Ме мрзи да пишувам долг коментар, но не е сѐ така црно-бело како што пишувате.
Јужниот дел на Тексас е син, заедно со градовите. Источна Калифорнија е црвена. Источниот дел на Орегон е црвен, имаа референдум да се приклучат кон Ајдахо. Само Канзас, на едни избори беше целосно црвен, другите држави се многу мешани, дури и најцрвените и најсините.
И да се одлучат да и стапат, нема да истапат во својата сегашна форма. Ќе има референдуми.
Но ако Демократите сакаат да додадат 2 сини држави (ДиСи и Порто Рико), што значи 4 сенатори за Демократите, не е исклучено и некои држави да се решат на ваков чекор. Тоа значи апсолутна контрола на Демократите во Сенатот, а и зголемување на влијанието и во Претставничкиот дом.
И Русија и Кина, еден ден, ќе се соочат со истиов проблем. Но, сега за сега, секаде состојбата е под контрола.