powered by Trendolend
off.net.mk
Обвинетиот Авдиљраман Ајвази, алијас командант Тануша не се појави на закажаното рочиште во Основниот суд во Куманово на 13 септември, на кое му се суди за убиство.
Прво беше уапсен од болница односно од Клиниката за неврологија, потоа спроведен во затворот во Идризово за издржување на казна затвор од 20 години за убиство,
па пуштен на слобода, но задолжен дека мора да се појавува на закажаните рочишта. Но, наместо Тануша, на рочиштето се појавил неговиот адвокат со парче хартија во рака на кое пишува дека неговиот клиент е болен. Од Основниот суд во Куманово за МКД.мк велат дека добиле лекарски извештај во кој се вели дека обвинетиот е на боледување.