Васко Ефтов, овај Македонскиот Маричич.
Не дека го бранам Камиказа, ама Ефтов е дно од новинар. Застанат некаде пред 2010 со форматов на емисииве. Иако, се наоѓа по некоја фина емисија, 1 или 2 во сезона, обично за геополитика, нешто ретро за Македонска политика или по некоја кликбејт теорија на заговор.
Тежок его-центрик кој за жал, изгледа не знае убаво англиски и затоа е приморан сите вести и сите методи да ги собира од овде овие простори.
Како лесно си поставува "мостови" и си поврзува работи, од ракав онака. Плус, тежок bullshitter.
Се сеќавам пред неколку години, имаше една емисија со Југослав Петрушич... и тече емисијава, зборат за ОНА/УЧК и цело време демек ќе објави некои ЕКСЛУЗИВНИ слики од нивните кампови, наоружувања и тн и тн и тн.... Како што иде емисијата, уклучувам нов таб на Chrome, пишувам "KLA(УЧК на англиски нели) 2001" и ми искачаат истите слики што овој ги најавува како ексклузивни, постирани и поставени пред доста години на милион светски портали.
Извини баце, ама you cannot bullshit a bullshitter.
Ако е он крем де ла крем во новинарството, што повеќе да се каже за состојбата со медиумите во државава...
Но, мора да се признае и работохолик е, пошто за жал, мора масивно да се спрема за интервју, освен оние негови финтички, поврзувања и провокации како од кооперација излезени кои му се всадени. Секад бил слаб кога гостувал во живо и на рандом теми.
Затоа и емисијата му е таква каква што му е... провокаторска, сечи, лепи, монтирај, не може гостинот да испадне повеќе од мене во емисија.
Тоа па порталот како му е пишуван, мамо мила. Од ракав вадење... 90% од темите, "Tи дечко со Груевски на исто сонце изглеа имате гаќи сушено... Значи ти си колаборационист на режимот". Саше политико 2.0, односно Маричич у покушај.
Да влезе некој со сериозен план, сериозна дарба и со широк спектар на теми во себе со еден подкаст (не мора нужно политички да е), има тоа све да ги бутне како кула од карти. За жал, сеуште сме во почеток на тој развој на алтернативни медиуми и си гледаме креатури како Ефтов или Палчевски, или емисиите од ТВ прелеани на Јутјуб.
А и сеуште допаминче добиваме од скандали, провокации, станувања во емисии, вреѓање, пцовки, интриги и тн и тн. Јеби га, Џери Спрингер Шоу, Голи Живот и таквите нам ни се репер за емисија.
Од ликови "што знае овој повеќе од мене, ја сум господ бог на планетава и ја сум сеопшт експерт за све" си патиме.
Вистински новинар интелектуално ќе ја истера поентата што сака да ја направи. Уствари ти не треба да исправаш криви дрини на емисија, него треба да го натераш гостинот убаво да се чувствува и со длабоко формулирани прашања да го направиш да се осеќа неугодно, а не со ефтини финти и провокации, кои патем да кажам дека подоцна се шминкаат, филуваат или пак цели разговори се сечат