Македонска берза

Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Може ли некој да постира бид аск за Алкалоид и Комерцијална
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Толку од надолниот тренд. Таман се израдуваа овие антиИндексирантиве. Тука некаде со црвено е краткорочниот циклус. Еве и да грешам, од следен петок па натака ќе се осети преку купувањата до кај се извештаиве за Q3.
 
Attachments

Член од
7 септември 2018
Мислења
297
Поени од реакции
402
Ќе беше убаво ако некој од прогнозерите каже однапред "На тој и тој ден цените ќе паднат и ќе можеш да си докупиш ефтино". Да знае човек да си чува пари во резерва.
 
Wau

Член од
5 јули 2021
Мислења
55
Поени од реакции
62
meme2.jpeg

Еве бе друже, јас ќе бидам тој што ќе ти прогнозира точен датум. За акцијата на КМБ наредна година кога ќе најават конкретен датум ,, Последен датум на тргување со право на дивиденда' за 2021''.
Е на тој датум направи налог Sell некаде накај 12:00 часот на највисока можна цена. Овие похлепниве ќе купуваат тогаш што и да им лицитираш, дивиденда е емотивно средство. Со парите од продажба купи си наредни два дена ефтинарија акции колку сакаш.
 
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66
Јас сторив така годинава, па зажалив. Ем без дивиденда, ем после една недела допре 11 000

Ова беше привремено поместување, го допре дното, сега ќе се стабилизира .... по објавување на кварталните, ќе се вратат по старо
 
Епа не ти била атрактивна дивидендата. Кога е солена таму има емоции. Претпоставувам со овие 11к за АЛК станува збор. Како да манипулираш со 200 денари дивиденда.
 
Комерцијална, годинава .... убава беше дивидендата, ама сметав дека акцијата се пренаду во 6 месечното исчекување на дивидендата .... како што еднаш кажав, инстинкт е во прашање, некако тешко можиш било кој тренд да го објасниш .... значи ќе речам дека не ме послужи инстинктот, а не дека не ги израчунав добро некои сознаниа, бидеќи и ги немав
 
Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
342
Поени од реакции
333
На многу луѓе сега добро би им дошол еден огромен дип, но мислам дека МСЕ ја подигна границата до ниво да е речиси неверојатно индексот да се спушти под 5000. Без разлика на финансиските перформанси, не верувам дека така лесно би се повлекле милионите вложени во КМБ, АЛК итн. и тоа за цена многу пониска од онаа за која се купени.
 
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66
Што би рекле у 2007: кафекуварките распродаваат, а цврстите раце мудро докупуваат
Така е, ама велат парата се лепи на лесната пара .... многу полесно ќе ризикуваш лесно заработена пара.

Плус тоа беа луѓе што со своите пари го диктираа трендот, добро информирани за движењата.

Ние овдека сме инвеститори што сакаме да се фатиме на тој тренд. Ако некој заштедил 10 000 евра за 5 години, дуплирање на портфолиото и те како е добра зделка.

Не дека се препознав во кафекуварка, него секоја зделка е успешна или не, релативно, за кој како .
Кога ги купив КБ погодив, кога ги продадов малку утнав, но на крај, замене тоа беше успешна трансакција.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom