Имам еден близок пријател од СДС и нивен советник е во една општина, понекогаш се рчкаме за политика.
Ми вели дека не се плашел од Мицко, туку од Васко Ефтов што е на страна на Заев. Немало поголем малер од Васе. Кога бил за Бранко, ДПМНЕ победувала, кога плукал по Заев, овој формирал влада.
Ме изнасмеа, но во право е човекот, ако почне Васе да одработува за тебе, блиску ти е крајот. Не е ни чудо што САД сега трпат удари, откако Васе стана Американец и не ги доведува повеќе од Белград неговите теоретичари на заговор и експерти за геополитика.