Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Ау... ЛДП и ДОМ две групички, кои во принцип обезбедуваат директорски места, вработувања и било какви привилегии за неколку семејства. Помладите таму се деца на поранешни (а и сегашни) функционери.

Сите им се смеат али ЛДП и ДОМ биле подолго на власт и од СДС и од ДПНЕ. Единствено е прашање колку сериозно ќе решат да ги истераат изборите.
 
Перо Камиказа ќе победи во Скопје
Сите им се смеат али ЛДП и ДОМ биле подолго на власт и од СДС и од ДПНЕ. Единствено е прашање колку сериозно ќе решат да ги истераат изборите.
Многу они придонесоа со тоа што биле на власт, него обични паразити што живеат на буџетот со години.
 
Перо Камиказа како избор на Левица само ми ја потврди неозбилноста. Не ги коментирам другите ни па споредувам. Али како најнадежна 3та опција во подем, да искочиш ти со Перо Камиказа, е у најмала рука дилетантски.

Перо неозбилен бил,а Шилегов е академик :LOL:. Од кафана не искача алкохоличар,цигла нема ставено,му смета тоа што некој друг направил па ќе рушел наркоманот.
Ама битно озбилен а Перо е дилетант :pos: Мајко моја..
 
Колку се несериозни и некреативни во поглед на политичкиве пропаганди и реклами. Шилегов направил спот каде што помага на некој човек што му испаднал ланецот односно синџирот од велосипедот, претходно Мицкоски се глупираше дека бил мајстор во реклама на претходните избори. Наместо да учат како не треба, тие копираат рекламни спотови од опозицијата кои се тотално промашување. :facepalm:
 
Нема занаетчии више. Не можеш нигде да најдеш мајстори за ништо. А тие што ќе ги најдеш, боље да не си ги нашол. Све отишло кај што се плаќа и живее.

Зато они така у спотовите.
 
Перо неозбилен бил,а Шилегов е академик :LOL:. Од кафана не искача алкохоличар,цигла нема ставено,му смета тоа што некој друг направил па ќе рушел наркоманот.
Ама битно озбилен а Перо е дилетант :pos: Мајко моја..

Не е Перо дилетант, Апасиев е. Ако стигнав у Левица да гледам помало зло од сдс и вмро, тури му курот.
 
Што бе не дава одговори Данела на новинари, и уште не почнала кампања она веќе со подочњаци до колена?! :D Ааа слабо разочаран сум
 
Речиси ниеден опозициски портал и медиум не го спомна Митко Јанчев и неговиот почеток на кампањата, за на пример тоа да го направи провладиниот Фокус.

Антинио Милошоски нареднил некој фејсбук пост каде ги набројал поголем дел од кандидатите нивни, повторно без да го спомне Јанчев.

Ептен „сесрдна“ подршка за нивниот кандидат, како што кажав пред некој месец, офицјалната кандидатура беше од немајкаде, чисто за да формално, како и во 2017 година кажат дека го добиле Кавадарци, иако на терен само еден човек може да биде власт во градот и влијанието на раководството од Скопје ќе биде минимално, бар додека оваа влада трае.
 
Ја гледав вчера дебатата на Телма помеѓу кандидатите за градоначалници на Аеродром и ги извадив следниве заклучоци:
- Билјана Аврамовска-Ѓореска: солидно претставување и говор, ми фати око и да не беше кандидат од ДОМ-ЛДП можеби ќе ја гласав
- Тимчо Муцунски: убедливо најдобар настап, но од километар се гледа дека дечкото е преквалификуван за позицијата, далеку посоодветен би бил како министер за надворешни работи или нешто слично
- Александар Филиповски: изгубен во простор и свемир, ако овој е најдобриот што СДСМ може да го понуди за Аеродром - црно им се пишува (што мене ме прави среќен, нормално :))
- Весна Кираџиева: не толку убедливо претставување како Билјана, но повеќе од доволно за кандидат на Левица да гласам за неа. Плус, како спортист сигурно би имала во план Аеродром да ја направи уште поспортска општина.
- Миле Петковски: "битно е да се учествува". Ептен не му беше местото на дебатата, не знам зошто воопшто е кандидат за градоначалник...

Значи заклучок, дефинитивно ќе гласам за Весна, со тоа што ако има втор круг и не влезе она - за Тимчо. Очекувам СДСМ да изгубат тешко на овие избори во Аеродром, а Левица дури и да не победи за градоначалник да има значаен број на советници, што пак би значело дека наредните 4 години би биле убави за Аеродром.
 
Последно уредено:
Ја гледав вчера дебатата на Телма помеѓу кандидатите за градоначалници на Аеродром и ги извадив следниве заклучоци:
- Билјана Аврамовска-Ѓореска: солидно претставување и говор, ми фати око и да не беше кандидат од ДОМ-ЛДП можеби ќе ја гласав
- Тимчо Муцунски: убедливо најдобар настап, но од километар се гледа дека дечкото е преквалификуван за позицијата, далеку посоодветен би бил како министер за надворешни работи или нешто слично
- Александар Филиповски: изгубен во простор и свемир, ако овој е најдобриот што СДСМ може да го понуди за Аеродром - црно им се пишува (што мене ме прави среќен, нормално :))
- Весна Кираџиева: не толку убедливо претставување како Билјана, но повеќе од доволно за кандидат на Левица да гласам за неа. Плус, како спортист сигурно би имала во план Аеродром да ја направи уште по-спортска општина.
- Миле Петковски: "битно е да се учествува". Ептен не му беше местото на дебатата, не знам зошто воопшто е кандидат за градоначалник...

Значи заклучок, дефинитивно ќе гласам за Весна, со тоа што ако има втор круг и не влезе она - за Тимчо. Очекувам СДСМ да изгубат тешко на овие избори во Аеродром, а Левица дури и да не победи за градоначалник да има значаен број на советници, што пак би значело дека наредните 4 години би биле убави за Аеродром.
Миле 90% од времето го потроши во објаснување дека е кум на фамилијата на Тимчо, остатокот беше неразбирливо мрлање ко пред коперација :) Не им кажал ни некој дека не е битно само да се учествува бе? :(
 
Од која партија е овој Миле? Вртев по тв, на крај фатив само. Пресмешен лик, класика маалски став имаше на пултот, му фалеше билтен и еспресо со кока кола.
ТМРО , партијата на ВАНЧЕ :LOL:
 
Оваа Данела уште не ни станала нешто, со пет пара обезбедување, возачи, службени коли... браос бе.
Баш вакви ни "фалат" у државава на битни позиции.
Како ми изгледа оваа само на крената, и умислена дека е некој фактор. Па и со само-фалењата од пред некој ден...
Полош избор амин, златен Коце си го имаа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom