Се наоѓам у една куќа, гледам нешто на прозорите заради заштита да не влезе некој најверојатно, едни плочи на клизачи се поставени. Го мрдам еден лево десно да видам што се случува, на тркалца се, иначе плочите се исфарбани со разни бои, преовладува црвена нешто како ќерамида боја, со жолто и плаво....некои апстрактни линии. После тоа одам да проверам влезна врата и ходник, гледам ок е и се качувам горе на плоча. Гледам базентче убаво и се осеќам некако среќен, ама од страна е неосигуран, нема ограда и може да паднам....пазам да не се лизнам по плочки додека одам по крај. Горе на плочата се ноѓа базентот, а на една бетонска греда гледам седат некои тинејџери, се чудам како дошле, после ги поврзувам работите и си викам од кров на кров некако скокнале, затоа што куќите се блиску една до друга. Си прават муабет, пробувам да им ги видам лицата ама се кријат....тројца четворица, од кои едно девојче. Си мислам не се непријателски настроени штом така само си разговараат. Горе исто така се наоѓа едно како собичка со кров од ќерамиди, влегувам таму, темно е и тука негде се будам.
Се осеќав некако ем убаво од причина што куќава беше убава, а од друга страна несигурно заради некоја опасност од негде, немам појма што. Се осеќам како скоро да сум се доселил, и сега ја испитувам куќава.