Друштво, ајде малку помош. Тапа сум за андроид + фејсбук.
На внук ми му купив таблет за роденден, креирав google acc, samsung acc итн. се е океј.
Знаете децава се заакани со фејсбук и никако не можам да најдам КАКО да се логира без да внесува пасворд, тоест самиот уред да му го памти пасвордот за логин (one tap login).
На телефон му работи таа опција, тоест да кликне на неговата профилна слика и се логира автоматски (без да внесува пасворд).
На таблетов кога ќе кликне на неговата профилна пак му бара да внесе пасворд.
Ако некој знае каде што да кликнам и слично нека помага.
На нет барав но ништо не можам да најдам од поново време.
Тоа што почесто го пишува да се направи “Settings” > “Apps” > “Facebook” > “Storage” > “Clear data“ = направено, никаков ефект.
Премисии ли некој треба да одобрам, заштита некоја да променам, што ли е, поима немам со телефони/таблети и нивните апликации.