Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
* Би било фино да се обидете да не се вреѓате.. Глуп, поглуп и разноразни епитети не можат да бидат употребувани како дел од било каква дискусија.
А твоето его баш за инат нема да ја слуша вистината но знаеш потајно што значи вакцината - блокада на еволуцијата.
Би било фино исто така вакви теории на заговор да се бришат од темава, исто како рамноземљашките...
 
Би било фино исто така вакви теории на заговор да се бришат од темава, исто како рамноземљашките...
Верувај дека се трудам да тргнам се што е офтопик.. Верувај и дека е многу тешка задача. Слободно пријавувајте се што сметате дека е надвор од темата.
п.с. Ако не ви се допаѓа мислењето или не се сложувате не значи и дека е надвор од темата.
 
Слушај кај нас антиваксериве нема трте мрте, ние за промили се расправаме. :D

Море не кажа ништо за бројките од предминатата недела?
25% вакцинирани заразени
18% вакцинирани умрени

Минатата недела веќе имаме
31% вакцинирани заразени
16% вакцинирани починати

Прегледај го приврзокот 308333
Зошто само глеаш процент на заразени вакцинирани?Зошто не си го прошириш хоризонтот на размислување и да идеш у правец 25 % од заразените пред 2недели биле вакцинирани а сега кај починатите се само 16%,плус кај вакцинираните просечната возраст е барем 15-20 години поголема.Очигледно е дека вакцините штитат колку толку од смрт ако не веќе од заразување.
 
Сакаш да кажеш фрли солиден амаунт на кеш у вода?
Не, еве ќе земам два суплементи за кои сум апсолутно сигурен. Д3 и магнезиум....За Д3 то нема потреба да се зборува, еве за магнезиум. Ја го користам и им давам на моите, кога редовно го користам немам апсолутно никакви проблеми со грчење на мускули и запалење а играм фудбал секој ден по 1,5 саати , бенефит осетиле и моите. Значи суплементите имаат ефект во апсорбција преку мое искуство како и ефект на телото...можам да редам милион студии ама еве колку за да стане појасно една публикација.
 
Зошто само глеаш процент на заразени вакцинирани?Зошто не си го прошириш хоризонтот на размислување и да идеш у правец 25 % од заразените пред 2недели биле вакцинирани а сега кај починатите се само 16%,плус кај вакцинираните просечната возраст е барем 15-20поголема.Очигледно е дека вакцините штитат колку толку од смрт ако не веќе од заразување.

Не разбираш а?

Сакам само да посочам дека нема бегање од резултатите во Израел во јули, кога стасаа до 60% сериозно хоспитализирани и 45% умрени вакцинирани.

Тоа е статистиката, тоа е науката.

Еве ги богативе универзитети, 95% вакцинирани и наставен кадар и студенти и сепак се префрлија на онлајн настава.

Глупаво е ова.

 
Зошто само глеаш процент на заразени вакцинирани?Зошто не си го прошириш хоризонтот на размислување и да идеш у правец 25 % од заразените пред 2недели биле вакцинирани а сега кај починатите се само 16%,плус кај вакцинираните просечната возраст е барем 15-20 години поголема.Очигледно е дека вакцините штитат колку толку од смрт ако не веќе од заразување.
Фала богу,нормален пост конечено некој да пише на темава
 
Би било фино исто така вакви теории на заговор да се бришат од темава, исто како рамноземљашките...
Не се нервирај, теориите кои ти ги пласирам се исто толку неверојатни како и официјалниот наратив дека у пентагон одлучиле да ти ја кажат вистината, како и дека вирусот е од лилјак, проблемот е кој во што одбира да верува.
 
Зошто само глеаш процент на заразени вакцинирани?Зошто не си го прошириш хоризонтот на размислување и да идеш у правец 25 % од заразените пред 2недели биле вакцинирани а сега кај починатите се само 16%,плус кај вакцинираните просечната возраст е барем 15-20 години поголема.Очигледно е дека вакцините штитат колку толку од смрт ако не веќе од заразување.
Тоа дека штитат од смрт е јасно, дискутираме оправданоста некого друг да тераш да се вакцинира кога веќе и сам кажа, не штитат од заразување.
 
Дали тука има некои интелигентен останат што знае да дискутира без очајно да вреѓа доколку другите не го прифатат неговиот став????
Сите си имаат право на свое мислење, за или против вакцина! Тоа не значи дека ако му кажеш глуп, идиот, кретен дека магично ќе му го смениш мислењето. Убедувајте се на нормален начин, секој со своите факти, какви и да се и од кај и да се.
Секој нареден член што ќе употреби навреда оди на одмор, овој пат ќе е подолг од недела дена


Пријатна дискусија
 
Тоа дека штитат од смрт е јасно, дискутираме оправданоста некого друг да тераш да се вакцинира кога веќе и сам кажа, не штитат од заразување.

Штитат од хоспитализации. Наместо да ги полнат болниците и да гинат живи во модуларни, ќе си седат дома асимптоматски.
 
Штитат од хоспитализации. Наместо да ги полнат болниците и да гинат живи во модуларни, ќе си седат дома асимптоматски.
Значи на тоа се сведе работата, не сузбивање на заразата туку да не ги полнат болниците. Уште па да не горат живи, ко да се луѓето криви што не се вакцинирале и гореле живи таму а не дебилот кој ги напраил тие болници :pos:
 
Дали тука има некои интелигентен останат што знае да дискутира без очајно да вреѓа доколку другите не го прифатат неговиот став????
Сите си имаат право на свое мислење, за или против вакцина! Тоа не значи дека ако му кажеш глуп, идиот, кретен дека магично ќе му го смениш мислењето. Убедувајте се на нормален начин, секој со своите факти, какви и да се и од кај и да се.
Секој нареден член што ќе употреби навреда оди на одмор, овој пат ќе е подолг од недела дена


Пријатна дискусија
Темава е преплавена од антиваксери кои сеат лажни вести, страв и параноја. Темава го отежнува вакциналниот процес во државава, на Редит и Фејсбук почнаа да ги казнуваат анти-ваксерите и нивните штетни мислења подгреани од лажни вести...

А самата ти како модератор не те интересира од каде доаѓа изворот, колку само да се имало 'здрава дискусија'?

Темава е штетна за целокупното здравје и функционирањето на државава затоа што е запоседната од штетни ликови кои сеат лажни вести. Скоро и сите про-ваксери да ја напуштија ама вие се грижите да немало навреди :pos:
 
Еве и доктор кај нас се согласува со мене. Кој има тестирано мешање на вакцини?

@Aceso дали би мешала вакцини? Дали ќе примиш трета доза? Му веруваш на Филипче?

 
Темава е преплавена од антиваксери кои сеат лажни вести, страв и параноја. Темава го отежнува вакциналниот процес во државава, на Редит и Фејсбук почнаа да ги казнуваат анти-ваксерите и нивните штетни мислења подгреани од лажни вести...

А самата ти како модератор не те интересира од каде доаѓа изворот, колку само да се имало 'здрава дискусија'?

Темава е штетна за целокупното здравје и функционирањето на државава затоа што е запоседнаа од штетни ликови кои сеат лажни вести. Скоро и сите про-ваксери да ја напуштија ама вие се грижите да немало навреди :pos:
Кажи ми, сериозно мислиш дека можеш да им го смениш мислењето на тие луѓе?
 
Кажи ми, сериозно мислиш дека можеш да им го смениш мислењето на тие луѓе?
Не можеш ама можеш да постапиш како Редит и Фејсбук... Секој има право на свое мислење ама и за последиците од тоа, па така ако ширел лажни вести може да му биде забранет пристапот...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom