Зошто девојките не ги сакат добрите момчиња?

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.648
Поени од реакции
35.209
Да, и жена му на Безос е реализирана жена, ама откако се разведе од него и му зеде пола од парите. :pos:
Што води кон следново, позади секоја реализирана жена се парите на разведениот сопруг или пак наследство. :ROFLMAO:
Значи глупи сте или со сила се правите будали :toe:

Муабетот е дека не може да се генерализира. Муабетот е дека секоја единка, секоја индивидуа е посебна, и секоја претставува една приказна. Колку мажи, толку жени, толку приказни. Секоја своја на свој начин.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.776
Поени од реакции
2.754

мхм, да, сигурно.
 
O

onefifty

Гостин
Знаат бе што сакаат.
Сакаат да си мангуп, да имаш кеш, да имаш моќ, да имаш висок социјален статус... некогаш сакаат да ги отвориш ко паштета, некогаш сакаат романтика и нежност.
Сакаат да имаш убава фризура, да имаш јак jawline... сакаат да имаш добро тело, широки рамења...
Сакаат да им посветуваш доволно внимание, посесивни се, љубоморни, не смееш други работи да правиш за други луѓе, не дај Боже жени.
Сакаат да патуваат и другите да знаат за тоа.
Сакаат да се споредуваат со други и да бидат супериорни во секое поле.
Сакаат да биде по нивно и да имаат контрола.
Сонуваат за свадба од соништата каде што сите ќе се диват на нејзиниот фустан и сите ќе ја гледаат кога го игра првото танго.

И кога ќе имаш сè тоа, или ќе ѝ удоволиш се тоа, неретко се случува да посакаат да имаат „мир“ и да ти украдат скоро сè и да ти го загорчат животот, болејќи ги пичка за децата, па се разведуваат.
Не знам дали ме сфати првично што мислев али од друга страна ме изненади колку добро си запознаен со жени. Најмалку од тебе очекував ова. :icon_lol:
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
И Ана е успешна и реализирана жена, прима балерина, сопруга на Сашо и според чаршиските муабети често во сексуални односи со Орце, првично наследник на семеен бизнис и милиони. :icon_lol:
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.130
Поени од реакции
30.225
Да, и жена му на Безос е реализирана жена, ама откако се разведе од него и му зеде пола од парите. :pos:
Што води кон следново, позади секоја реализирана жена се парите на разведениот сопруг или пак наследство. :ROFLMAO:
Ej, zena mu Makenzi i Jeff zaedno go oformile Amazon, bila prviot sorabotnik na Bezos na samoot pocetok, i toj ja izvaral so nejzinata (ne tolku ubava) bliska prijatelka.
Zenata gi zasluzuva tie pari.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Како од Марс да сте паднати:icon_mrgr:

Во Македонија имам сретнато прилично голем број на реализирани жени. Зависи во каков круг на луѓе се движиш :toe:.

Заеби тие приказни „позади секој успешен маж, стои жена, или позади секоја успешна жена стои маж“, тоа се приказни за мали деца. Тоа се приказни за оние лепотиците на Перо. Единствено тие можат да си се тешат со тие бајки. Реалноста е сосема поинаква.
Сакаш да ми кажеш дека Роналдо немаше да биде тоа што е, ако до него не стоеше Ѓеоргина?:sneaky: Или пак Никола Тесла не ја измисли струјата затоа што позади него не стоеше жена? Или пак сиромашната самохрана мајка (така тврди) Џ.К. Роулинг беше помалку успешна без маж/татко позади себе? И вакви примери имаме еден куп. Исто како што имаме примери кои ги спомена и ти, вујко владика, транзициски татко, нашиот Перо од приказнава и сл.

Позади секој успешен ЧОВЕК, стојат еден куп душмани, кои го праватда станува уште поуспешен, не заради нив. Туку затоа што си ја гледа сопствената работа и сопствениот двор. Човекот е надградливо суштество.

Што подразбирам под реализирана жена веќе објаснив. Ама ајде да нацртаме:pipi:
Тоа што Станко завршил Финки и бил со сите 5-ки и имал примерно поведение, не го прави Станко способен човек. Станко со таа диплома од Финки ќе си биде можеби најдобар експерт во својата област, ама од друга страна, тоа не го прави способен човек за врска/брак, ме разбираш? Дипломата по автоматизам не значи способност. Станко може да има диплома од Харвард или од Сорбона, ама џабе. Петре може да има завршено средно училиште, ама да биде способен човек. Таа способност не се учи на нити еден факултет. Таа способност или се добива од раѓање или пак се стекнува низ сопките во животот.

Никаде не реков дека Рајнето ќе биде реализирана жена ако работи како програмер. Програмерството под дифолт не значи реализираност. Реализирана жена според мене може да биде и фризерка, адвокатка, слаткарка, писателка, па дури и домакинка. Се зависи кој како си ги подредил своите приоритети во животот, и што е она што таа личност ја прави среќна и исполнета.
Трајанка од Дедебалци може да се смета за успешна и реализирана жена земјоделка на пример.

Трајанка станува среќна и весела во 6 часот секое утро, му вари кафе на нејзиниот Петре, па спремно седнува од неговата лева страна на неговиот Тома Винкович и заедно одат да копаат компири. Сето тоа Трајанка ја исполнува, таа е среќна и задоволна со тоа што го има. На оваа наша Трајанка не и требаат дипломите, нејзе и треба Петре. Затоа што Петре го има тоа што нејзе и треба. Кога ќе се вратат дома од нива нема да решаваат равенки со 3 непознати, или пак ќе објаснуваат како е изведена електричната инсталција помеѓу 2 магнетни полиња:icon_mrgr:
Муабетот важи за жените, не за мажите, ние во секој случај сме сами во гомната :D

Напиша толку голем реферат, и пак не даде прецизна дефиниција како да препознаеме успешен и способен маж?

Ете за жена сфативме дека само ако е среќна, автоматски е и реализирана (тешко да постои ваква, минимум една недела во месецот на скоро секоја и е крив цел свет).

Дали ако јас сум среќен кога ќе станам, значи дека сум реализиран и спремен за женачка?
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
И Ана е успешна и реализирана жена, прима балерина, сопруга на Сашо и според чаршиските муабети често во сексуални односи со Орце, првично наследник на семеен бизнис и милиони. :icon_lol:
Сашо кутриот па рогоња, жена нема на страна пипнато, море какво пипнато, погледнато! По улица кога оди со главата надоле да не случајно му влезе у кадар женско :(
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Ова е многу актуелно изминативе години и баш за такви "nice guys" се работи поточно оние кои пробуваат преку фино однесување да дојдат до некоја девојка и за кога истата ќе ги одбие да се претворат во најголеми женомрзачи.
На редит има цел подфорум на оваа тема каде женски постираат скриншотови од такви дешавки, баш пред некое време го листав и се изнагледав свашта, многу бедно и очајно делуваат.
Еве линк, сортирајте ги само Top постовите неделно/месечно/годишно за да не читате свашта
Најголемиот проблем е кога некој пробуе да е фин со типка, како стратегија за да ја ќари. Тоа е уберфејк и се утиња поентата зошто е важно да бидеш фин и добар. Треба да си фин со типки, односно треба да си фин со сите луѓе бидејќи генерално е океј да си фин со луѓе. Ствари ко почит, емпатија итн., треба да се животни принципи што ги применуеме со сите луѓе. Секогаш се исплати да си добар, помалку луѓе ќе те мрзат, помалку луѓе ќе повредуваш, ќе имаш повеќе пријатели и здраво е за психата. Ако веруеш дека „мора да си говнар", ќе се понашаш така, ќе се понашаат со тебе така/ќе ти изглеа дека се понашаат така и ќе се деси самоисполнувачко пророштво. Истово важи и за романтични вези.

Али да си добар, не значи и да си наивен. Кој/а не го поштуе тоа што си добар може да брка работа. Исто така не треба да си добар кон луѓе бидејќи се осеќаш инфериорно и бараш валидација од другите со тоа што им се улижуеш. Така ќе ти изглеа дека сите се шупаци кон тебе, па и жените на кои им се умилкуваш.

Најбоље е да имаш здрава самодоверба (self-compassion), да си добар со сите и да имаш здрави граници. Јас пробувам да сум добар и со другари, другарки, девојки со кои одам, девојки на кои им се пуштам, рандомци и сл., бидејќи тоа е хумано. Некогаш не сум добар, али се трудам. Тргам од премисата дека комуницирам со човек ко мене, со грижи, мотивации итн. И не очекуем ништо, ниту да ме свиѓа, ниту да праи нешто со мене. Не е тоа трговија. „Ја бев фин, она не ми даде". Па не те свиѓала, јеботе. Не е дужна да те свиѓа пошто си фин со неа. Треба да си фин под дифолт. Тие не ја сфаќаат таа битна разлика помеѓу бивање „добар" и стварно бивање добар. И ради тоа не им иде. Кога ќе си ги сменат глупите перспективи, па место праење стратегии за да ебат, стварно ќе бидат фини без да очекуваат нешто, ќе приметат дека тоа е сосема различна комуникација - па ќе имаат повеќе пријателки и девојки.

Многумина од нив немаат ниту една пријателка за да видат како е да си близок со девојка на људско ниво. Не излагаат со женски друштва, мешани друштва или другарки за да имаат пореалистични перспективи. Они се банда од мажи за кои жените остануваат мистика од Венера - мистични еднорози за кои читаат од други инцели, шовинисти, пикап артисти и други дигимони на интернет. Тоа е најдобрата рецепта како да станеш пацер. Кога имаат сусрет со вистински девојки, најчесто се понашаат ко второодделенци.

Има некои заеднички карактеристики што ги приметуем кај пикап артистиве, екстремните шовинисти и/или кај инцели (ова не се взаемно исклучиви категории). Не сите ги имаат сите карактеристики, ама имаат една или повеќе: интровертност, асоцијалност, социјална анксиозност, репресирани чувства, у спектарот на аутизмот, мало ниво на согласност (agreeableness) и емпатија (ова особено за пикап артисти), мала самодоверба/фрагилна нарцисоидност и висока невротичност. Интересно е тоа што слични карактеристики имаат и токсични феминистки. Ваљда истата болештија, само од другата страна на паричката. И ради тоа тешко им е да емпатизираат, тенки се социјални вештини и емоционална интелигенција. Да не бидам погрешно сфатен, некад стануе збор за став што си го прифатил ради другарите у маало, васпитање од дома и други културолошки фактори. И ја сум бил у таа позиција и сум имал такви ставови во некој период од животот.

Надминуење на најс гај бариерата само со бивање најс гај поради вистинските причини. Другото е фејк. :D
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.648
Поени од реакции
35.209
Муабетот важи за жените, не за мажите, ние во секој случај сме сами во гомната :D

Напиша толку голем реферат, и пак не даде прецизна дефиниција како да препознаеме успешен и способен маж?

Ете за жена сфативме дека само ако е среќна, автоматски е и реализирана (тешко да постои ваква, минимум една недела во месецот на скоро секоја и е крив цел свет).

Дали ако јас сум среќен кога ќе станам, значи дека сум реализиран и спремен за женачка?
Нема дискусија на испревртени зборови.
Само одговорив на твоите прашања. А таму никаде не беше наведено како да се препознае успешен и способен маж.
Мажите се фаќаат за жените како слеп за стап, вакви биле, такви да биле, без при тоа да кажат и објаснат какви се мажите.
Јас можам да зборувам од страна на жена. А вие како жените на чешма, жените не чинат, :pipi:

Одјава
Автоматски споено мислење:

Шаховска аналогија! :love:

Кралицата е најмоќната фигура во шахот, може да оди во секоја насока, само не може да фати кривина како коњот. Во право си, животот не е шаховска табла. :D

Ќе продолжам со аналогијата. Во шахот секоја фигура си има своја улога, но и свое значење (вредност изразена во поени). Партијата е речиси готова кога ќе се загуби кралицата за мала или никаква компензација. Секој сака што подолго да ја има кралицата на некое сигурно и активно поле.

Кралот, пак, е најпасивната фигура која не треба да се освои, туку да се победи. Најчесто седи во еден агол и го "чека" исходот од партијата. Партијата е готова кога ќе остане без поле и ќе биде во шах.

Но...пропушташ еден битен момент, а тоа е фактот дека секој пион може да стане кралица. Така...само една фигура е незаменлива. :vrtioci:

Не сакам да настапам сексистички, ве понесе "Дамски гамбит". Тука треба да се пишува за тестостеронот. Ама тоа во "Феминизам". Плус е надвор од аналогијата.

Сигурна си дека сакаш да останеме на полето на шахот? :sneaky:

пи.ес. Ми пишаа дека сум се исфеминизирал! :pipi:
Кралот е најважната фигура во шахот. Пасивно си гледа, си чека другите да го бранат, да водат битки. Играта е готова кога му се блокирани сите пристапи, или во предвод кога е доведен ептен во тесно, па нема каде да оди. Скриен во тој некој агол чекајќи некој друг да му ја заврши работата. Подло нели?
Од друга страна кралицата е најмоќната фигура, точно. И заменлива со еден обичен пион. Жално нели?

Е сега со оглед на тоа дека животот не е шах.
Ако некој не е спремен да биде крал, нема потреба некоја да биде негова кралица и да ги води неговите битки. Скриен во некое ќоше да си чека, таа да заврши се за него. За утре да ја замени со пион :pipi:

П.С. Шахот е една од најубавите игри
 
Последно уредено:
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.902
Поени од реакции
25.243
Значи глупи сте или со сила се правите будали :toe:

Муабетот е дека не може да се генерализира. Муабетот е дека секоја единка, секоја индивидуа е посебна, и секоја претставува една приказна. Колку мажи, толку жени, толку приказни. Секоја своја на свој начин.
Батали. :)
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.673
Поени од реакции
42.245
Не знам дали ме сфати првично што мислев али од друга страна ме изненади колку добро си запознаен со жени. Најмалку од тебе очекував ова. :icon_lol:
Анон е доктор, напамет ги знае постовите на сусаро и кога ќе му излезе некоја ситуација со женска одма го вади тефтерот да се потсети
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Нема дискусија на испревртени зборови.
Само одговорив на твоите прашања. А таму никаде не беше наведено како да се препознае успешен и способен маж.
Мажите се фаќаат за жените како слеп за стап, вакви биле, такви да биле, без при тоа да кажат и објаснат какви се мажите.
Јас можам да зборувам од страна на жена. А вие како жените на чешма, жените не чинат, :pipi:
Само дискутираме, не си земај при срце.

Еве јас сум радознал дали за мажите важи истата дефиниција како и за жените: дали маж што се буди среќен е реализиран маж и спремен за женачка?

Инаку не ги кудам жените, напротив, јас ги оправдувам дури и спонзорушите.
На крај од денот и со клошар и со чорбаџија, во кревет ќе го прави истото. Само што клошарот нема да може да и купи ни гаќи од 3 за 100ка, а некој со кеш ќе и ја даде картицата да си купи 20 пара bonati/lisca или што ти знам. Клошарот ќе ја однесе во Охрид на одмор да си ги крши нозете во камењата и да пржи пиперки што ги носат од дома во гепек (чунки скапи се во ОхриТ), а овој другиот ќе ја однесе на некој остров со фул аранжман и послуга.
 
Z

zmej gorjanin

Едно прашање. Какво е чувството кога знаеш дека жена ти те одбрала само пошто можеш да и дадеш картица да си купи што сака?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom