Да кажам одма, Данела ја сметам за најновата верзија на Американски полтрон, најверојатно новата ДПНЕ Шеќеринска. Значи немам позитивно мислење за неа.Точно посебно за кај Васко, но во ситуацијава многу е битно да се напомене дека одат и другите кандидати а не само таа така што 'реметот' нема да паѓа само на еден кандидат.
Али тоа дека други кандидати ќе одат не значи ама баш ништо. Не е како да значат нешто кандидатурите на луѓе кои утре да им дадеш круна они ќе се свртат и ќе ја подарат на нивниот господар. Кои се тие други кандидати, Бени "Јас сум против Шилегов не против најдобриот премиер Заев", онаа која била директор на инспекторат за животна средина и не и текна една постапка да почне али сега се кандидира како независен дека ја интересирало екологија, или ???
Борбата е помеѓу Шилегов и Данела, со тоа што Перо не направи апсолутно ништо при секое представување. Што има везе ако и други одат кога они ќе бидат игнорирани а тебе ќе те дерат.
Патем верувам дека оваа не иде на интервјуа зошто е катастрофален оратор, од тие неколу реченици што ги имам слушнато блика од најлошите типови на ароганција ( Шеќеринска) а нема никаква харизма ниту успеси ниту убедувања за да ја поткрепи таа ароганција И нема никаква потреба да го враќаат Шилегов од мртвите со дебати кога оваа ќе е најверојатно новата градоначалничка.
Иронично Бени е убедливо најдобар оратор од сите таму. Да беше комплетно пуштен од синџир и да смееш да прави што сака ќе го изедеше Шилегов. Ќе го работеше на ниво на Гоце со овие двајцана мртви од Охрид.
Последно уредено: