Најголем проблем на тимот е изнесувањето топка при висок пресинг, цело време се сведува на то Брозо да се врати меѓу линии како втор централен штопер и ако најди чаре кон напред арно, ако не останва на де Фрај и Шкринијар најчесто, кои се далеку од сигурни со топка во нозе и во најдобар случај ќе напрат некој смотан пас до бековите шо ќе заврши во аут.
Тука многу ме нервира Хакан, а вчера и Кореа, шо не се сеќавам еднаш да се отворија да примат топка за да олабават притисокот, цело време тој ризик го преземаат или Барела, или Лаутаро мора да се врати до центар.Така буквално нема никаков проток на топка низ средината (која најчесто е густо бранета) напред не останува никој, и дури и да се деси некоја шанса/полуконтра преку крила, ако не е Џеко на терен нема до кој да се дај завршен пас. Имаше неколку такви ситуации вчера во прво, кај шо Перо и Дамфрис мораа да играат повратни топки или да измислуваат топла вода во 16ик, кај шо во други ситуации мислам дека само ќе требаше да го погодат Џеко.
Вчера убедливо најочаен беше Кореа, дух, ужасно бескорисен, само пробува некои продори невозможни и буквално за кур не го биваше, аман нека не биди уште еден во Зарате/Ернанес/Кандрева низата на играчи од Лацио, аман.
Сè на сè, многу лоша утакмица, ок тепавме и генерално сум задоволен од Инзаги досега all things considered, ама некои работи мора да се средат, следи многу битна низа од 3 утакмици, а џокерите (особено во ЛШ) се потрошени.