Не сме евреи да ми одговараш со прашање
Епа не е баш како каубојот ситуацијава, драстично е помал бројот на хоспитализации кај вакцинирани, исто и смртните случаи се неспоредливи.
Кој е изборот? Секогаш некој ќе профитира на тебе. Еве на антиваксерите ќе профитираат повеќе овие со погребална опрема, или ако тие наши се?
Учен човек си, не си прави бајрам со умот, чаре нема и тешко да има во следните месеци. Со вакцинацијата еве голем број од земјите почнаа да функционираат во некаква си понормална форма.
Инаку ако навистина сте толку самоуверени ајмо сите на улица и палете редум од влада па се накај Рекорд. Со дискутирање на форуми мерките нема да се сменат.
Ајде вака, знам дека ти иде математиката па да видиме.
Претходниот бран што го имавме, немавме вакцинирани, немавме модуларни болници имавме по 2000К заболени на ден, смртноста беше процентуално помала од сега. Значи болничките капацитети беа исполнети.
Сега имаме модуларни болници, чиишто капацитети се исполнети (значи поголема хоспитализација и во проценти и во бројки) , имаме околу 1000К заболени на ден а смртноста е речиси процентуално дупло од претходниот бран.
Ајде да се оставиме на страна ние, да видиме во Израел што се случува. Тие со една вакцина во статистиката ги водат како невакцинирани, тие што ја примиле втората доза и не поминале 14 дена, пак ги водат за невакцинирани во статистиките. Дали уште мислиш дека е драстично помал бројот на хоспитализации кај вакцинираните. И интересна работа е што во Израел за разлика од претхиодниот бран, овој бран имаме повеќе заболени, повеќе хоспитализирани и повеќе мртви, а 70% од населението е вакцинирано. Како помогнала вакцинацијата во Израел, за исчезнување на пандемијата ?
Јас разбирам да се вакцинираат загрозените, тие што имаат коморбитети. Но не разбирам зошто се тера перфидна кампања да се вакцинираат сите, па и тие кои стекнале природен имунитет. Бу разбрал, доколку вакцинацијата би придонела до искоренување на пандемијата. Но фактот кажува дека и вакцинираните го пренесуваат вирусот, и вакцинираните се разболуваат и умираат од вирусот, прашање е само во методото на статистиката во колкав процент. И втора работа вакцината има временски ограничено дејство.
Значи вакцинацијата нема како да допринесе до нормализација на состојбата, едноставно нема како да придонесе до исчезнување на пандемијата.
Значи пак ќе кажам, моето лично мислење не е против вакцината, само не можам да ги проголтам перфидните профитерски игри кои се играат околу ова.
А што се однесува до протестирање, јас сум рекол 100 пати, најгласни се будалите. Протестот е нешто најнепродуктивно во целата оваа ситуација. Ќе им даде на луѓето уште повеќе причини да го стишат критичкото размислување.
ПС,
Ти почна со прашања како одговори, јас само продолжив со исто ниво.