Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.998
Мислам дека најфер е невакцинираните да управуваат со општеството. Замисли разум и рационалност, пред став и гнев. Ќе зацвета општеството. Нема да има мерки, ќе има само листа на препораки, нема да има санкции, нема да има медиумска пропаганда за Ковидот и ќе се стави крај на пандемијата (која е политичка одлука, да не заборавиме). Животот ќе се врати во нормала.Ако, а Тролејката со кој е капл, СкимСкам или некој од Алфа Кентаури?
Од друга страна читај ја темава. Homo homini lupus est! Посакуваат острови, логори, затвори, смрт, се закануваат и навредуваат, а дел од нив имаат и чудни фетиши!
Но...ние сме управувани од манипулатори кои тераат агенда. Кога ќе наидат на отпор, посебно сега пред избори, немаат решение како да го згаснат отпорот и пласираат вести како "зголемен е бројот на млади во Ковид центрите", "се полни клиниката во Козле" или со пароли и плакати од времето на комунизмот со машата пробуваат да ја разгорат националната свест.
Дел живеат 50 години назад во времето, режим кој насмеани, среќни, весели и ведри, само што не полетавме од среќа, со излезност од 75% од кои 95% гласаа За, го напуштивме.
Дел живеат во некој свој прџ сон каде се замислуваат како чувари на општествениот поредок. Како лиценцирана патрола која смета дека поединецот тргнал во погрешна насока и имаат света должност да го врати назад на шините. Редарска служба на општествениот морал. Само ги промашиле фактите.
Моите години не се битни, од моите врсници само еден беше во болница, иако ништо посериозно. Другите сите или со благи симптоми или без симптоми. Самиот одлучив дека нема да се вакцинирам, макар бил и статистичка грешка. Зошто? Веќе доволно пишував за тоа.
А ова што го прават они, е чисто илустративно што ни се случуваше во државава 30 години, и никој не мрдна со прст да се реши макар еден единствен проблем. Не било до нив! До секој од нас е додека имаме право на глас. Системот е расипан, корумпиран, трул. Системот е огледало за народот. Ако нема интерес во самиот систем, ќе нема интерес ни кај самиот народ да се реши било кој проблем.
пи.ес. Ако оваа вакцина стане задолжителна, ќе формираме религија на чело со богот Антивакс. Мора да му се парира на Асклепиј. Можеме и да му принесеме жртва, девица секако, пример Рон.