Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Член од
24 април 2008
Мислења
10.962
Поени од реакции
12.378
Не.
Романија, или слични земји (Југославија, Бугарија, Словачка, Грција...) Немале никакви објективни шанси да бидат неутрални.
Белгија не успеала да биде неутрална.

Инаку, Хитлер спремал план за инвазија на Швајцарија. Не се исполнила поради тоа што немал време 1940-та, па ја одложил за после војна, ама 1944-та пак некако испливала на површина, во контекст на утврдување на одбраната на Рајхот.
Швајцарија кога тогаш ќе била освоена. Постоењето на Швајцарија е спротивно да аншлусот*.

* - доктрина според која сите кои говорат германски треба да живеат во една држава, нешто кое му го признавале како валидно, западните удоволувачи, пред почетокот на војната.
Не е некоја новост дека Романија порано или подоцна ќе ја снајдела судбината на Југославија, а подоцна и на Унгарија, бидејќи Нацистичка Германија немала никаква почит, а уште помалку па доверба во сопствените партнери.

Исто така не се никаква новост подготовките на Нацистичка Германија за инвазија и окупација на Швајцарија, за која Адолф Хитлер и самиот изјавил дека таква држава која не е ништо повеќе од обична бубуљица на мапата на Европа, не смее да и` се дозволи да постои.

Но проблемот кај Романците како една од ретките геостратешки важни држави на Балканот е во тоа што не се ни обиделе да бидат неутрални.

За почеток можеле да си ја проголтаат сопствената горделивост и да седнат на преговарачка маса со Велика Британија или со Советскиот Сојуз во потрага по заштитник на нивната државна сувереност и самостојност - ова за Советскиот Сојуз како потенцијален партнер би важело пред 1940 година, се разбира.

Не дека текот на историјата би бил поинаков, тоа може до бескрај да биде предмет на дискусија, туку воопшто не се ни обиделе.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.446
На денешен ден пред 83 години, заврши Минхенската конференција, по која светот очекуваше премин во помирни води и мирот беше гарантиран.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.474
Многу популарна тема. Ако некого го интересира на јутуб има многу видеа кои ја обработуваат оваа тема.

Во ред е тоа што има по Јутјуб, има и книги во пдф и што све не, поентата на форум не е да се споделуваат надворешни материјали туку да се разменат сопствени мислења на членовите.
Што ти лично мислиш дека била причината?
А бидејќи имаш хрватско подријетло, која била причината баш НХД ба се бори не само до крај, туку и по самиот крах на Немачка, последната битка во Европа е меѓу усташи и партизани некаде во Словенија на 26 мај!
За Маџарска е донекаде познато.
Автоматски споено мислење:

Не е некоја новост дека Романија порано или подоцна ќе ја снајдела судбината на Југославија, а подоцна и на Унгарија, бидејќи Нацистичка Германија немала никаква почит, а уште помалку па доверба во сопствените партнери.

Исто така не се никаква новост подготовките на Нацистичка Германија за инвазија и окупација на Швајцарија, за која Адолф Хитлер и самиот изјавил дека таква држава која не е ништо повеќе од обична бубуљица на мапата на Европа, не смее да и` се дозволи да постои.

Но проблемот кај Романците како една од ретките геостратешки важни држави на Балканот е во тоа што не се ни обиделе да бидат неутрални.

За почеток можеле да си ја проголтаат сопствената горделивост и да седнат на преговарачка маса со Велика Британија или со Советскиот Сојуз во потрага по заштитник на нивната државна сувереност и самостојност - ова за Советскиот Сојуз како потенцијален партнер би важело пред 1940 година, се разбира.

Не дека текот на историјата би бил поинаков, тоа може до бескрај да биде предмет на дискусија, туку воопшто не се ни обиделе.
Што бре да преговараат со СССР кога Сталин врши инвазија на Романија 1940?
Пред тоа, Романија е блиска со Британија и Франција а освен тоа е дел од малата Антанта со Југославија и Чехословачка.
Хитлер понудил враќање на окупираните подрачја од страна на СССР кои без објава на војна, подмолно ја напаѓаат Романија исто како што тоа го сториле со десетина други земји во тој период. Исто како и Финска, и Романија го избира тој пат со кој ќе ги врати териториите назад.
Имајќи предвид Плоешти, било каква неутралност на Романија во WW2 била де-факто невозможна.
Ако фрлиме поглед кон опремата на Романските оружени сили на 22.6.1941, лесно се препознава огромна доминација на опрема набавена од сојузнички земји (заедно со делумно сопствено производство).
 
Последно уредено:

Затоа убаво спомнав дека требало да им текне да седнат на преговарачка маса со Советскиот Сојуз пред 1940 година. Читај малку подетално пред да полеташ со твоите русофобски есеи како мува без глава.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.474
Затоа убаво спомнав дека требало да им текне да седнат на преговарачка маса со Советскиот Сојуз пред 1940 година. Читај малку подетално пред да полеташ со твоите русофобски есеи како мува без глава.
И за што би преговарале? Аман немојте да напаѓате?
Сталин имал план одамна за окупација на куп територии.
Пример Латвија преговарала со СССР и потпишале некој договор за пријателство и шипак, ги окупираа док си реко НКВД во 1940.
За жал, пост 1940 за Романија немало друг избор освен оската, сега милом или силом било прашањето.
за Рајхот било каква можност за губење на Плоешти било тотално незамисливо во било кое сценарио. Ако не се приклонеле милом, ќе имаше инвазија од страна на оската и окупација.
Со оглед на бројноста, опременоста и застареноста на материјалот, отпор од повеќе од месец дена би бил малку веројатен.
 
Кога ги имаш 2 (ДВЕ) години по ред - 1938 и 1939 година - со отворена воена агресија од држава како Нацистичка Германија, треба да си ги разгледаш сите можни опции, вклучувајќи го и потенцијалното сојузништво со држави кои не ги сакаш и не ги поднесуваш.

Една од познатите изреки на Винстон Черчил гласи дека човек секогаш може да очекува од американците да ја направат правилната одлука, откако претходно ќе ги испробаат сите останати можни сценарија.

Иронично, истото важи и за Велика Британија, која после 22 јуни 1941 безусловно и без никакви двоумења влезе во воено сојузништво со Советскиот Сојуз, по што Черчил се прослави со уште една негова изрека, која гласи дека ако Адолф Хитлер го нападне пеколот, Черчил би кажал по барем некој добар збор за ѓаволот во британскиот Парламент.

Секогаш има секакви различни опции и сценарија, прашањето е дали страната која треба да ја донесе конечната одлука е доволно храбра, не-арогантна и не-самобендисана за да прифати било каков пристоен и достоинствен компромис.

До 23 август 1939 сеуште имало и време и простор за таков компромис, но ниту Романија, ниту Полска, ниту Велика Британија, ниту Франција, ниту било кои од останатите европски таканаречени сојузници, од кои повеќето, ако не и сите, во 1939 година веќе биле управувани од страна на автократски режими или од директни диктатури, не биле расположени за таков компромис, па после не им чини Советскиот Сојуз поради договорот Молотов-Рибентроп и последиците од истиот.

Е па и Советскиот Сојуз си ги разгледувал своите опции за било какви можни сценарија и компромиси, таквиот начин на донесување одлуки ниту бил, ниту ќе биде ексклузивен само за држави од типот на Велика Британија и Франција, на кои не им претставувале никаков проблем ниту Минхенскиот договор кој го потпишале во септември 1938, ниту неговото прекршување од страна на Нацистичка Германија со окупацијата на останатите слободни територии на Чехословачка во март 1939.

