Дечки не е снукер, но деновиве на Спорт клуб 3 одат преноси од билијард.
Се работи за еден од најпрестижните турнири, првенството на САД во билијард.
И интересно е што и Џад Трамп еден од најдобрите снукер играчи во последните неколку години, и тој се натпреварува на овој билијард турнир. Веќе помина први две рунди, утре игра во 3 рунда на турнирот.
Овој билијард турнир се одржува во Американскиот град Атлантик Сити.
Преносите на Спорт клуб 3 се одвиваат во две сесии: од 16:00 и од 22:00 по средно Европско време.
Џад Трамп по стапките на Рони О' Саливен, Марк Селби, Алекс Хигинс, Стив Дејвис и уште неколку снукераши се префрли на кратко од зелената на сината маса.