liberij
ТЕРИРЕМ
- Член од
- 3 април 2012
- Мислења
- 2.037
- Поени од реакции
- 1.018
Просто со контрирање на подлабок израз не се одговоара, ти велам така е, ти просто, не?!Да се вратиш низ годините што е зборувано од христијани во вакви дискусии - ќе видиш дека ништо не е променето.
Пак истите мисли и зборови за другите. Само лоши мисли за другоста. Тоа е некоја навика низ вековите, кога се докажуваа старите религии меѓусебно... која е полоша.
Ах уште еден што „ме разоткрива“ и „наместо ова, јас правам она“. Немој...
Зборот комуникација доаѓа од латинскиот збор communion, кој всушност значи заедница, или пак, на грчки, истото значење го има зборот кинонија. Остварувајќи комуникација, ние стапуваме во заедница. Тоа е, впрочем начин на постоење на заедницата - преку односот, однесување кон некој, остварување на врска, бидејќи човековата личност е пред сè комуникативна и релациска реалност. Постојат разни начини на комуницирање, дијалози (тоа е грчки поим и значи разговор, диа - логос, преку логосот) кои не мора да се само од јазичен тип. Нашата внатрешна комуникација, внатрешниот дијалог со другите и со светот околу нас, треба да најде надградба во нашите зборови. Бидејќи, според него, доколку нашите зборови не се надградба на нашата внатрешна комуникација, во тој случај можеби е подобро да не ги изговараме.
Врз основа на тоа, голем број на луѓе воопшто немаат лоша внатрешна комуникација со некого, немаат проблематично настроение, но имаат проблем со онаа надворешната, со зборовите. Та кога ќе почне погрешно да се изговараат зборовите, тогаш, кај другиот предизвикуваат реакција која исто така е неформулирана и нејасна, при што доаѓа до пореметување и на внатрешната комуникација. А тоа е пред сè затоа што човек често не може да направи лична комуникација со својата внатрешност, има пореметен внатрешен дијалог со себеси...
Без благодат човек може да говори, а неговите зборови да не значат ништо. Монашките учители на Црквата учат дека празнословието е големо зло. Но не е празнословие кога некој зборува многу, туку празнословие е тоа да зборува за нешто што нема врска со ништо. Пред сè, нема врска со самиот себе и со оној со кој зборува, и тогаш само празнослови, зборува без содржина, така што тоа на ништо не се однесува. Што би рекле луѓето - „треска“, т.е произведува празни зборови. Ако обрнеме внимание на нашата меѓусебна комуникација, би виделе колку многу е тешко, јасно, содржински, во љубов а не по навика произнесувајќи зборови, да разговараме. Кога е толку тешко и со најблиските да се гради комуникација и однос, а не пак како е кога некој атакува на нас непријателски.
Многу е важно и потребно помеѓу себе да покажеме вистински дијалог. Не лицемерно, не лажно, не кобајаги, туку стварно. Тука е важен и моментот на авторитетот - секогаш да знаеш во однос на кого стоиш - со кого комуницираш. А главниот авторитет за Христијаните е тоа што е тој човек, нему авторитет му дава тоа што е икона Божја, и врз таа основа можеме да развиваме дискусија за се и сешто, за Исус, за твоето убедување..., остај наназад вака беше така беше, ти прв почна...
Еве се гледаме лице в лице, откриј се кој си, кого претставуваш, објасни го твоето учење во форма стокмена за вакви дискусии, јас ти нудам Личносен Бог, Слобода, постоење во Љубов, секако може слободно да критикуваш, но кога ти велам не кажуваш автентично Христијанство што ти е проблемот да примиш?! Еве ти од твоја страна понуди ја твојата Вистина. Се разбира принципиелно во форма да бидеш разбран, елоквентен кон другиот во дијалог, иако пак ќе повторам твојот хендикеп за непознавање на Христијанството, или како и да си “даруван“ од раѓање можеби Мухамеданец, Јудеец... те прави ирелевантен за ваква дискусија(ова го кажувам како услов за квалитет на дијалог, не ад хомини), но ќе прифатам чисто заради општо добро....
Христовото учење покажува точно што е и која е Црквата, актуелнава и низ вековите минати и идни, но и која е нејзината цел. Во Црквата припаѓаат Пророците и Апостолите и оние кои што ја примаат нејзината откровенска Теологија и кои што се борат да се наоѓаат во истата перспектива. Секако, постојат многу степени на учество, но човекот барем треба да се наоѓа на степенот на аскеза „Духом и Умом“.
И уште се гледа и која е најдлабоката и најсуштинската цел на Црквата. А таа цел е да го одведе човекот во обожување, кое што е гледањето на несоздадената светлина и пред се заедница во Света Троица. Целото Светоотечко предание стреми кон таа возвишена цел. Значи, обожувањето не е луксуз за христијанскиот живот, туку е неговата најдлабока цел преку Светите Тајни и аскезата стремат кон Царството на Љубовта.
Како изгледа Телемитската есхатологија и која е целта?
Автоматски споено мислење:
Убава паралела антрополошки мотивирачка, предизвикувача, за нихилизмот во човекот, ако ништавилото е буквално ништо, од каде анксиозноста, фобиите..., танатичните реакции, кои дури и во овие дискусии се поврзани и израз на овој аспект...?Ај обид сите можеби да се сложиме околу една, периодов приметив дека членовите во дискусијава на овие неколку страни се луѓе со чувство дека оваа реалност не е само материјална, истите не се во анкциозност од вирусот вклучувајќи те и тебе и имаат критички осврт кон присилна вакцинавија, заклучувам дека без разлика на доктрините резултатот е малтене ист, тоа чувство го победува стравот за разлика од атеистичкиот нихелизам кој води во голема анкциозност од смрт. Можеби тоа е најбитното, се друго се нијанси.
Последно уредено: