Па јас не би рекол дека баш за една децимала им се најдува разлика. Грее добро ги напумпува вредностите на хартија, вака грубо кажано помеѓу 10 и 20%, па кога ќе дојде за тестирање ќе се покакаат, како што направија на финскиот тест.
Е сега предноста на Eurovent-от е што овие декларирани вредности се проверуваат од трета страна и без совпаѓање на резултатите нема сертификат.
Еве и Gree во ERP тестирал по EN 14511 и VTT тестирале по EN 14511 ама вредностите се комплетно различни.
Прегледај го приврзокот 309201 Прегледај го приврзокот 309202
Еве по ERP Amber Nordic 25 на -15 дава 4,1KW, што далеку од резултатите од тестот каде на -15 дава 3,6KW. Барем COP од 2,1 им е точен.
На -30 вредностите се драстично различни. Еве по ERP Amber Nordic 25 на -30 дава 3,9 KW, што далеку од резултатите од тестот каде на -30 дава 2,4 KW. Овдека и COP им е деклариран од 2,1 а во реалноста е околку 1,5.
Ако се споредат пак декларираните вредности кај Mitsubishi на пример, ќе може да се види дека има комплетно совпаѓање на декларираните вредности со оние од тестот.
Линк од ERP
https://www.scanvarm.fi/wp-content/uploads/2021/04/erp-report-amber-25-a2.pdf
Линк од VTT тест
https://www.scanoffice.fi/wp-content/uploads/sites/11/2018/11/S-04171-18-printed-version.pdf
Во вакви случаи и историја на пумпање на перформансите на хартија кај Gree прашање е колку и овие декларирани 3,6KW кај Fairy се вистинити. Доколку се напумпани за 10-20% како кај Amber-от, тогаш стварниот капацитет би бил околку 3KW на -15 што сепак не е бројка за занемарување.
Од друга страна пак климата се продава за над 50.000 ден што не е мала сума, и секако не е best buy, посебно кога 5,5 HAIER Tundra со декларирани 4KW na -10 и потврдени од Eurovent е 40.000