А1 си воведе рандом трошок за плаќање на фактура во салон

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Комерцијална Банка го има ова, реално една од најбизарните работи на светот.
Три проверки месечно не се плаќаат.
Инаку, КБ на пример за подигнување пари од сметка од шалтер наплаќа 25 денари провизија.
Големиве фирми ги користат сите предности на технологијата. Ќе треба да распишуе конкурс, па да бира кандидат, па да е згодна женска шо е спремна да добие проширени вени и нервен слом на 30 години, доволно паметна... па отишла на породилно, ја нема година дена...шлапни им провизија и нека си цепаат онлајн! Нема замарање, азното само си иде.
Јас им плаќам на возрасниве кај мене, повеќе заради корона моментот и да не висат пред банки по вруќини и мразови.
КБ конкретно, мислам дека многу повеќе пари праи од дневни трансакции, шо ги товари со провизија, него од камати од кредити....не тврдам, ама еве некој ако има од банкарски сектор нека ме побие.
Разбирам, револтиран е авторот на темава, ама ова е реалноста. Масивниве бизниси целат да растеретуваат расходи, да свртат се на outsourcing. На пример, во една фирма, сите дејности што не се од основната дејност, имаат законска можност да ги предадат на трети фирми. Тоа е можност и за крадење од страна на менаџерите, со склучување на неповолни договори за чистачки, IT служба, транспорт, обезбедување....и, на пример, ако им е нештото скапо, нема да се подвргнуваат на непопуларни потези што кварат имиџ, како бркање луѓе од работа, туку едноставно ќе го прекинат договорот со outsource фирмата....капитализам се вика тоа. Си имаат IT систем, мрежа од банкомати, онлајн услуги и ич не им е до замарање со продажба, HR и слични срања.
Плус, тука е и тактилниот момент, у кој ти не ја ни држиш парата во рака, не ја ни вадиш од новчаник, туку е некоја си цифра таму на монитор, кон која немаш ни однос, ниту ја цениш, ниту ја доживуваш како трошок, загуба.
Дури и Маркс не можел да предвиди се...ова се перфидни срања, сервирани од врвни преваранти, а вие мислете си дека живеете поудобно од вашите родители. Да не звучам како поп некој....и ја исто онлајн плаќам све, со години веќе.
Не е нормално, ама нормално ни е, се навикнуваме.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Неточно. Трајниот налог само ти скратува одење во банка еднаш месечно за да платиш сметка (за струја во конкретниов муабет). Провизијата си е иста како да си на шалтер присутен со тоа што трајниот налог автоматски ти влече пари од сметка кога ЕВН ќе ја изработат фактурата (ова дека ЕВН соработуваат со сите банки) и сметката ти е платена а ти не си присутен во банка и не губиш време. Е ова е све ок се додека не се деси момент кога ти ќе немаш доволно пари на сметка за трајниот налог да ти ја наплати фактурата, па ќе ти заостане таа фактура за тој месец и може да се наплати и после 5-6 месеци а може и никад зашо трајните налози не памтат па одма да наплатат кога ќе има прилив на пари и реално со тие трајни налози увек има проблеми.

Само електронско банкарство, светска работа е тоа, плаќаш сметки без провизија, можеш да вадиш пари од банкомат преку електронското без да поседуваш картичка, можеш преку смарт сенд да бираш со еден клик контакт од именик и да му пуштиш пари во било кое време од денот итн итн, еден милион работи кои можеш да ги направиш без да треба да се ебаваш на шалтер во банка.

Мене ми е јасно дека има луѓе што не користат интернет или не бараат добро со телефони, воглавно пензионери и постари луѓе, ама верувајте има и премногу млади луѓе што плаќаат сметки на шалтер и не сакаат ни да чујат за електронско банкарство. Тоа е жално, тажно и мизерно али јебеш га таква ни е државата па не треба да не чудат вакви работи.
Неточно.За траен налог одат без провизија , баш поради договорите на ЕВН со банките.
Освен ако некои не измислиле "иновација" и во таков случај во меѓувреме.
За разлика од други работи за ТН и малку планирање е потребно.Си идат комшиите од странство најчесто ќе лупннат 500 евра и да не им е замарачка сметките.
А за нас овде е зезнато, можно е еден месец енормна разлика во сума да добиеш:D
Како и да е секогаш постојат другите опции, ама кај нас ете и сам спомна и младите тешко прифаќаат...
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Прв пат гледам вакво нешто и стварно ми е несфатливо зошто да наплаќаат за дополнителни 15 ден. "Надоместок за плаќање сметка во продажните места на А1"
Мене лично ова ми изгледа како чиста пљачка! Тоа му доаѓа исто како ако пазариш од Тинекс на фискалната да ти додадат дополнителни 15 ден. плус за плаќање извршено во продавницата на Тинекс, што е вон памет.
Можеш да поднесеш приговор до А1 и да ја оспориш веќе платената фактура само во делот за овие 15 денари и да бараш враќање на истите, па ако го одбијат приговорот имаш право да пишеш жалба до АЕК, а после тоа и на судска заштита. Добро би било такви поплаки АЕК да добие од поголем број на корисници на кои исто им е наплатен ваков износ по истиот основ.
И доколку повеќе луѓе "се замараат" со вакви работи и потегнуваат по сите законски можности, тогаш големите компании и корпорации нема така лесно да се осмелуваат на ваков начин да не пљачкосуваат.
Мое мислење е дека овде има стекнување без основ од страна на А1.
Треба тужба, јес да спор од мала вредност, ама нека се гради пракса.

Читав пред некое време дека суд во Србија или БиХ донел пресуда каде што одредба од договор за кредит со некоја си одредба за некаква си административна такса за обработка (или следење беше) на кредитот е ништовна. Ако добро се сеќавам, резонирањето на судот било дека на комерцијалните банки дејноста им е давање кредити и не може нешто што е дел од нивната суштина на работа да го префрлаат како трошок на корисникот.
Може ептен измешав, оти пред неколку месеци го читав ова, ама сигурен сум дека беше пресуда против банка за ништовност на одредба за дополнителен трошок, кој во суштина е фиктивен, а сите си го сфаќаат здраво за готово.

Ако успејам да ја најдам статијата ќе ја пуштам тука, у меѓувреме ова само го најдов.

Не верувам дека кај нас нешто вакво револуционерно ќе се случи, ама може да се пробува :D
 
Член од
4 март 2011
Мислења
708
Поени од реакции
727
Зошто, кога ти овозможува и други опции за плаќање без никаков надомест. Не е само таа платена опција, па да имаш право да прекинеш договор.
Имаш електронско плаќање и можност во салон на терминал со помош на продажен агент да платиш.

Со ова пандемијата, а и повеќето на шалтер изгледа им се редат само за плаќање сметки, па сакаат да ги намалат и да имаат само корисници кои ќе склучуваат договор или се информираат за некаква услуга. И мора да се направи некаков чекор кон дигитализацијата.
Потполно е во право @Igorcemk не може без писмена согласност на корисникот на услугата да му се воведе нова давачка и тоа од проста причина што така е по закон!
Треба тужба, јес да спор од мала вредност, ама нека се гради пракса.

Читав пред некое време дека суд во Србија или БиХ донел пресуда каде што одредба од договор за кредит со некоја си одредба за некаква си административна такса за обработка (или следење беше) на кредитот е ништовна. Ако добро се сеќавам, резонирањето на судот било дека на комерцијалните банки дејноста им е давање кредити и не може нешто што е дел од нивната суштина на работа да го префрлаат како трошок на корисникот.
Може ептен измешав, оти пред неколку месеци го читав ова, ама сигурен сум дека беше пресуда против банка за ништовност на одредба за дополнителен трошок, кој во суштина е фиктивен, а сите си го сфаќаат здраво за готово.

Ако успејам да ја најдам статијата ќе ја пуштам тука, у меѓувреме ова само го најдов.

Не верувам дека кај нас нешто вакво револуционерно ќе се случи, ама може да се пробува :D
Моето размислување оди токму во таа насока. Но пред да се поднесе тужба за неосновано стекнување, треба да се провери основот (односно да "падне" основот за наплата на овие 15 денари кој не знам од каде го влечат, претпоставувам дека има некој позитивен пропис кој тоа им го дозволува).
Само за потсетувавање внесувам мој цитат од пред 9 години кога по иницијатива токму на група охридски адвокати беа масовно поднесувани тужби против ЕВН за наплата на "манипулативен трошок" кој го наплаќаа во своите фактури. Па за тој излет ЕВН плати неколку милиони евра на име судски и адвокатски трошоци, а износот на тнр "манипулативен трошок" (трошок за изготвување на месечната фактура!!!) беше само 6 денари по фактура. За жал оваа пракса со масовни тужби не се прелеа низ цела Македонија, па дури и многумина не ни беа запознаени со ваквата мала победа на обичниот граѓанин против моќната ЕВН.
Полека изминува рокот за поднесување на тужби за стекнување без основ против ЕВН кои во периодот од 27 мај 2006 година до 28 февруари 2008 година на тарифните потрошувачи на мало во месечната сметка за потрошена струја им пресметувале и наплатувале манипулативен трошок во фиксен износ од 6 денари. Имено на секоја фактура - за секое броило се наплатувани 6 денари плус ддв само за изготвувањето на сметката (манипулативен трошок). На овој начин ЕВН на незаконит начин се стекнала со износ поголем од 1.200.000,оо евра!!!
Потрошувачите имаат право да бараат поврат на овие пари со камата, а ЕВН ќе мора да ги плати и сите судски и адвокатски трошоци (кои не се мали), па доколку можете да ги најдете сметките за месец Ноември и Декември 2007 година како и за Јануари и Февруари 2008 година (за жал само тие 4 не се застарени) ангажирајте адвокат и поднесете тужби против ЕВН.
Можеби на тој начин надлежните во ЕВН конечно ќе се освестат и ќе почнат со своите потрошувачи да се однесуваат достоинствено и со почит!
Еве и линк за овој случај: https://mkd-news.com/frchat-tuzhbi-protv-evn-za-naplateniot-manipulativniot-troshok-od-6-denari/
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
I ti legendo duri i po 5 strani ne uspea da sfatis deka ne e za 15 denari. Dobro be ozraceni ste nesto od toa wifi to ili samo imate otupeno od programiranje?
Ако му дадеа 15 денари наместо да наплатат, ќе ја отвореше ли темава?
 
Член од
29 септември 2015
Мислења
253
Поени од реакции
333
Имав порано еден професор кој во тек на едно предавање велеше. Ова во 2016-2017 год некаде.
Цитирам " Кога ќе видам дека млади луѓе стојат во ред да платат сметка, а истата таа може да ја плати за 2 минути од дома.
При сета оваа технологија ми оди да се утепам". :yid:
Заради тоа не можеме да одиме напред.

И се сложувам со него. Кога ќе видам млад човек застанал и чека пред него 20 минути да плати сметка.
Тоа е сериозен недостаток.
И според мене кога млад човек ќе влезе во салон да чека за плаќање на сметка, не треба да му се наплати провизија 15 денари, туку најмалку 115 денари.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.566
Поени од реакции
5.610
Јас би наплаќал и за вадење мала сума кеш од шалтер.
Веќе наплаќаат, за било која сума :D

И ја на ова така глеам, АМА што не ми даде попуст ако платам онлајн?
Како пример sport vision и еден куп други продавници на онлајн нарачка попуст ми даваат во однос на цената во продавница?
Шо не се откаже ете а1 и телеком од минорен дел од профитот како стимул за поголемо добро?
Ама не, они сакаат да заработат од старите и необразуваните...
И во А1 и во Телеком имаш попусти доколку купуваш онлајн. Добиваш некој бенефиции.

link - Еве поточно во А1, од 17 000 на 15 000 ако нарачаш онлајн + добиваш и Шаоми Банд 6 којшто е некој 2500 минимум.

Скоро сите којшто имаат и онлајн продавница гледаат барем на дел од продуктите да дадат посебен онлајн попуст. Сега поточно за плаќање сметки не би сакал да те лажам но верувам дека и со плаќање онлајн сметка си има некој ситни бенефиции.

Не сакам ниту да правдам некој ниту да окривам, поентата ми е дека плаќањето онлајн кај нас многу често има некој поволности. :)
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.560
Поени од реакции
24.916
Нема проблем. Кај тие кај што пишува оваа услуга во договор нека наплатат.
ne mora da ja pisuva. oni spored digovorot se dolzni da ovozmozat naplata bez provizija ako veke nema takva klauza. imaat obezbedeno - elektronski.

ova si go smetaat za dopolnitelna usluga. nekoj zamara niven vraboten za nekolku min, treba da si plati za toj servis spored niv. dali se u pravo e druga rabota ama toa e toa...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.588
Поени од реакции
114.999
Неточно.За траен налог одат без провизија , баш поради договорите на ЕВН со банките.
Освен ако некои не измислиле "иновација" и во таков случај во меѓувреме.
За разлика од други работи за ТН и малку планирање е потребно.Си идат комшиите од странство најчесто ќе лупннат 500 евра и да не им е замарачка сметките.
А за нас овде е зезнато, можно е еден месец енормна разлика во сума да добиеш:D
Како и да е секогаш постојат другите опции, ама кај нас ете и сам спомна и младите тешко прифаќаат...
Пријател, објасни ми како сакаш банката да не ти наплати за услугата? Така ќе отидеш на шалтер, ќе активираш траен налог и готово, све тоа за без провизија? :ROFLMAO:

Инаку ова со 15 денари провизија е воведено ради две работи, едната е да растеретат непотребни гужви од салоните зашо реално ради некој што сака да плати сметка од 500 денари можеби нема да биде продаден некој производ на друг човек пример во вредност од 500 евра зашо би си отишол ради гужвата. Втората работа е дерење на глупавите луѓе кои и покрај провизијата ќе продолжат да плаќаат во продажните салони на А1 зашо тоа се апсолутно чисти пари за нив. 15 денари вака индивидуално можда се смешен износ, ама се на куп кога ќе се собере па и не баш.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.709
Поени од реакции
66.847
Постои нешто што се вика автоматизација на процес и зголемување на ефикасност. Некој во А1 направил анализа кои клиенти најмногу им влегуваат во салон и им трошат најмногу време. Овие 15 денари се начин како да ги дестимулираат.

Изгледа луѓево имаат слободно време на претек штом сакаат да се тужат за 15 денари.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.740
Поени од реакции
27.733
I ti legendo duri i po 5 strani ne uspea da sfatis deka ne e za 15 denari. Dobro be ozraceni ste nesto od toa wifi to ili samo imate otupeno od programiranje?
Не е, не е, за принцип се работи, или за 500к (олололо) старци што не знаат да плаќаат онлајн, или пак од правен аспект ќе ја решите овде и после ќе пуштите една колективна тужба. Лол. Одлогирај се.

И јас би имал замерка пошо сум Евреј, да ми наплатат вака безвезе 15 денари, ама дека ќе отворам тема за тоа и дека ќе се изнапишувам и ќе се објаснувам и ќе идам со „јас сум у право, вака и вака стојат работите, сега ќе ви објаснам, послушајте ме мене, не е вака - така е“ мало морген.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.213
Поени од реакции
34.473
Абе, како можете да плачете за вакво нешто кога ова е најдобрата одлука што можат да ја воведат сите што имаат шалтерски систем за наплата? :) Никој не ви додава рандом трошок, туку луѓето свесно користат дополнителна услуга „готовинско плаќање на шалтер“, кое чини 15 денари.

Корисниците секако не се обврзани да ја користат оваа услуга (карактеристична за џаболебари, заглавени во минатиот век), туку може да си ги платат сметките електронски, на неколку начини, како и со користење на готовина (без провизија) со плаќање преку платомат во салоните.

И не, не е дека "не сте биле известени", туку толку се замарате да читате известувања. Буквално 2 месеци, на секоја сметка има известување за ова. Ама вас полесно ви е да утепате саат време чекајќи редици и разврзувајќи непотребни муабети во салон, отколку да го прочитате известувањето и да завршите работа за помалку од минута преку платомат или електронски.

Секое користење на ресурси си има цена, браво за одлуката која е донесена да ги смени навиките на подобро :)
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.068
Поени од реакции
5.987
Ја би додал +100 ден за досадни што цело време имаат да прашаат нешто.
И поради таквите останатите што само плаќаа мораат да ги чекаат 10 до 15 минути додека ги задржаваат вработените.Од тие причини и се префрлив на онлине плаќање бидејки немам намера 30 до 40 минути да губам време додека некои такви ајвани кои немаат што да прават си прават муабет со операторите.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
@bogev4eboy го има и на Телеком истото (мислам го воведоа во Јуни, имаше и на порталите), мислам дека се покриени и законски само не сум сигурен како.
Поентата е да се намали гужвата во салоните, а со тек на време и да се намалуваат вработените во продажните салони. И двата оператори основна политика имаат дигитализација, и се повеќе ќе има притисок кон институциите да ги променат законите и за достава на физички сметки (огромен трошок на месечно ниво за давателите на вакви услуги), т.е идејата е да има само електронска сметка.

Не ми е јасно зошто не се побунил никој за покачувањето на провизијата за плаќање на сметки/уплатници во банките/административна такса. До пред 3 години имаше банки каде на уплатница беше 30тина денари, а сега мислам дека нема под 45 денари.

Ми текнува кога бев студент дека се карав 10 минути со таа во студентски, кога беше промената со СМС да платиш административна такса за испит. До пред оваа промена пријава на испит не кошташе 50 денари туку 80-90 и студентите прилично брзо почнаа да го користат.

Поентата на муабетот ми е: може да се обидеш да се жалиш и официјално, но 103.2 % ти гарантирам дека правно се имаат покриено. Подобро ти е да се научиш да си ги плаќаш и овие, а и сите останати сметки онлајн, жално е млад човек кој има пристап до интернет да прави гужва и да си го троши времето во салон. Се ќе оди кон дигитализација, тешко дека ќе поминат повеќе од 10-15 години кога нема ни да постојат физички пари, пред се бидејќи на тој начин сите земји ќе решат огромен проблем - сивата економија.
 

bogev4eboy

Хејтер
Член од
6 март 2011
Мислења
382
Поени од реакции
180
Никој не ви додава рандом трошок, туку луѓето свесно користат дополнителна услуга готовинско плаќање на шалтер, кое чини 15 денари.
Жити све, која дополнителна услуга? Па тоа вчера завчера не беше дополнитено, или бесплатно се викаше? :confused: Не разбирам како може да биде некој океј со ова, според тебе во иднина може да додадат друг трошок пример ако се јавиш на кол центар да ти наплатат, или пак идеш у салон и на наредна сметка ти ставаат „Дишење на чист воздух во салон“. Апсурд е ... (n)

Не ми е јасно зошто не се побунил никој за покачувањето на провизијата за плаќање на сметки/уплатници во банките/административна такса. До пред 3 години имаше банки каде на уплатница беше 30тина денари, а сега мислам дека нема под 45 денари.
Не ги исклучувам - ниту оправдувам и банките, дуплираат/триплираат профити.
Нема кој да се побуне, сите си прифаќаат се што ќе им биде наметнато и само викаат „тоа е“, монопол (едни од други и банки и оператори гледаат и се тркаат) ... Ако има регулатива за цени/трошоци, нема да прават профити до плафон.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom