@Stefan-kobe ако отиде Икарди у јануар у јувентус нема да ти биде ама ич смешно,да знаеш
И незнам дали приметуваш дека дон Инзаги направи де фрај и шкринар да изгледаат како биди и бади.
Сеа за сеа вака стојат работите,дај боже да смени нешто дон Инзаги ама тешка работа...
Не дај Боже тоа да се деси, ќе умрам и од мака и од нервоза. Иако е умрен Јувентус сепак не ми треба у животов да го гледам Икарди како трпа у нивни дрес.
Иначе ти ставам хаха реакции зашо си доста интересен лик у ситуации кога губиме или кога не играме добро, тогаш ги бркаш сите од тимов, сите се дрва, Кинезите криви и да не идам даље. Во ред брат, дозволи некогаш некој да игра лошо, да има лош ден и слично.
Конкретно денес до тие фамозни 4 измени на Инзаги бевме ХОРОР, УЖАС, ДНО и никој не го негира тоа. Мое мислење е дека не направил Инзаги од никого да изгледа како кловн него едноставно Де Фрај не е во форма сезонава, барем до сега. Не може да ме убеди никој дека Инзаги не знае да го игра Де Фрај на право место и да ја има правата улога кога му беше тренер во Лацио и таму братот ГАЗЕШЕ! Моментално е кај него, убеден сум дека после репрезентативната пауза ќе гази и ќе се врати во форма. Општо одбраната е многу конфузна, премногу грешни пасови на наша половина што е недопустливо. Мора да ја најде Инзаги добитната формула за овој проблем, проблем кој се јавува против екипи кои играат висок пресинг како Сасуоло, Виола, Аталанта... Треба да се најде правата конекција помеѓу последната линија и средниот ред, сигурно и цврсто да ја изнесуваме топката и да го користиме празниот простор што го оставаат противниците поради високиот пресинг. Мислам дека Хакан е проблемот тука, он е човек мање у средина зашо игра премногу лошо и треба да лета од прв тим а на негово место да игра Видал, секако ако не е повреден. Сенси би било идеално да игра ама тури му кур на тој повреденко скапан. Како што спомнав, Хакан е проблемот во средината па затоа и Броз и Барела знаат да бидат на моменти конфузни и да грешат очигледни пасови. Кога сме кај овој вториов како ми иде да му ја залепам една, прејак играч, најдобар везњак у Калчо ама у задње време изведува бесни глисти, се дере по соиграчи и кога треба и кога не треба, греши некои очигледни и лесни пасови, впрочем денес ради него примивме гол крвенка му ебам.
Многу ми се допаѓа што тимов покажува карактер веќе во неколку наврати, ова ни е трет пресврт сезонава на гости после негатива на полувреме што доволно кажува за тоа каков е менталитетот на екипата. Џеко е класа, значи апсолутна класа од играч и МОРА да е бетон во прв тим, со него и без него играта ни е небо-земја. Кореа го сакам ептен, добар играч е ама он е за џокер од клупа у оваа екипа, не за прв тим. Можеби против некои послаби екипи ама у поголем дел Џеко треба да е стартер. Лаутаро. Ако некој до денес имаше сомнеж за него тогаш после денешниов меч треба дилемите да му се разрешени и да сфати колку е значаен овој играч за Интер. Мислам дека истрча 90 километри, покриваше низ цел терен, огромен работник на терен е братот и заслужува секакви пофалби.
Добро е што одиме со победа на паузата за репрезентации која според мене добро ќе ни дојде зашо се наметна пеколен ритам периодов и можни беа и некои глупави киксови и безвезни игри како против Шахтјор на пример.
И да, господинот Инзаги со 4-те измени, PRICELESS!