Ти ја разбирам фрустрацијата, но секогаш е подобро да нема информација, отколку непотврдена. Исто и мене ми се смени статусот во дополнителна, само со предци и веројатно ќе ги приложам истите во министерството за правосудие. Но, додека не ги приложам и тоа нема исход, не се дрзнувам да ширам непроверени информации. Дотогаш останувам воајер.
Воајер можеш да си и БЕЗ да се регистираш на форумот. Значи не си воајер туку само сакаш да црпиш информации, а за возврат да не дадеш ништо.
Али хеј, ништо лично, едноставно имаш право на тоа и не има на светов различни - секој со свој начин на размислување. Само те молам не ги нарекувај другите членови исфрустрирани, а тоа ти е само втор или трет пост на темава, не е културно.
Со среќа во понатамошната постапка.
@Los-Che и
@MarjanM ги пријавив вашите офтопик постови до модератор и се надевам дека ќе бидат избришани, а ако продолжите и двајцата со временска прогноза постови се надевам дека ќе ве банираат од тема на одредено време.
@Wolf5 брате, дополнителна е статус за носење документи. Ако не однесеш можеш само сам да се заебеш.
Во постапка која трае 5 години и се менува во меѓувреме немаш мн избор.
Еве членот Бани е со рок на дополнителна сега во октомври па пошто не однесе ништо ќе видиме во што ќе и се смени сттусот неа - ако сака да не извести нормално пошто кога ја теравме да носи документи ни рече дека нема веќе да пишува на темата.
Тоа и е простено и и' посакуваме среќа, но овој статус дополнителна е од повеќе причини:
1. Даден происход во кој происход НЕ е наведено врз основа на кои док е издаден (афера 2018).
2. Даден е происход и молба, еден од тие два док е копија, не оригинал.
3. Во меѓувреме некој од роднините (брат-сестра-родител) се стекнал со бг државјанство па се бара доп документ за Родствени врзалки кој се добива од општина.
4. Бараат предок со док од егзархија
5. Оти едноставно ете така им текнало.
Јас СЕКОГАШ би носел дополнителни док иако нема логика и иако можеби промената на статус Е само проверка ОД комисијата КОН ДАБЧ но не кон кандидатот - при што АКО е така тогаш треба да биде напишано во статусот и тој статус дополнителна да се разликува од другите (да не биде во таа општа форма како на Бани и др членови).
Во секој случај наближуваат термини во октомври и ноември како крајни од новата дополнителна па ќе знаеме на што сме и дали добиле статус положително со или без доставување на документација. На сите им посакувам да завршат на положително.