Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.513
Не сум ги гледал програмите во детали, ама не ми се допадна ликов минатиот пат, ми изгледа дека пак игра некоја позадинска игра со СДСМ.Знам кој е, плус беше главниот во Шарена револуција овде, тоа ме кочи, ама гледам некоја нормалност во проектите, колку и малце да е. Види ги проективе од Борче и Сугаре што ги ветуваат, па ова апла се гледа дека нема врска со реалноста. Со булевариве и кружниве го потрошија веќе општинскиот буџет, дури и нема да стаса.
А исто и кај Жаре многу ме бендисува планот за Победа и стадионот, многу интересен план каков што другиве кандидати немаат. Да бидам искрен, тоа има бајѓи удел кај мене во изборот.
Ако јас се прашувам стадионот е најмал проблем на тој град. За почеток тргни од водата, од чешма течи кал и вода бела како млеко со години, народот се искилави од влечење вода од продавница, гратис и цените на истата отидоа во неповрат (по селата каде што гледаат бенефит од пречистителната не ни плаќаат вода, а во градот ни ги дигнаа цените за 200%).
Урбанизмот е попара, повеќе од 4 години ми е предметот за приватизација на дворот во општината, никој не ме има побарано ни да ме испцуе, за чист предмет чекаат да им подмачка некој за да го отворат. На крај ќе ме натераат да однесам наново документација и да фрлам уште 15 000 денари.
Идиотите прво асфалтираа, па после им текна дека треба да бараат пари од светска банка за атмосферска, цела улица е исечена на средина, а беше нов асфалт 3-4 години, сиба мамата се раскопа цела, за 2-3 години ќе биде вирови. Пола град е вака, провози со колата некој месец и оди смени нови спони/амортизери.
Плочникот ископан како да си во некој напуштен град.
Во болницата да не те фати мака да одиш.
Перспектива за работа никаква, наместо да ургираат по министерствата и тие да вршат притисок врз ТИРЗ за да бара инвеститори, ги заболе.