Политички случувања во САД: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
па уште од времето на Обама започнаа поделбите во УСА, сега само ескалираат се повеќе и повеќе. Дотолку што веќе ми личат на вмро вс сдс. Само разликата е што овие имаат пушки и пиштоли, што е многу опасно. Либтардите највеќе ги гледам како виновни за овие работи, а после нив Трамп. Зошто Трамп? Зошто навлече огромна фолијашка банда околу него пласирајќи десничарска пропаганда.
 
Ме мрзи да пишувам долг коментар, но не е сѐ така црно-бело како што пишувате.

Јужниот дел на Тексас е син, заедно со градовите. Источна Калифорнија е црвена. Источниот дел на Орегон е црвен, имаа референдум да се приклучат кон Ајдахо. Само Канзас, на едни избори беше целосно црвен, другите држави се многу мешани, дури и најцрвените и најсините.

И да се одлучат да и стапат, нема да истапат во својата сегашна форма. Ќе има референдуми.

Но ако Демократите сакаат да додадат 2 сини држави (ДиСи и Порто Рико), што значи 4 сенатори за Демократите, не е исклучено и некои држави да се решат на ваков чекор. Тоа значи апсолутна контрола на Демократите во Сенатот, а и зголемување на влијанието и во Претставничкиот дом.

И Русија и Кина, еден ден, ќе се соочат со истиов проблем. Но, сега за сега, секаде состојбата е под контрола. :)
 
Автоматски споено мислење:

60.000 доктори од Хаити на пат кон Американската граница.

mrz092721-color-copy-2-jpeg-1mb_orig%20(1).jpeg
 
Ме мрзи да пишувам долг коментар, но не е сѐ така црно-бело како што пишувате.

Јужниот дел на Тексас е син, заедно со градовите. Источна Калифорнија е црвена. Источниот дел на Орегон е црвен, имаа референдум да се приклучат кон Ајдахо. Само Канзас, на едни избори беше целосно црвен, другите држави се многу мешани, дури и најцрвените и најсините.

И да се одлучат да и стапат, нема да истапат во својата сегашна форма. Ќе има референдуми.

Но ако Демократите сакаат да додадат 2 сини држави (ДиСи и Порто Рико), што значи 4 сенатори за Демократите, не е исклучено и некои држави да се решат на ваков чекор. Тоа значи апсолутна контрола на Демократите во Сенатот, а и зголемување на влијанието и во Претставничкиот дом.

И Русија и Кина, еден ден, ќе се соочат со истиов проблем. Но, сега за сега, секаде состојбата е под контрола. :)

Источна калифорнија, и како се викаше онаа планирана (црвена) држава измеѓу Калифорнија и Орегон или измеѓу Орегон и Портланд ли беше?

И ај настрана партиската припадност на гласачите, со што Порто Рико не заслужил да стане држава, вечно ли треба да биде недефинирана колонија?
 
И ај настрана партиската припадност на гласачите, со што Порто Рико не заслужил да стане држава, вечно ли треба да биде недефинирана колонија?
Што е со останатите територии, како Гуам, на пример? Или Девствените острови? :)
 
Што е со останатите територии, како Гуам, на пример? Или Девствените острови? :)

Нека добијат и они де, ете Порто Рико и Вирџин една карибска држава, пацифичките територии друга, не личи на САД, самопрокламираниот светилник на демократијата сеуште да држи колонии како бившите империјални сили Британија и Франција.
 
Слободно нека станат независни, мислам дека нема да се потресат многу Америте. Зошто не се осамостојат? Демек со сила ги држат. И како независни ќе бидат марионети со стационирани воени бази на САД. Затоа и ги чуваат, не дека им требаат.

Животниот стандард повеќе наликува на оној во затуцаните провинции на Мексико, отколку како некоја од неразвиените држави од САД. Поради таа причина имаат висок процент на резервисти во армијата. :)
 
затуцаните провинции на Мексико

Тоа е финтата, третина од територијата на САД била затуцани провинции на Мексико, а денес тоа се едни од најразвиените делови на унијата.

Колку века овие територии треба да живеат во статус-кво. Реално они не сакаат да бидат независни, убаво им е да бидат дел од САД, дури и во сегашниов статус.
 
Да, но и во Порто Рико им поделеност меѓу оние кои сакаат независност и да стане федерална држава на САД. Ако стане федерална држава на САД, ќе мора да се прашаат нешто останатите федерални држави. Во спротивно секоја држава и територија која сака да биде дел од САД...само ќе си стане! Колку референдуми имале досега? Колку од нив биле успешни (мислам со потребно излезно мнозинство)? :)

Сеуште дел од јужните гранични држави не се доволно развиени. :)
 
Тоа е финтата, третина од територијата на САД била затуцани провинции на Мексико, а денес тоа се едни од најразвиените делови на унијата.

Колку века овие територии треба да живеат во статус-кво. Реално они не сакаат да бидат независни, убаво им е да бидат дел од САД, дури и во сегашниов статус.

Е па зошто тогаш да стекнат статус на сојузни американски држави ако им е убаво и со сегашниот статус ?

Со американски пасош слободно можат да си се преселат во континтенталните сојузни американски држави на САД и да си уживаат во сите граѓански слободи и права какви што им следуваат на сите државјани на САД, буквално исто како и новопечените македонски татари кои се одрекоа од македонска мајка, од македонски татко, од македонски предци, од македонска националност и македонски јазик, од се` македонско во замена за татарски пасош, за да можат да си живеат и работат низ Европа, а кога ќе се случи некаков силен удар врз општеството, на пример пандемија на вирус, имаат каде да си се вратат бидејќи здравството во прекрасната Европа било скапо :pos: .

Со разликата што порториканците и жителите на останатите населени американски територии кои не се територијално дел од ниту една сојузна американска држава, ниту мораат да се одречат од нешто, ниту мораат да чекаат за американски пасош, им следува по автоматизам со самото раѓање на американска територија и единствено треба да си ги спакуваат парталите и да си фатат џаде за континтенталните сојузни американски држави на САД, а ако им е убаво и вака, тогаш нема зошто да бараат било какви промени во статусот на териториите кои ги населуваат.
 
Најискрено кажано, овие легнативе од кои се гребат накезениве гребатори се главните виновници за тоа што им се случува.

Ако им текне како за промена да почнат да го следат примерот на богаташите и да почнат да затајуваат данок, малку ќе им ги пореметат сметките на гребаторите.

Точно е тоа дека САД се држава со најголем број на затвореници во целиот свет, но не верувам дека имаат доволно затвори за, еве да речеме 50 милиони затајувачи на данок, што само по себеси не би ја пореметило, но барем би ја изместило по малку американската економија.
 
Ти зборуваш за граѓанска непослушност. Затајување данок таму (и секаде) не е можно да се направи нелегално. Може легално, ама тоа важи само за богаташи/олигархија.
 
Ти зборуваш за граѓанска непослушност. Затајување данок таму (и секаде) не е можно да се направи нелегално. Може легално, ама тоа важи само за богаташи/олигархија.

Па да, тоа е општествениот израз за тоа, но граѓанска непослушност конкретно подразбира општо непочитување на законот, додека даночното затајување подразбира специфично непочитување на одредени закони.

Но обичните американски смртници се единствените кои можат и треба да се осмелат на таков чекор, никој не може со сила да ги тера да се опаметат додека богаташите ги јаваат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom