарско.
ПАСОК е земен како пример како може една Курто или Мурто партија да ја изеде помрачина. Моделот се потенцира не ориентацијата.
Автоматски споено мислење:

... не е тоа „работа“, туку дополнителна работа т.е. хонорарна работа!
затоа барем лично внимателна сум и не се залетувам во ентузијазмот на Апасиев, восхитена сум од негови настапи и дебати, но сепак со резерва впрочем спомнав дека можеби е само Тројански коњ, затоа треба дополнително во иднина да се докаже за тоа што се пљампа наоколу!
Може на крај ни Апасиев нема да биде тој што ќе им дојде до ак на комуњарите или на дрпмнето, битно е народот да свати дека има чаре и дека волкот не е така страшен колку што го опишуваат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom