- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 10.962
- Поени од реакции
- 12.378
Не е некоја новост дека Романија порано или подоцна ќе ја снајдела судбината на Југославија, а подоцна и на Унгарија, бидејќи Нацистичка Германија немала никаква почит, а уште помалку па доверба во сопствените партнери.Не.
Романија, или слични земји (Југославија, Бугарија, Словачка, Грција...) Немале никакви објективни шанси да бидат неутрални.
Белгија не успеала да биде неутрална.
Инаку, Хитлер спремал план за инвазија на Швајцарија. Не се исполнила поради тоа што немал време 1940-та, па ја одложил за после војна, ама 1944-та пак некако испливала на површина, во контекст на утврдување на одбраната на Рајхот.
Швајцарија кога тогаш ќе била освоена. Постоењето на Швајцарија е спротивно да аншлусот*.
* - доктрина според која сите кои говорат германски треба да живеат во една држава, нешто кое му го признавале како валидно, западните удоволувачи, пред почетокот на војната.
Исто така не се никаква новост подготовките на Нацистичка Германија за инвазија и окупација на Швајцарија, за која Адолф Хитлер и самиот изјавил дека таква држава која не е ништо повеќе од обична бубуљица на мапата на Европа, не смее да и` се дозволи да постои.
Но проблемот кај Романците како една од ретките геостратешки важни држави на Балканот е во тоа што не се ни обиделе да бидат неутрални.
За почеток можеле да си ја проголтаат сопствената горделивост и да седнат на преговарачка маса со Велика Британија или со Советскиот Сојуз во потрага по заштитник на нивната државна сувереност и самостојност - ова за Советскиот Сојуз како потенцијален партнер би важело пред 1940 година, се разбира.
Не дека текот на историјата би бил поинаков, тоа може до бескрај да биде предмет на дискусија, туку воопшто не се ни обиделе.