Договорот Молотов-Рибентроп би бил вистински успех за интересите на Советскиот Сојуз да не се случело неговото присилно поништување од страна на Нацистичка Германија на 22 јуни 1941. Ако останатите играчи на европската сцена навистина сакале на било каков начин да ги подобрат своите односи со Советскиот Сојуз и да постигнат било каков воено-политички компромис, имале повеќе од 5 (ПЕТ) години од доаѓањето на Хитлер и нацистите на власт во Германија за барем да се обидат да го постигнат тоа.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.446
Бесарабија

Видете у вики како кој кога имал превласт над неа и вратете се на германско-советските договори (од 39-та) за превласт.
 
Истото можеш да го побараш на Википедија и за Чехословачка, и за Судетската област од Чехословачка, и за Австрија, и на крајот се` се сведува на фактот дека кога нова континентална војна е се` поверојатна реалност за во блиска иднина, треба да се паузира со минатото и целата енергија да се фокусира на сегашноста и на сегашните агресори.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.446
Ако останатите играчи на европската сцена навистина сакале на било каков начин да ги подобрат своите односи со Советскиот Сојуз и да постигнат било каков воено-политички компромис, имале повеќе од 5 (ПЕТ) години од доаѓањето на Хитлер и нацистите на власт во Германија за барем да се обидат да го постигнат тоа.
Многу комплициранини набиени пет години.
Ќе пишам пост, се надевам, за Чехословачка.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.962
Поени од реакции
12.378
Многу комплициранини набиени пет години.
Ќе пишам пост, се надевам, за Чехословачка.
Во целост се согласувам дека станува збор за сложени и набиени пет години во кои една од најразвиените држави во Европа масовно се ре-вооружува и повторно почнува со отворена агресија кон своите соседи.

Но тоа не го менува фактот дека Велика Британија и Франција морале да подготват и план Б, па план Ц (или на кирилица план В) и безброј други резервни планови за да бидат подготвени за неутрализирање на германската воена агресија во Европа.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.474
Кога ги имаш 2 (ДВЕ) години по ред - 1938 и 1939 година - со отворена воена агресија од држава како Нацистичка Германија, треба да си ги разгледаш сите можни опции, вклучувајќи го и потенцијалното сојузништво со држави кои не ги сакаш и не ги поднесуваш.

Една од познатите изреки на Винстон Черчил гласи дека човек секогаш може да очекува од американците да ја направат правилната одлука, откако претходно ќе ги испробаат сите останати можни сценарија.

Иронично, истото важи и за Велика Британија, која после 22 јуни 1941 безусловно и без никакви двоумења влезе во воено сојузништво со Советскиот Сојуз, по што Черчил се прослави со уште една негова изрека, која гласи дека ако Адолф Хитлер го нападне пеколот, Черчил би кажал по барем некој добар збор за ѓаволот во британскиот Парламент.

Секогаш има секакви различни опции и сценарија, прашањето е дали страната која треба да ја донесе конечната одлука е доволно храбра, не-арогантна и не-самобендисана за да прифати било каков пристоен и достоинствен компромис.

До 23 август 1939 сеуште имало и време и простор за таков компромис, но ниту Романија, ниту Полска, ниту Велика Британија, ниту Франција, ниту било кои од останатите европски таканаречени сојузници, од кои повеќето, ако не и сите, во 1939 година веќе биле управувани од страна на автократски режими или од директни диктатури, не биле расположени за таков компромис, па после не им чини Советскиот Сојуз поради договорот Молотов-Рибентроп и последиците од истиот.

Е па и Советскиот Сојуз си ги разгледувал своите опции за било какви можни сценарија и компромиси, таквиот начин на донесување одлуки ниту бил, ниту ќе биде ексклузивен само за држави од типот на Велика Британија и Франција, на кои не им претставувале никаков проблем ниту Минхенскиот договор кој го потпишале во септември 1938, ниту неговото прекршување од страна на Нацистичка Германија со окупацијата на останатите слободни територии на Чехословачка во март 1939.

Договорот Молотов-Рибентроп би бил вистински успех за интересите на Советскиот Сојуз да не се случело неговото присилно поништување од страна на Нацистичка Германија на 22 јуни 1941. Ако останатите играчи на европската сцена навистина сакале на било каков начин да ги подобрат своите односи со Советскиот Сојуз и да постигнат било каков воено-политички компромис, имале повеќе од 5 (ПЕТ) години од доаѓањето на Хитлер и нацистите на власт во Германија за барем да се обидат да го постигнат тоа.
Во Романија имало сериозен број политичари кои биле наклонети кон сојузништво со сојузниците во евентуална идна војна. Договорите за техничка асистенција со Британија биле дел од тоа. Основен тактички бомбардер бил Бристол Бленхајм, пред локалниот ИАР-79 да биде произведен во доволен број.
Стотици ловци биле или набавени или лиценцно произведени од Полска за Романија, ПЗЛ П.11, П.24, П.37 Лос и други. Земена е лиценца и за легендарниот Хокер Харикен, армијата зема белгиски митралези, каде и да се свртиш све сојузничка опрема.
Романија ја отворила границата за полско повлекување во Октомври 1939 при што неброени пољаци избегале од Полска низ целиот свет, некои дури формирајќи борбени единици во други сојузнички земји.

Но настаните од 1940 менуваат све.
 
Значи имало уште само една држава источно од Карпатите со која требало да им текне да седнат на преговарачка маса, па можеби не ќе се случело ново крвопролевање во Европа, или па и да се случело, веројатно ќе резултирало со помалку жртви и помалку разорувачки последици - добро, за ова со жртвите и последиците можеби грешам, но никогаш нема да дознаеме.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.474
Во целост се согласувам дека станува збор за сложени и набиени пет години во кои една од најразвиените држави во Европа масовно се ре-вооружува и повторно почнува со отворена агресија кон своите соседи.

Но тоа не го менува фактот дека Велика Британија и Франција морале да подготват и план Б, па план Ц (или на кирилица план В) и безброј други резервни планови за да бидат подготвени за неутрализирање на германската воена агресија во Европа.
Тоа од денешна гледна точка, лесно е in hindsight да се каже така, но треба да се види реалната ситуација во Европа во тоа време. Франција во никој случај немала намера за повторување на Западниот фронт од WW1 при што главната тежина на борбите била на нивни рамена, ниту жртвување на нова генерација на млади и здрави млади луѓе за да се спречи војна.
Тоа дека извазија врз Немачка во Септември 1939 би имала сериозен потенцијал да ја скрати војната за барем 4 години може е точно, но по која цена во човечки животи? Германија имала свој пандан на Мажино линијата, т.н. Зигрфрид линија која требало да осигура грб при евентуална војна на Исток. Пробивање на таа линија би било скапо во поглед на човечки животи.
Затоа Франција и Британија до крај се држеле за дефанзивни доктрини наменети за тоа да не се повтори претходната војна, едните со Мажино, другите со Ројал Нејви.

Тука е и шокантниот и срамен договор за сојузништво на Рајхот и СССР од 1939 кој бил game changer.
 
Во право си, а токму тоа и ми е поентата - Велика Британија и Франција требале за момент да размислат дали Адолф Хитлер и Нацистичка Германија се способни да си играат дипломатија со било кого, па дури и со нивниот најголем смртен непријател - Советскиот Сојуз.

Почетокот на Втората Светска Војна во Европа на 1 септември 1939 го означува погребот на британско-француската дипломатија.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.446
Компилицирано и не така лесно предвидливо време е тоа. Треба повеќе да се каже. Резултатот е тој што го знаеме и тука нема дилема, ама како дошло до тоа е покомплицирано отколку што рачуна јавниот наратив. За Чешка да ја разбереме, треба подлабоко да се копа.
Автоматски споено мислење:

Сфатете дека аншлусот (сите кои зборат германски да бидат во една држава), било (помалку или повеќе) одобрена (од страна на Британија и Франција), валидна основа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom