Стабилизаторите служат за да ја стабилизираат вертикалната положба на тркалото. Во кривина, колата има зголемено оптоварување на тркалата особено во горниот дел поради центрифугалната сила.
Стабилизаторите практично ја амортизираат и држат колата (го намалуваат оптоварувањето), со цел колата да остане стабилна а ти како возач да имаш подобра контрола на волан.
Виљушките ти ги држат тркалата практично. Со аномалија на виљушки, јас не би возел. Чаурите се да го спречат удирањето метал на метал и понатамошно абење/уништување на предницата.
Најчесто ќе осетиш на нерамнини, чудно ќе се занишува колата, ќе слушаш звукови метал на метал, тапи звукови, нема лесно да поминува на нерамнини, може и да занесува (да не го враќа воланот на право). За стабилизаторите и во место можеш да ги видиш, занишај ја силно прво на лева, па на десна страна, можеш да слушнеш крцкање, шкрипење и сл. Оди на центрирање, ќе ти направат дијагностика.
Кога менуваш, се менувај во пар.
За цена немам поима.