Немам претстава...намерно те провоцирам да ти го отворам патот да стегнеш од твоите писанија длабински и во ширина...
Мене целта ми беше денеска да те насмејам и успеав во тоа...
...првиот цитат од чичко Кроули ме испровоцира на едно прашање до тебе: "Кој е тој што ни дава за право некого да го окарактеризираме како глуп човек?"
Интересен цитат, можам комплетно да се сложам, од тие причини не коментирам други религии во негативно светло бидејќи им ја почитувам волјата на тие што ги следат па така сакам да сум пример.
Телема е класична новотарија која некреативно, затуцано уште се бави со тарот карти, нумерологии, гатања, вражења..., окултистички, магиски небулози во служба на губење на слободата на личноста. Ништо ново, напротив, отсуство на слобода и разум.
Како може Христос да е еврејска идеја кога Тој ги создаде Евреите и сите други, и све што постои? Имаш космолошка дупка во учењето.
Христос Воскресна!
Овде е проблемот за денешните луѓе. Тие не го отфрлаат Исус. Тие се восхитуваат на неговата добрина и ги сакаат сите придобивки што ги дарувал додека бил на земјата. Воскресението е тоа што им пречи. Ако Исус останеше мртов во гробот, многу луѓе повеќе ќе го сакаа. Тој не е добродојден и е мета на напади денес, токму затоа што воскреснал и објавувањето на Неговото Воскресение како свој директен придружен пропис ја има заповедта да се покаеме и да се бориме со своите страсти.
Христос кој не воскресна, лесно може да биде асимилиран од безбројните богови и божици на паганизмот, кои не само што не ги забрануваат, туку и активно ги поттикнуваат страстите. А, што со Воскреснатиот Христос, кој вели: „Бев мртов, и ете, жив сум за сите векови“ (Откр 1, 18)? Ќе му дозволите ли да ги казнува вашите престапи, да ја ограничува вашата злоба и да го уредува вашиот животот? Ова е причината, зошто многумина не го сакаат Воскресението.
Оваа теологија за некој Телемит во својата редукција и ограниченост ја симплицира во ишкање на мувата од капата, бидејќи е во карате ката борба со невидлив по своја верзија Христијанин, пародично мавтајќи со рацете во воздух во празниот простор чувствувајќи дека е осуден од Судијата и сопствената совест.
Старечкиот тенацитет на вниманието те губи во дијалогот, наместо да го откриваш внатрешниот човек се претвораш во индивидуа самодовлна во сопството, во вулгарен испад кон другиот без конкретна, квалитетна рецепција на искуството, а времето гази...
Можеби најважниот пресврт на минатите векови е појавата на индивидуата. Веројатно за прв пат во историјата, индивидуите стекнаа своја вредност, свое право на постоење и своја автономија. Тие прв пат постигнаа толкаво значење и важност, што се сметаат над заедницата, над тоталитетот, над колективните културни и наследни институции и вредности и, се разбира, на Црквата .
Денешниот човек, самопотврден, суетен, херметички запечатен во своето его, хедонист и песимист, е тој што ја обликува нашата глобализирана биоетика, што ја изразува неетичката морална разновидност на времето. И покрај неговата острина на умот, тој не знае што е тоа личнот, не го искористи својот вистински потенцијал што ги надминува границите на земскиот живот и не ги откри вечните димензии кои онтолошки ни припаѓаат. Може да видиме дека луѓето денес се уназадени, го потценуваат квалитетот и смислата на нивниот живот. Со други зборови, луѓето денес имаат стекнато длабоко непријателска маска и персона. Потребна е силна борба да се ослободиме од оваа маска, да ја преобразиме во човечко лице.
Секое занимавање со магики, окултизам завршуваат со духовна смрт, губење на потенцијалот и полнотата на живот во слобода со Креаторот.
Еден ваков поглед и пресек на актуелниот постмодерен човек е сериозен предизвик да погледне на својот Архетип, Креатор, како вистинска цел и смисла на постоењето кое го очекуваме во невечерниот ден на Воскресението.

Темава дозволува разобличување на лагата во интерес на Вистината кон Која верувам сите трагаме, се разбира во културни рамки на дискусија, расправа..., така да треба одвреме навреме да ја проветруваме теологијата.
Да се вратиш низ годините што е зборувано од христијани во вакви дискусии - ќе видиш дека ништо не е променето.
Пак истите мисли и зборови за другите. Само лоши мисли за другоста. Тоа е некоја навика низ вековите, кога се докажуваа старите религии меѓусебно... која е полоша.
Ах уште еден што „ме разоткрива“ и „наместо ова, јас правам она“. Немој...
Денешниот човек ослободен од религијата, бара и истражува. Реков, се што беше тајно заради црквите и центрите на моќ во минатото - се појавија повторно. Сите мислеа дека многу учења биле загубени и исчезнале - а реално само заминаа во „илегала“ од вакви догматичари како тебе што сатанизираат сешто и од се прават зло ако не е нивното.
И многумина ќе изгледаат „загубено“, посебно на тоа ќе потенцираат преставниците на старите религии, како порано цветало со нивните философии. Но и тоа ќе помине. Еден човек во даден момент е доволно да разбере дека магика, езотерија, духовно истражување, испрашување и непотклекнување пред „духовен авторитет“ - е вистински пат кон божественото.
Денешниот човек бидејќи не е христијанин и не го прифаќа Христос со идејата за спасител и наследен грев е его, хедонист, песимист? Знам многумина кои не се христијани и немаат ништо со ова што ти зборуваш.
И ти си од оние кои претвораат се во зло ако не е христијанство. Не одиме вака далеку... претходно колку што се сеќавам рековме да престанеме да ги сатанизираме и вештачки создаваме лоша слика за нештата за да може старите религии да изгледаат не толку мрачни и не толку погрешни во однос на денешниот човек.
Нема место за вас меѓу денешниот човек - барем тоа ви станува јасно. Со тоа што ќе го навредувате и ќе проповедате дека нештата надвор од вашите цркви се зло - ништо не добивате. Бидејќи другите велат да се истражува, да не се верува на луѓе како тебе. Да не се верува, да се проверува.
Доста со „блажен е оној“...
Ова христијанството со Исус сите ги прави најдобри! Браво. За малку ќе ме убедиш да бидам христијанин и да зборувам за другите како што ти зборуваш... егоисти, духовно мртви, песимисти...
Магиката водела кон духовна смрт... сешто сум среќавал од христијански апологети да стават пред „духовна смрт“ - се што не им одговара и се коси со нивната догма води или е „духовна смрт“.
Не, старо-еонска лага е дека магика и езотерија завршува со духовна смрт. Поголема смрт од тоа да се убеди поединецот дека е „беден по дух“ и како е доволно само да се верува и како другоста е зло - нема. Тоа е смрт на човештвото бидејќи води кон раздор.
Доста беше „дојдов да разделам брат од брат, син од татко итн итн“ - доста е.
Магиката е наука, заедно со езотеријата. Заборавена технологија. Тоа што вам, кои сте задоволни со догмата и ви е прекрасно да го убедувате човекот дека само Христос и никој друг е „вистинскиот живот“ - е ваш проблем.
Непотребно ги сатанизирате нештата за кои немате никакво искуство и знаење.
Денес, новиот човек се учи да истражува. За секој поединец има патека, има метод, има постигнување!
Другото - е небитно
Интересен цитат, можам комплетно да се сложам, од тие причини не коментирам други религии во негативно светло бидејќи им ја почитувам волјата на тие што ги следат па така сакам да сум пример.
Не може да се повикуваш на „нивната волја“ бидејќи оние што јас ги критикувам велат „нека биде твојата волја“ - ако добро се сеќавам.
Не може да се седи на две столчиња.
Слободната волја бара огромна свесност за сопствениот универзум и до каде се протега. Да веруваш во нештата не ти треба волја. Многумина бираат верување бидејќи знаењето и искуството бара работа, откривање на нешта за себе си кои и не се многу пријатни. Но разбирањето на себе си ја поместува границата на верување на многу подруги нивоа и те доближува до, како да кажам, божествената искра - за која припадници на разни религии велат дека е лага и дека тоа било сатаната, ги лажел оние кои имаат храброст да истражуваат и нурнат во внатрешноста на сопственото битие.
Не може да почитуваш учење кое создава луѓе кои за тебе проповедаат дека си зло бидејќи не си во нивниот табор!
Ова што го пишува членов го затекнав пред 10 години, ете вакви беа христијаните.
Не може да важи за муслиман поимот за демократија кога тој сонува за шеријатски закон каде што има „верска полиција“ и правен закон чија основа е света книга Куран.
Не може христијанинот да се повикува на слободна волја бидејќи ја нема. За се што е - преодредено е и се знае исходот.
Тие имаат само верување и тоа верување ние треба да го согледаме како реалност, како навистина е уреден универзумот?
Тешко, барем за мене... за вас, не знам.
Телема е класична новотарија која некреативно, затуцано уште се бави со тарот карти, нумерологии, гатања, вражења..., окултистички, магиски небулози во служба на губење на слободата на личноста. Ништо ново, напротив, отсуство на слобода и разум.
Како може Христос да е еврејска идеја кога Тој ги создаде Евреите и сите други, и све што постои? Имаш космолошка дупка во учењето.
Христос Воскресна!
Овде е проблемот за денешните луѓе. Тие не го отфрлаат Исус. Тие се восхитуваат на неговата добрина и ги сакаат сите придобивки што ги дарувал додека бил на земјата. Воскресението е тоа што им пречи. Ако Исус останеше мртов во гробот, многу луѓе повеќе ќе го сакаа. Тој не е добродојден и е мета на напади денес, токму затоа што воскреснал и објавувањето на Неговото Воскресение како свој директен придружен пропис ја има заповедта да се покаеме и да се бориме со своите страсти.
Христос кој не воскресна, лесно може да биде асимилиран од безбројните богови и божици на паганизмот, кои не само што не ги забрануваат, туку и активно ги поттикнуваат страстите. А, што со Воскреснатиот Христос, кој вели: „Бев мртов, и ете, жив сум за сите векови“ (Откр 1, 18)? Ќе му дозволите ли да ги казнува вашите престапи, да ја ограничува вашата злоба и да го уредува вашиот животот? Ова е причината, зошто многумина не го сакаат Воскресението.
Оваа теологија за некој Телемит во својата редукција и ограниченост ја симплицира во ишкање на мувата од капата, бидејќи е во карате ката борба со невидлив по своја верзија Христијанин, пародично мавтајќи со рацете во воздух во празниот простор чувствувајќи дека е осуден од Судијата и сопствената совест.
Старечкиот тенацитет на вниманието те губи во дијалогот, наместо да го откриваш внатрешниот човек се претвораш во индивидуа самодовлна во сопството, во вулгарен испад кон другиот без конкретна, квалитетна рецепција на искуството, а времето гази...
Можеби најважниот пресврт на минатите векови е појавата на индивидуата. Веројатно за прв пат во историјата, индивидуите стекнаа своја вредност, свое право на постоење и своја автономија. Тие прв пат постигнаа толкаво значење и важност, што се сметаат над заедницата, над тоталитетот, над колективните културни и наследни институции и вредности и, се разбира, на Црквата .
Денешниот човек, самопотврден, суетен, херметички запечатен во своето его, хедонист и песимист, е тој што ја обликува нашата глобализирана биоетика, што ја изразува неетичката морална разновидност на времето. И покрај неговата острина на умот, тој не знае што е тоа личнот, не го искористи својот вистински потенцијал што ги надминува границите на земскиот живот и не ги откри вечните димензии кои онтолошки ни припаѓаат. Може да видиме дека луѓето денес се уназадени, го потценуваат квалитетот и смислата на нивниот живот. Со други зборови, луѓето денес имаат стекнато длабоко непријателска маска и персона. Потребна е силна борба да се ослободиме од оваа маска, да ја преобразиме во човечко лице.
Секое занимавање со магики, окултизам завршуваат со духовна смрт, губење на потенцијалот и полнотата на живот во слобода со Креаторот.
Еден ваков поглед и пресек на актуелниот постмодерен човек е сериозен предизвик да погледне на својот Архетип, Креатор, како вистинска цел и смисла на постоењето кое го очекуваме во невечерниот ден на Воскресението.
Автоматски споено мислење:
Темава дозволува разобличување на лагата во интерес на Вистината кон Која верувам сите трагаме, се разбира во културни рамки на дискусија, расправа..., така да треба одвреме навреме да ја проветруваме теологијата.
"Let others believe in God, who quarrels and judges with people.
I will cling to God, who raises the dead.
Let others believe in God, who does not approach the living, when they call on him.
I will worship God, who keeps His ear lean in the cemetery and listens, if someone cries out for the resurrection and the resurrector."
...првиот цитат од чичко Кроули ме испровоцира на едно прашање до тебе: "Кој е тој што ни дава за право некого да го окарактеризираме како глуп човек?"
Ќе треба да ја отвориш Liber Aleph и да ги разгледаш есеите поврзани со волјата и патеката на оној што ја извршува својата волја низ бесконечноста.
Бесцелно прашање...
Бараш некој да ти даде право, дозвола?
Наметливецот кој што не си го гледа својот пат, а доаѓа да го поправи мојот пат, мислејќи дека ме знае многу подобро од мене самиот и мојата патека - навистина е будала!
Бидејќи човек што ќе застане пред воз во полна пареа мислејќи дека ќе ја промени патеката на самиот воз - што е?
Ни треба дозвола за да го окарактеризираме за будала?
Има начини и начини - но за да некој може да промени некој, прво мора да имаат допир нивните универзуми за да може да комуницираат и да ги разберат меѓусебните врски и второ најбитно: не може без дозвола да се мешаш во нечиј универзум. Дури и да си ласкаш како тој не бара помош бидејќи му е срам, неугодно па ти си го прочитал и му ги знаеш мислите и ајде - ќе дејствуваш.
Не, тоа е будалесто и непотребно. На друг начин се влијае.
П.С. Одамна вака не ме „сардисале“ повеќе луѓе од „различни“ верувања, ќе заборавам со кој што муабет правам. Меѓу вас направете малку муабет, сложете се околу некои работи
"Let others believe in God, who quarrels and judges with people.
I will cling to God, who raises the dead.
Let others believe in God, who does not approach the living, when they call on him. I will worship God, who keeps His ear lean in the cemetery and listens, if someone cries out for the resurrection and the resurrector."
Одамна вака не ме „сардисале“ повеќе луѓе од „различни“ верувања, ќе заборавам со кој што муабет правам. Меѓу вас направете малку муабет, сложете се околу некои работи
Ај обид сите можеби да се сложиме околу една, периодов приметив дека членовите во дискусијава на овие неколку страни се луѓе со чувство дека оваа реалност не е само материјална, истите не се во анкциозност од вирусот вклучувајќи те и тебе и имаат критички осврт кон присилна вакцинавија, заклучувам дека без разлика на доктрините резултатот е малтене ист, тоа чувство го победува стравот за разлика од атеистичкиот нихелизам кој води во голема анкциозност од смрт. Можеби тоа е најбитното, се друго се нијанси.
Ќе треба да ја отвориш Liber Aleph и да ги разгледаш есеите поврзани со волјата и патеката на оној што ја извршува својата волја низ бесконечноста.
Бесцелно прашање...
Бараш некој да ти даде право, дозвола?
Наметливецот кој што не си го гледа својот пат, а доаѓа да го поправи мојот пат, мислејќи дека ме знае многу подобро од мене самиот и мојата патека - навистина е будала!
Бидејќи човек што ќе застане пред воз во полна пареа мислејќи дека ќе ја промени патеката на самиот воз - што е?
Ни треба дозвола за да го окарактеризираме за будала?
Има начини и начини - но за да некој може да промени некој, прво мора да имаат допир нивните универзуми за да може да комуницираат и да ги разберат меѓусебните врски и второ најбитно: не може без дозвола да се мешаш во нечиј универзум. Дури и да си ласкаш како тој не бара помош бидејќи му е срам, неугодно па ти си го прочитал и му ги знаеш мислите и ајде - ќе дејствуваш.
Не, тоа е будалесто и непотребно. На друг начин се влијае.
...никој неможе да промени никого Хепта
...сегашното "оргијање" по религиите и желбата да се излезе од матрицата на ништавилото носи "нуспродукти" од нечии мечтаења за допир со Божественото
...почитувам туѓо верување,но не и наметнување на истото со навредување
...мудрост е да иницираш прашања кај оние што те читаат,а не да даваш одцени,совети и одговори на истите

Премногу ти е општо прашањето и самиот цитат не е наменет за такво прашање.
Затоа на секој цитат што јас го споделувам (и барам и други да го прават тоа, претежно од @Lenor*) ставам извор и тоа колку што можам попрецизно (понекогаш и страна би напишал да знам дека сите би го имале истото издание од книгата која ја цитирам) за да може да отворете и сами да го прочитате текстот кој што е изваден како цитат - бидејќи цитатот не секогаш ја доловува целосната смисла.
За тоа имам и зборувано во еден мој есеј за мрзливоста на читателот и цитатите - колку може (намерно или не) да ја искриват самата мисла која требало да ја опфатат.
Мислев дека ќе побарате на нет за книгата, да најдете за цитатот и да разгледате... ама ништо
Не мислев да те навредам или да те оценувам со тоа „бесцелно прашање“ бидејќи како јас да знам кој е глупав, будала итн итн или зошто би ми требало некој да ми дава право, да ми дава било што?
Со самата интеракција со нивниот универзум - друг начин не знам... и тоа може да пресуди некој во однос на сопствениот универзум и другиот - што не го опишува самата индивидуа - туку врските кои се создаваат и губат. Барем јас така го гледам сето тоа...
...јас само поставив прашање од твојот цитат
...немам интерес да навлегувам во подлабоки анализи,а тоа не ме прави мрзелив
...интеракцијата немора секогаш да изгледа така како ние си замислуваме,нели?

Цитирај ме или тагни ме ако мене ми зборуваш...
Кога немаш интерес не поставувај прашања наменети за некој што навистина ги истражува нештата за кои зборува.
Глупо е.
Бидејќи ќе добиеш одговор кој што сигурно нема да ти се допадне бидејќи немаш интерес за работите за кои прашуваш и нема да ги разбереш симболите со кои ќе ти се одговори. Ниту пак ќе седнеш да разгледаш подобро за сето тоа што го прашуваш. Иако прашањето беше колку да се застрани од темата...
Бесцелно прашање, реков уште првиот пат.
Нема простор за „замислување“ кога имаш директна интеракција... може да си замислува човек, ако има болна интеракција па умот да ја искривува сликата за нештата за да „го спаси“ духот... но тоа е лага на умот, тој се крши, а не самата суштина која стои зад него.
Реков и за тоа претходно: откривањето на сопствената суштина не е пријатна ствар, затоа и мноштвото одбива да го прави тоа и се плетка ко будали во патеките на другиот кои не ги ниту разбираат ниту имаат некаква идеја какви се тие патеки...
Не може да ве одниме чашата - за тоа се сложуваме со старите учења. Но има начини како да се испие достоинствено ...
Цитирај ме или тагни ме ако мене ми зборуваш...
Кога немаш интерес не поставувај прашања наменети за некој што навистина ги истражува нештата за кои зборува.
Глупо е.
Бидејќи ќе добиеш одговор кој што сигурно нема да ти се допадне бидејќи немаш интерес за работите за кои прашуваш и нема да ги разбереш симболите со кои ќе ти се одговори. Ниту пак ќе седнеш да разгледаш подобро за сето тоа што го прашуваш. Иако прашањето беше колку да се застрани од темата...
Бесцелно прашање, реков уште првиот пат.
Нема простор за „замислување“ кога имаш директна интеракција... може да си замислува човек, ако има болна интеракција па умот да ја искривува сликата за нештата за да „го спаси“ духот... но тоа е лага на умот, тој се крши, а не самата суштина која стои зад него.
Реков и за тоа претходно: откривањето на сопствената суштина не е пријатна ствар, затоа и мноштвото одбива да го прави тоа и се плетка ко будали во патеките на другиот кои не ги ниту разбираат ниту имаат некаква идеја какви се тие патеки...
...сакам да ја разберам твојата мисија со брошурите на Краули,затоа и прашувам
...провокација без смисол за мене не е од интерес затоа и не навлегувам длабоко во анилизи на истата
...нема неуки,нема будали за еден човек што оди по патеките на мудроста и себеспознанието

Премногу ти е општо прашањето и самиот цитат не е наменет за такво прашање. Затоа на секој цитат што јас го споделувам (и барам и други да го прават тоа, претежно од @Lenor*) ставам извор и тоа колку што можам попрецизно (понекогаш и страна би напишал да знам дека сите би го имале истото издание од книгата која ја цитирам) за да може да отворете и сами да го прочитате текстот кој што е изваден како цитат - бидејќи цитатот не секогаш ја доловува целосната смисла.
За тоа имам и зборувано во еден мој есеј за мрзливоста на читателот и цитатите - колку може (намерно или не) да ја искриват самата мисла која требало да ја опфатат.
Мислев дека ќе побарате на нет за книгата, да најдете за цитатот и да разгледате... ама ништо
Не мислев да те навредам или да те оценувам со тоа „бесцелно прашање“ бидејќи како јас да знам кој е глупав, будала итн итн или зошто би ми требало некој да ми дава право, да ми дава било што?
Со самата интеракција со нивниот универзум - друг начин не знам... и тоа може да пресуди некој во однос на сопствениот универзум и другиот - што не го опишува самата индивидуа - туку врските кои се создаваат и губат. Барем јас така го гледам сето тоа...
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.