Мое мислење зошто е скоро невозможно вакви да бидат бројките. Ќе тргнам со бројот на гласови од минатите избори:
1. СДС "освоиле" 327 000 гласови
2. ДПНЕ освоиле 315 000 гласови
СДС од таа коалиција што ја имале на минатите избори сега ќе бидат без:
- БЕСА -најмалку 5-10к гласови се тоа
- ЛДП/ДОМ - некој 10-15к гласови
- Куманово - некој 10 000 гласови
- На Мите Лимунада гласовите во Кавадарци, некој 2-3к сигурно.
Плус на сето тоа ги имаат случувањата во Тетово, проблеми со повеќе земјоделски групи и ги имаат Левица и неколку независни кандидатури кои им копаат гласови на сите страни. Имаат очигледни внатре партиски проблеми. А и имаат огромен проблем со популарноста во Скопје.
Значи они се некој минимално 35к гласови одма во старт во загуба, а кога ќе се земе се во обзир реално е да се некој 45-50 000 гласачи минус. И да водат 2% повторно пред ДПНЕ би значело и ДПНЕ дека изгубиле некој 45-50 000 гласови а они буквално собраа и шуто и рогата во коалиција и со минус 50 000 гласови би отишле на 260 000 гласови. Вкупно СДС и ДПНЕ во последните 5 години би имале изгубено некој 300-350 000 гласови.
ДУИ и Алијанса е невозможно да имаат по 10 и 9.3 или 19.3 заедно. Тоа би значело или дека ДУИ и Алијанса ќе освојат 250 000 гласови ( 60 000 повеќе од парламентарните) или дека СДС и ДПНЕ ќе освојат по околу 210 000 гласови.
Независните листи нема шанси да имаат 12.9%, тоа се некој 120 000 гласови, Куманово/Скопје/Битола и уште некоја регионална тук таму листа не се ни блиску до 120 000 гласови, поблиску се до некој 40 000.
И Левица не е под 8%.
Кога би предвидувал би идел вака:
- ДПНЕ 33%
- СДС 30%
- ДУИ 9%+
- Левица 8%+
- АА 8%+
- ЛДП/ДОМ 2.5-3%
- Независни 4%+
- Останати/Неважечки 5%