Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Да се вратиш низ годините што е зборувано од христијани во вакви дискусии - ќе видиш дека ништо не е променето.
Пак истите мисли и зборови за другите. Само лоши мисли за другоста. Тоа е некоја навика низ вековите, кога се докажуваа старите религии меѓусебно... која е полоша.

Ах уште еден што „ме разоткрива“ и „наместо ова, јас правам она“. Немој...
Просто со контрирање на подлабок израз не се одговоара, ти велам така е, ти просто, не?!
Зборот комуникација доаѓа од латинскиот збор communion, кој всушност значи заедница, или пак, на грчки, истото значење го има зборот кинонија. Остварувајќи комуникација, ние стапуваме во заедница. Тоа е, впрочем начин на постоење на заедницата - преку односот, однесување кон некој, остварување на врска, бидејќи човековата личност е пред сè комуникативна и релациска реалност. Постојат разни начини на комуницирање, дијалози (тоа е грчки поим и значи разговор, диа - логос, преку логосот) кои не мора да се само од јазичен тип. Нашата внатрешна комуникација, внатрешниот дијалог со другите и со светот околу нас, треба да најде надградба во нашите зборови. Бидејќи, според него, доколку нашите зборови не се надградба на нашата внатрешна комуникација, во тој случај можеби е подобро да не ги изговараме.

Врз основа на тоа, голем број на луѓе воопшто немаат лоша внатрешна комуникација со некого, немаат проблематично настроение, но имаат проблем со онаа надворешната, со зборовите. Та кога ќе почне погрешно да се изговараат зборовите, тогаш, кај другиот предизвикуваат реакција која исто така е неформулирана и нејасна, при што доаѓа до пореметување и на внатрешната комуникација. А тоа е пред сè затоа што човек често не може да направи лична комуникација со својата внатрешност, има пореметен внатрешен дијалог со себеси...

Без благодат човек може да говори, а неговите зборови да не значат ништо. Монашките учители на Црквата учат дека празнословието е големо зло. Но не е празнословие кога некој зборува многу, туку празнословие е тоа да зборува за нешто што нема врска со ништо. Пред сè, нема врска со самиот себе и со оној со кој зборува, и тогаш само празнослови, зборува без содржина, така што тоа на ништо не се однесува. Што би рекле луѓето - „треска“, т.е произведува празни зборови. Ако обрнеме внимание на нашата меѓусебна комуникација, би виделе колку многу е тешко, јасно, содржински, во љубов а не по навика произнесувајќи зборови, да разговараме. Кога е толку тешко и со најблиските да се гради комуникација и однос, а не пак како е кога некој атакува на нас непријателски.

Многу е важно и потребно помеѓу себе да покажеме вистински дијалог. Не лицемерно, не лажно, не кобајаги, туку стварно. Тука е важен и моментот на авторитетот - секогаш да знаеш во однос на кого стоиш - со кого комуницираш. А главниот авторитет за Христијаните е тоа што е тој човек, нему авторитет му дава тоа што е икона Божја, и врз таа основа можеме да развиваме дискусија за се и сешто, за Исус, за твоето убедување..., остај наназад вака беше така беше, ти прв почна...

Еве се гледаме лице в лице, откриј се кој си, кого претставуваш, објасни го твоето учење во форма стокмена за вакви дискусии, јас ти нудам Личносен Бог, Слобода, постоење во Љубов, секако може слободно да критикуваш, но кога ти велам не кажуваш автентично Христијанство што ти е проблемот да примиш?! Еве ти од твоја страна понуди ја твојата Вистина. :) Се разбира принципиелно во форма да бидеш разбран, елоквентен кон другиот во дијалог, иако пак ќе повторам твојот хендикеп за непознавање на Христијанството, или како и да си “даруван“ од раѓање можеби Мухамеданец, Јудеец... те прави ирелевантен за ваква дискусија(ова го кажувам како услов за квалитет на дијалог, не ад хомини), но ќе прифатам чисто заради општо добро....

Христовото учење покажува точно што е и која е Црквата, актуелнава и низ вековите минати и идни, но и која е нејзината цел. Во Црквата припаѓаат Пророците и Апостолите и оние кои што ја примаат нејзината откровенска Теологија и кои што се борат да се наоѓаат во истата перспектива. Секако, постојат многу степени на учество, но човекот барем треба да се наоѓа на степенот на аскеза „Духом и Умом“.

И уште се гледа и која е најдлабоката и најсуштинската цел на Црквата. А таа цел е да го одведе човекот во обожување, кое што е гледањето на несоздадената светлина и пред се заедница во Света Троица. Целото Светоотечко предание стреми кон таа возвишена цел. Значи, обожувањето не е луксуз за христијанскиот живот, туку е неговата најдлабока цел преку Светите Тајни и аскезата стремат кон Царството на Љубовта.:love:

Како изгледа Телемитската есхатологија и која е целта?
Автоматски споено мислење:

Ај обид сите можеби да се сложиме околу една, периодов приметив дека членовите во дискусијава на овие неколку страни се луѓе со чувство дека оваа реалност не е само материјална, истите не се во анкциозност од вирусот вклучувајќи те и тебе и имаат критички осврт кон присилна вакцинавија, заклучувам дека без разлика на доктрините резултатот е малтене ист, тоа чувство го победува стравот за разлика од атеистичкиот нихелизам кој води во голема анкциозност од смрт. Можеби тоа е најбитното, се друго се нијанси. :)
Убава паралела(y) антрополошки мотивирачка, предизвикувача, за нихилизмот во човекот, ако ништавилото е буквално ништо, од каде анксиозноста, фобиите..., танатичните реакции, кои дури и во овие дискусии се поврзани и израз на овој аспект...?
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
О еМ Џи :)

ОК да не испаднам блек шип :) последниов цитат а и повеќето кои ги постирав се наоѓаат тука...

Епископ Николај
Молитве на језеру
На Охридском језеру 1921-1922 године.
https://www.rastko.rs/svecovek/duhovnost/vlnikolaj/vlnikolaj_molitva.html
Се шегував или како што велите да те "испровоцирам" малку
Автоматски споено мислење:

јас ти нудам Личносен Бог, Слобода, постоење во Љубов, секако може слободно да критикуваш, но кога ти велам не кажуваш автентично Христијанство што ти е проблемот да примиш?! Еве ти од твоја страна понуди ја твојата Вистина. :)
Немој жити тебе... не нуди работи кои не ги имаш ниту ти се дадени да ги нудиш на другите.

Автентично христијанство? Не постои. Премногу сте поделени. Распад. Лесно може да ве нас'скаат едни против други за банални ствари за кои вие ќе врескате Вистина (со големо В). Јас не користам такви фрази...

Не ме читаш ти мене на форумов по се изгледа... никогаш не сум нудел богови на моите соговорници. Ниту ти можеш да нудиш богови ниту мене ниту на некој друг. Каде замина? :)
За Љубов зборувате сите - љубов немате за никој. Упорно сакаш да ја протнеш твојата религија како апсолутна вистина за нештата.

Нормално дека можам да критикувам слободно. Ново време, нови правила. Не знам зошто ти смета да се критикуваат религиите... не знам зошто мора да ја браниш религијата со ниски удари како претходно, а бараш од другите коректен однос спрема тебе како христијанин кој што нели Вистина, Бог сето тоа оди со тебе рамо до рамо... :)

Не можам да ти понудам моја вистина, што би правел ти со мојата вистина? Ништо.
Да ме читаш низ форумов ќе знаеш дека многупати сум кажал дека луѓето и нивното знаење за нештата и споделување нивната мисла е само патоказ... никаква вистина не може да се сподели со зборови, најмалку сопствената!
Тие што го нудат тоа се обични измамници...

Не знам зошто вакви идеи имаш... и зошто не може да разбереш дека старите религии не одат со новото време, со човекот денес.
Не треба да го омаловажуваш човекот бидејќи не се пронаоѓа во религиите од старото време и да измислуваш глупи оправдувања и обвинувања за да покажеш како твојот концепт на божественост е највистинското и најправилното нешто за еден човек.
Не е. Почнете да проповедате во стилот дека секој може да биде како му е волја - богот нема да се лути, секако тоа ви е дадено од него.
Може само луѓето да ве судат - но како го знаат тие твојот пат на каде е и до кога е? :)

Ако го правите тоа - ќе биде одлично... скоро како Телема!
 
Последно уредено:
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Убава паралела(y) антрополошки мотивирачка, предизвикувача, за нихилизмот во човекот, ако ништавилото е буквално ништо, од каде анксиозноста, фобиите..., танатичните реакции, кои дури и во овие дискусии се поврзани и израз на овој аспект...?
The white man has lost his connection with Spirit :D
Без таа врска постои само немир, без доживеаното чувство постои само страв од ништавилото на непостоењето, без духот постои само ова тело кое мора да се сочува по секоја цена а денес и надеж дека технологијата ќе понуди утеха, вештачки органи, ново младо тело со пренесена свест, свест во симулација по избор, рај по нарачка, немир што турка во лудило на опсесија со себе и го држи тоа чувство заклучено и заспано во срцето.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Немој жити тебе... не нуди работи кои не ги имаш ниту ти се дадени да ги нудиш на другите.

Автентично христијанство? Не постои. Премногу сте поделени. Распад. Лесно може да ве нас'скаат едни против други за банални ствари за кои вие ќе врескате Вистина (со големо В). Јас не користам такви фрази...

Не ме читаш ти мене на форумов по се изгледа... никогаш не сум нудел богови на моите соговорници. Ниту ти можеш да нудиш богови ниту мене ниту на некој друг. Каде замина? :)
За Љубов зборувате сите - љубов немате за никој. Упорно сакаш да ја протнеш твојата религија како апсолутна вистина за нештата.....

Теолошкиот правопис не треба да те буни, Христос се претставува како Вистина, „Јас Сум Вистината...“
Поделеноста е нешто природно за слободни луѓе, кои повторно се обединети во Христос, тоа во историјата на Црквата е придобивка во процес на градење на човекот како личност, кој како го доживува, гради однос со Бог...

Те „прочитав“ одамна, нема ништо како и велиш, но еве те играм секогаш одново, може ќе се ослободиш од егото на самодоволност..., кое ја прекинува Љубовта.

Вистината е Христос Кој несебично се дели на секоја Литургија конкретно, личносно, не е гностичка категорија. Христос е Ист и вчера, денес и утре, вечно Млад, Нов, Неисцрпен, Несебичен..., не подложен на распаѓање. Каде е Кроули?
Христос не е затворен, самодоволен, напротив, сака сите да се спасат од ропството на смртта, затоа и нас како Негови, не упатува на сите да ја објавуваме Радосната Вест, дека Воскресна и сите ние можеме преку Крштението да Совоскреснеме со Него. Тоа е Љубовната порака која најприродно е да ја објавуваме на сите кои сакаат, зошто и како би ја криеле?! Ние ако замолчиме „камењата ќе провикаат...“ Капираш ли?

Гледам претходно на членовите овде им бараш да се изјаснат што учат, чии се, да се отворат..., почни од себе, биди пример, ајде излези од пајажината од коските на варосаниот гроб на Кроули и понуди нешто ново, без покажување на бесцелен пат,празни фрази, играње карти, фрлање магии..., биди сериозен, одговорен, конструктивен, за што ли те стаивме овде да модерираш? :)
Како изгледа Телемитската есхатологија и која е целта?
The white man has lost his connection with Spirit :D
Без таа врска постои само немир, без доживеаното чувство постои само страв од ништавилото на непостоењето, без духот постои само ова тело кое мора да се сочува по секоја цена а денес и надеж дека технологијата ќе понуди утеха, вештачки органи, ново младо тело со пренесена свест, свест во симулација по избор, рај по нарачка, немир што турка во лудило на опсесија со себе и го држи тоа чувство заклучено и заспано во срцето.
Поривот за вечен живот во човекот, цивилизациски го еволуира преку трансхуманизмот како опција за остварување на овој егзистенцијален инстикт преку технологијата, теозофски. Оттука и религискиот карактер и замаглување на протологијата, генезисот..., обеќава, но мене сеуште неможе да ме убеди како вистинско решение и начин на постоење на човекот.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
Ме ставија да контролирам да нема навреди и офтопици. Бидејќи претходно тука повеќе се бришеше отколку што имаше муабет за било што. :)
2-3 реченици во кои одеше муабети како ти си глупак, ти си ова ти си она - простачки муабети.

Сега ме прочитал... ова христијанскиве мистици, подобри од Телемитските магичари! :)

Ништо не си прочитал ти, бесцелно муабетам тука кога кај тебе од моите писанија ти градиш само кули на омраза (видено веќе наназад низ годините, ништо ново)... ти си научен да читаш проповеди и ако ти се допадне запишаното, и те поттикне на „блаженство“ - да го сметаш за вистина...
Разбирам дека јас за тебе сум само уште „еден непријател на црквата и Христос“ и сега од петни жили преку мене ќе се обидуваш да проповедаш христијанство како тоа е вистината другото како што реков за вас е лага, зло итн итн :)

Се додека туѓото е лага и постои „само еден пат, Христос“ ќе бидете во грешка. Разбери дека времето на христијанството и исламот заврши.... еден ден и денешното учење и пракса ќе помине. Така било, така е и така ќе биде засекогаш... нема што да се проповеда „крај на светот“,второ доаѓање, судење, смрт, грешни, ќе умрете, ѓаволи и бесови...
Нема потреба од тоа... не може да е вечно учењето кога се работи за духовен развој...

Кроули е небитен. Исус е небитен, Мухамед е небитен... Каде е Исус? Каде е Мухамед? Каде Дионисиј? Каде е Буда? :)
Ах да Исус седи „од десно“ на Таткото... сега земи прочитај за јудејскиот мистицизам и види зошто „Исус седи од десно“- да не биде не сум кажал нешто ново да научиш.

Зошто се заморуваш со Кроули? Што знаеш за Кроули?
Ако не знаеш има дневници (што тој сам ги пишувуал), имаш биографии (анализи од други за неговиот живот и тоа како поет, како мистик, како пророк-ако бил пророк (тоа е интересна мистерија), како шпион итн итн ).
За Кроули не мора да зборуваме ние, неговите Браќа и Сестри иницирани во мистериите!
Тоа го имаат за потреба само христијаните бидејќи само вие имате човек што од пророк го накалемија да биде бог. Нешто што е правено и во минатото, но таму имаа други ритуали и начини на постигнувања.

Телема само вели да не се обожуваат пророците! Не се битни - тие се препрека кон спознанието на божествената искра!
И така е... но тоа го дознаваат оние кои истражуваат и немаат страв од смрт, грев итн итн...

Кроули е единствениот што сам пишувал тоа за што имал искуство за разлика од „следбениците“ кои „запишале“ после 3-4 века од „кажаното“, за да ти сега ми прповедаш она што е запишано! И преку твоето верување и „искуство“ јас и сите други бидеме зло, нашите животи да се празнина, невистина...
Како тоа може воопшто да го замислиш во умот? Да се убедиш дека твоето верување е моја реалност?
Ти не си стапнал на патеката кон божественото, а се дрзнуваш да сатанизираш туѓи патеки бидејќи не е таа во која ти веруваш дека е највистинската патека!

И преку верување ми зборуваш како јас ќе се спасам? Од што да се спасам? Од смртта? Уште плашите луѓе со смртта?
Смртта нема моќ врз мене... нема над никој!
Само треба човек да ја смени перцепцијата и да излезе од стариот еон и да стапне во новиот!

„Времето кое ги јаде своите деца нема моќ над оние кои не сакаат да бидат деца на Времето.
За оние кои се познаваат себеси како бесмртни, кои живеат во вечноста, свесни за Нуит, на нејзиниот престол на кочијата на сонцето, нема смрт каква што луѓето ја нарекуваат смрт.“
- Liber CVI

Следбениците се опасна категорија на луѓе ... претежно упропастуваат се, ако не се посветени.

Вистината е дека секој има свој пат, а тоа не е само христос. Зошто калемење на луѓето да се протнат низ портата на христијанството или исламот?
Едноставно другиот избрал сосема друга патека, непозната и несфатлива за вас - ниту може да се објасни на луѓето кои веруваат дека некој пролеал крв за нив за да тие духовно бидат исчистени.
Седнете разгледајте ги постарите ритуали каде што се употребува вино, крв, земја, леб, бик итн итн... ќе видите дека Христос и „светиот дух“ може лесно да си ги сменат имињата и да се добие нешто сосема друго.... и помалку златни бои во вашите ритуали и voila :)
И старите ритуали немаа ништо со смртта... не постои смрт!
Тоа е лага од минатото... но без работа, има заборав што е пострашна и од самата „втора смрт“ што ја расправате тука вие...

Ми проповедаш за Христос и ме учиш за вашите ритуали? Не можеш да зборуваш за твојата религија како да е полна со факти и како да е сето тоа реалност. Воскреснал... веруваш дека е така бидејќи е запишано? Бидејќи „сведочеле“ следбениците? Можеш да имаш tete-a-tete контакт со божественото над,во или околу тебе - не знам каков ти е концептот? Или божественото никој не го видел ама сите сведочат биејќи паѓаат во екстаза при литургија?

Разбирам дека ја изградивте идејата дека треба спасител, и сега постојано измислувате гревови. смрт и како без Исус (кој пак за муслиманите е само пророк, истиот став го имам и јас, ако реално постоел таков човек а не е измислица собрана од постари митови) и потреба од сето тоа.

Ништо не прославувате вие, не знам од каде тоа... ритуалите ви се тажења и повикување на гревот да лебди над вас „недостојните“ за да потоа чудесно со вино и леб станувате подобри.

Освен што се преставувате јавно како овци, а реално сте волци жедни за луѓе, затоа и се сатанизирате и преставувате како зло, празно и непотребно - јас не гледам ништо добро во христијанството освен религија која ги дели луѓето на верници и неверници.
Тоа е лошо. И не сте само вие...
 
Последно уредено:

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.402
Поени од реакции
4.775

...ќе ми одговориш ли,како е можно да се створи едно верување без да се дискредитира или омаловажува се останато?
...Хепта,Хепта зарем не гледаш дека и ти си нечиј гласноговорник и војник?
...или твоите споредби,етикети и афинитети не ги ставаш над сите останати?
...ако е така,тогаш ќе бидеш едноставно невидлив :)
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Поривот за вечен живот во човекот, цивилизациски го еволуира преку трансхуманизмот како опција за остварување на овој егзистенцијален инстикт преку технологијата, теозофски. Оттука и религискиот карактер и замаглување на протологијата, генезисот..., обеќава, но мене сеуште неможе да ме убеди како вистинско решение и начин на постоење на човекот.
Ценам исто, дека не е ни решение ниту начин, иако сите имаме бенефит од трансхуманистичките достигнувања како алатки ( сега си куцкаме у виртуелен простор како екстензија на физичка комуникација) ултимативно нема да може да најде лек за смрт. Она што ми се чини позитивно, во тој стремеж да се копира свеста прво треба да ја лоцираат што кај многу ќе отвори нови ( стари ) прашања, пред се каде е.
...ќе ми одговориш ли,како е можно да се створи едно верување без да се дискредитира или омаловажува се останато?
Сакав истото да прашам, со подруги зборови. :)
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.141
Поени од реакции
10.151
...ќе ми одговориш ли,како е можно да се створи едно верување без да се дискредитира или омаловажува се останато?
...
Јако прашање...бајаги време ќе му треба на Хепта за да одговори!
:aplauz:
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Ме ставија да контролирам ...
Со ваква реторика и самиот ми делуваш неубедлив во себе, а овде треба на темава да дадеш допринес да понудиш некоја смисла, поента на човекот за животот, постоењето за која сите на свој начин трагаме, и во позитивна смисла на зборот “се убедуваме“.

Кроули е небитен. Исус е небитен, Мухамед е небитен... Каде е Исус? Каде е Мухамед? Каде Дионисиј? Каде е Буда?
Со ова манипулираш и релативизираш, Исус не е во гроб..., до толку знаеш, останативе набројани се во гроб. Клучна разлика! Мене лично ми помага да направам избор во спознанието на Вистината на постоењето. (y)

Воопшто не се заморувам со Кроули, природно од интерес го проучив да видам има ли поента неговото трагање, едноставно нема, лошото е што го затвора човекот, го заробува, а без слобода не може да се исполни човечкиот телос како бог по призив на Креаторот. Повели разубедиме дека грешам, одговори ми го прашањето што ти го поставив за есхатологијата и начинот на постоење, дали сте бесмртни а умирате, те молам без лажна храборст дека смртта ти е сеедна, бла,бла...? Сериозен, конкретен одговор.:)

Објасни го со помош и на цитатов, ако ти е во контекст.

„Времето кое ги јаде своите деца нема моќ над оние кои не сакаат да бидат деца на Времето.
За оние кои се познаваат себеси како бесмртни, кои живеат во вечноста, свесни за Нуит, на нејзиниот престол на кочијата на сонцето, нема смрт каква што луѓето ја нарекуваат смрт.“
- Liber CVI

Ценам исто, дека не е ни решение ниту начин, иако сите имаме бенефит од трансхуманистичките достигнувања како алатки ( сега си куцкаме у виртуелен простор како екстензија на физичка комуникација) ултимативно нема да може да најде лек за смрт. Она што ми се чини позитивно, во тој стремеж да се копира свеста прво треба да ја лоцираат што кај многу ќе отвори нови ( стари ) прашања, пред се каде е.

Сакав истото да прашам, со подруги зборови. :)
Неспорно точно, реален бенефит за човештвото, но како антиципација и да резултира со реализација остануваат сериозни отворени прашања, како симулација на сегашнава антрополошка верзија новата верзија е со куп ограничувања на суптилноста, капацитетот на актуелниот човек прашање е воопшто дали е подобра, преку сингуларитетот на АИ може човекот дури и да стане жртва на своето дело од своите раце и ум....

Свеста би била како што реков само симулација на еден куп алгоритми, информаци постоечки од актуелната верзија, кои и покрај квантитетот на историски, антрополошки емпиризам неможе да го задоволи човечкиот потенцијал како capax infinitum.

Во Христијанската антропологија свеста, умот, волјата и емоциите се метафизичка категорија на човечката душа, која пак е посебен онтолошки слој од кој е составен човекот од својот Создател.
И овој транхуманистички обид за автономно решавање на проблемот со смртта, совршено одговара на потенцијалот на човекот како Боголико( бог по благодат) суштество, кој во Христијанството е изразен преку Божјиот концепт за човекот, создаден по слика, икона, образ на својот Создател.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
...ќе ми одговориш ли,како е можно да се створи едно верување без да се дискредитира или омаловажува се останато?
...Хепта,Хепта зарем не гледаш дека и ти си нечиј гласноговорник и војник?
...или твоите споредби,етикети и афинитети не ги ставаш над сите останати?
...ако е така,тогаш ќе бидеш едноставно невидлив :)
Зошто би сакал верување да се создаде ново?
Што добиваш ти со верување? Мир во душата... толку ви е потребен мир па не бирате начини како до тој мир?

Како се одржуваат старите религии низ вековите? Со проповедање позитивно, споделувајќи исксуства или зборувајќи лошо или искривуваји ја сликата за другите верувања и религии?
Можам да те упатам веднаш на ПРемин портал да видиш сегашни свештеници што пишуваат за учењата од истокот, за исламот итн итн... само „позитивни работи“. Тоа е таа „љубов“.
На хартија, чист романтизам без практична примена во нивните животи. Бидејќи такво е учењето - не може да љубат кога го мразат овој свет.
Барем така пишува во светите книги, кај знам јас тоа... и таму има недоследности и контрадикторности, но света книга не е мудро да се толкува на други.
Не носи ништо добро тоа.

Претходно наназад реков дека јас го правам токму тоа што го прават другите низ годините наназад.
Одамна многупати сум напоменувал дека не може некој да нарекува сатанизам, празно, невистина итн итн нечиј пат што не е ист со христијанскиот или оној на исламот и да се обидува со проповеди и прераскажувања на свети книги да дискредитира работи кои не ги познава реално, ама бидејќи му е силно верувањето тоа прераснало во реалност и искуство.
Лага.
Не сакаат ниту можат да имаат искуство... ден никому не му е забрането со ништо да експериментира.
Само треба волја и човек да дознае од што е направен.

Постојано ќе ве потсетувам: ново време е. Се што ве интересира можете да го истражувате. Тропнете и ќе ви се отвори. Но ако имате страв од другата страна што ќе се отвори - не се ни доближувајте до портата, одминете. :)

Не можам тоа да го „сварам“, да го разберам... потребата да се создава или повторно измислува „сатана“ за се и сешто само за да можеме да проповедаме.
Да убедуваме и со сигурност расправаме за „Создател“, за „богот“, како да е виден, како да се знае дека постои...
Ќе ти каже некој да постои сум го видел... во созданијата. Тоа е вртење во круг. Но тоа ќе треба да го разгледаш во светите книги, како е запишано и во кој контекст.

И постојано Хепта е обвинувам дека дискредитира, етикетира итн итн :) Многу се христијански апологети, а јас сум сам низ годините на форумов... позабележливо е моето етикетирање и постојано потсетување дека токму тие што јас ги напаѓам дека не може со едноставно верување да судат за другите.

Јас велам дека старите религии немаат место во новото време. Истото го потврдуваат и оние од старата религија само што тие додаваат негативен наратив кон сето тоа, како се оди надолу бидејќи со нивните методи претходно било одлично за поединецот, за обичниот човек, не за свештеникот...

Премногу сте навикнати на другите да даваат етикети по се изгледа или сте христијани и не ја гледате раската во окото на христијанинот :)
Автоматски споено мислење:

И Кроули не е во гроб!
Какво е неговото трагање и што има неговото трагање со моето или твоето?
Како не разбираш дека Кроули не ни е репер како да ги правиме нештата...? Може да излезеш од тој меур дека Кроули како човек и како тој живеел не е догма за да мора и друг што ја препознал Телема како метод за свој личен пат да го прави истото?

Телема како Закон (Law) на новото време е Слобода(Liberty), Живот(Life), Љубов(Love) и Светлина(Light) :love:

Што се плашите од телото што ќе умре... ? Нека умре... телото ти е битно да е вечно? Никогаш не било вечно ниту ќе биде...
Толку ги сакате призраците на Земјата и целото ограничување што доаѓа со сето тоа?
Нема потреба.

Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон... подобра смисла за/во животот не знам да ти кажам.
И нормално Љубовта е закон, љубов под волја.

Не можеш мене или јас некому да му кажувам дека смислата на неговиот живот на Земјата е ова или она... дека е Христос, или дека треба да биде Телемит и да обожува не знам како и каде, или да биде муслиман итн итн...

Денес човекот може и МОРА да ја извршува својата волја и ништо друго. Апсолутно спознавање на својот универзум... развивање на внатрешните сили, уредување на својот храм, бидејќи ниту еден бог не сака да се всели во неуреден и нечист храм, нели? :)

Ти прашуваш што после смртта, како со смртта... постојано смртта и плашење и ширење страв... луѓето прво треба да се научат да живеат без страв од богови, луѓе, пари, од самата иднина... потоа смртта ќе им биде како песна која едвај ќе чекаат да ја слушнат :)
Но за тоа мора духовно да зајакнат...

Не е исто да се зборува за боговите и да се бараат истите на својот пат. Голема е таа разлика.
Како знаеме кој човек, која божественост ја носи во себе си? Јас и ти?
Па луѓето самите не знаат за тоа, не пак ние да им даваме смисла и да ги упатуваме, ете наваму... треба само да се учат дека мора да истражуваат и да ја бараат во себе си и смислата и божественоста - другото е магла.
 
Последно уредено:
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.302

За некои работи ми звучиш контрадикторно као да читам микс од секакви религии упакован у нов производ...:)
Не може човек да те фати ни за глава ни за опашка...:)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
За некои работи ми звучиш контрадикторно као да читам микс од секакви религии упакован у нов производ...:)
Не може човек да те фати ни за глава ни за опашка...:)
Тоа е така бидејќи сите религии што ги познаваш или имаш контакт - се егзотерија, а и немаш познавање за Телема и херметиката која ја предаваат Редовите кои го прифатиле Законот на Телема... Религиите се настанати од разните езотериски учења низ светот, а и низ времињата...
Дури и самите религии нерадо создаваат „мистични“ учења бидејќи без тоа не може...
Нема ништо лошо во тоа...
Го имам слушано ова и од други... единствено би те упатил да се занимаваш со проучување на разните учења кои постојат и постоеле низ човештвото...
Не мора да ги студираш, но да се запознаеш доволно со нив за да увидиш дека има нешто... заедничко да не кажам.

Сите се различни навидум, но имаат една нишка која се тркала низ нив и е тешко забележлива за неупатениот трагач :)
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.402
Поени од реакции
4.775
...километарски текстови полни со зборови кои не даваат ниту еден сигнал на љубов,на чувства,на спокој.Нешта без кои човекот неможе да се нарече себеси како човек
...најубавите мудрости што допираат до самата срж на човекот се едноставни и кратки,но затоа полни со љубов и мудрост.Имаат моќ и се шират низ човештвото со несопирлив интензитет
...во моментов ми дојде само онаа од Исус :"Прости им татко,незнаат што прават" :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
"Thy name is Death, it may be, or Shame, or Love.
So thou bringest me tidings of the Beloved One, I shall not ask thy name."
- Liber LXV, Liber Cordis Cincti Serpente
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Native American Ten Commandments

  1. Treat the Earth and all that dwell therein with respect
  2. Remain close to the Great Spirit
  3. Show great respect for your fellow beings
  4. Work together for the benefit of all Mankind
  5. Give assistance and kindness wherever needed
  6. Do what you know to be right
  7. Look after the well-being of Mind and Body
  8. Dedicate a share of your efforts to the greater Good
  9. Be truthful and honest at all times
  10. Take full responsibility for your actions
:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom